Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Советот на ЈО остана без кворум и го одложи мислењето за Коцевкси

by Уредник
26.03.2025
in Uncategorized
Советот на ЈО остана без кворум и го одложи мислењето за Коцевкси

Ден по најавата на премиерот Мицкоски дека ќе се стопира постапката за разрешување на Коцевски, за да се овозможи време за обвинителите да работат на предметот за трагедијата во Кочани, Советот на јавни обвинители остана без кворум кога требаше да се издаде мислење за предлогот на државниот обвинител.

Генералниот секретар на Советот на јавни обвинители ги информираше новинарите дека седницата е одложена, а претседателката на Советот, Душица Димитриевска, зад камерите објасни дека утрово дознала дека тројца членови нема да присуствуваат поради здравствени и семејни причини. Според неа, не се работи за никакво тактизирање или скриена позадина, туку тоа што се случило е случајно, односно отсуството на членовите се совпаднало со моментот кога требало да се даде мислење за владиниот предлог за разрешување, по најавата на Владата да го повлече предлогот.

Седниците на Советот ги следат не само новинарите, туку и невладините организации. Коалицијата „Сите за правично судење“ го оцени како проблематично однесувањето на Советот на јавни обвинители, истакнувајќи дека ако отсуството на членовите било претходно најавено, тоа требало да биде констатирано на седницата и официјално да се објави на веб-страницата на Советот, заедно со причините за одложувањето.

Законскиот рок за да се даде мислење за предлогот за разрешување е до 3-ти април, а Советот за сега не добил официјално известување од Владата дека ќе биде стопирана постапката за разрешување на Коцевски. Од Владата велат дека и со мислењето на Советот, постапката ќе биде прекината.

Коцевски беше подложен на постојани критики од страна на властите, особено од премиерот Мицкоски, кој тврдеше дека тој работел неефикасно, правел професионални грешки и го нарушил угледот на обвинителството. Меѓутоа, по трагедијата во Кочани, реториката на премиерот се промени и го пофали обвинителството за соработката со МВР во истрагата. Некои експерти ја оценуваат оваа тактика како уцена и порака до Коцевски.

Next Post
Бил Гејтс: Само овие три професии нема да бидат заменети од вештачка интелигенција

Бил Гејтс: Само овие три професии нема да бидат заменети од вештачка интелигенција

Шефот на НАТО испрати сериозна порака до Русија: Ако ја нападнете Полска, последиците ќе бидат разорни

Шефот на НАТО испрати сериозна порака до Русија: Ако ја нападнете Полска, последиците ќе бидат разорни

Препорачани Вести

Евростат: Албанија предводи во намалувањето на населението на Западен Балкан

1 month ago
Турција со нов закон за туристите: Доколку го направите ова, следи казна! Спас од некултурните туристи!

Турција со нов закон за туристите: Доколку го направите ова, следи казна! Спас од некултурните туристи!

9 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.