Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за петок – 29 март

Published

on

ОВЕН

Денес е поволен ден за оние кои се ангажирани во приватен бизнис, со можност за зголемување на приходите. Подготвени сте да донесете важни одлуки и сериозно размислувате за иднината на љубовен план. Воопшто се чувствувате добро.

БИК

Денес чувствувате презаситеност од секојдневието на работното место и се плашите да направите промена. Може да се случи да запознаете некоја личност од вашето хороскопско поле и да воспоставите добра комуникација. Вашите синуси се чувствителни.

БЛИЗНАЦИ

Задоволни сте од својата актуелна ситуација на работа, особено кога станува збор за финансиите. Вашите напори почнуваат да се исплаќаат и уживате во резултатите. На љубовно поле не се очекуваат големи промени. Внимавајте на хормонската рамнотежа.

РАК

Вашите големи очекувања може да доведат до разочарување. Обидете се да погледнете на ситуацијата со пореални очи. Вашата љубов кон партнерот е толку силна што сте подготвени да направите големи промени. Можни се проблеми со мигрена.

ЛАВ

Овој ден не е погоден за нови предизвици. Препорачливо е да ги одложите некои планови за подоцна. Ќе се заинтригирате од една личност која нема да ви возврати исто. Можни се проблеми со циркулацијата.

ДЕВИЦА

Конечно, доаѓа време за позитивни промени. Можеби ќе добиете неочекувана помош за решавање на проблемите. Силна личност со самодоверба ќе покаже интерес за вас. Денес се чувствувате одлично.

ВАГА

Полека започнувате да напредувате на работното место. Ако продолжите со трудот, унапредувањето ќе биде на дофат во наредните месеци. Сакате стабилна и јавно признаена врска. Ви е потребна масажа за релаксација.

ШКОРПИЈА

Денес ќе имате многу обврски, но и многу енергија, што ќе направи денот продуктивен и успешен. Уживате во флертувањето и кратките авантури, но не сте подготвени за сериозни врски. Препорачливо е да се занимавате со спорт.

СТРЕЛЕЦ

На работа ве очекуваат некои напнати ситуации и недоразбирања со соработниците. Обидете се да останете смирени! Решивте дека повеќе нема да ги криете своите чувства и ќе разговарате со партнерот. Можна главоболка.

ЈАРЕЦ

Подготвени сте да направите големи промени и активно ги иницирате. Имате чувство дека долго сте трпеле нешто што ви пречи. Постојат препреки помеѓу вас и личноста која ви се допаѓа. Ви е потребна масажа за опуштање.

ВОДОЛИЈА

Се наоѓате на крстопат кога станува збор за кариерата и свесни сте за сите предности и маани на различните опции. Поминувате убав ден со партнерот, исполнет со убави моменти кои ќе останат во вашето сеќавање. Водете сметка за здравјето на црниот дроб и бубрезите.

РИБИ

Денешниот ден нема да ви донесе големи промени. Обидете се да ги намалите своите очекувања и да ја прифатите актуелната ситуација. Партнерот покажува недоверба и тоа го ограничува вашиот однос. Чувствувате стрес и вознемиреност.

Магазин

ФОТО: Доколку го забележите фломастерот, имате подобар вид од 90% од луѓето

Published

on

Ваквите визуелни предизвици се базирани на едноставен концепт – да се пронајде скриениот предмет во што пократок временски рок. На прв поглед, изгледаат лесно, но често бараат голема внимание, концентрација и остро око.

Оваа фотографија неодамна привлекла внимание на Reddit, а прикажува простор полна со детелина. Сепак, еден детал ја прави поинаква.

Сериозен предизвик

Имено, авторката открива дека нејзината ќерка си играла на ливадата кога испуштила зелен фломастер. Се обидела да го најде, но тој се вклопил во околината толку добро што потрагата не била лесна.

Таа одлучила да направи фотографија и да зададе сериозен предизвик. Пронајдете го фломастерот во најкраток можен рок!

Многумина признаа дека се откажале, бидејќи не успеале да го најдат, додека малкумина после внимателно и подолготрајно гледање го лоцирале фломастерот.

Важно е да се нагласи дека без зголемување на фотографијата, речиси е невозможно успешно да се изврши задачата.

Имаме решение Ако не сте успеале да го најдете, еве РЕШЕНИЕ.

Погледнете ја десната страна на фотографијата, покрај работ, каде се наоѓа делот со пократка трева, а веднаш до него е и познатиот фломастер. Неговото бело капаче само малку ѕирка од тревата.

Continue Reading

Магазин

Два клучни моменти кои го најавуваат крајот на врската: Во овие моменти, нема спас

Published

on

Иако многу раскинувања на прв поглед изгледаат како неочекувана одлука, реалноста често е поинаква.

Според новото психологшко истражување, постојат два клучни моменти во развојот на врската кои можат да го предвидат нејзиниот крај – и тоа многу пред самото раскинување.

Психолозите Јанина Бухлер и Улрих Орт ги анализирале податоците на повеќе од 11.000 лица на возраст од 12 до 21 година. На основа на овие податоци, откриле како падот на задоволството во врската почнува години пред раскинувањето, а одлуката за ова најчесто не е неочекувана, барем не за оној кој ја донесува.

Според истражувањето, врската се распаѓа во две клучни фази:

Предзавршна фаза

Според психолозите, оваа фаза започнува рано и може да трае години. Во текот на оваа фаза, партнерите постепено губат задоволство од врската, но уште постои простор за промени и подобрувања.

Токму во оваа фаза има најголема шанса за спас на врската – ако двете страни се свесни дека нешто се случува.

Завршна фаза 

Оваа фаза започнува кога парот ќе се најде на “точката на пресврт” – моментот кога задоволството нагло паѓа, а емоционалната дистанца станува изразена. Фазата може да трае од 7 до 28 месеци, а по неа врската најчесто се завршува.

„Кога парот влегува во завршната фаза, раскинувањето е речиси неизбежно“, објасни Бухлер. Таа додаде дека оваа фаза постои само кај оние кои на крајот се разделуваат – не постои кај оние кои остануваат заедно.

Интересно е што, според неа, двајцата партнери не поминуваат низ овие фази истовремено. „Тој кој раскинува најчесто веќе подолго време чувствувал незадоволство, додека другиот тоа го забележува подоцна.“

„Партнерите не раскинуваат од ден во ден, туку поминуваат низ низа фази кои ги оддалечуваат емоционално. Важно е да се препознаат тие обрасци за да се реагира навремено“, истакна Бухлер.

Што да се направи?

Ако се препознавате во овие фази, психологијата советуваат дека најважно е да не ги игнорирате знаците.

„Токму во првата фаза, додека не е премногу доцна, можно е да се направат промени, да се разговара отворено и да се обиде да се спаси врската – ако тоа го сакаат и двете страни. Зашто, кога еднаш ќе влезете во завршната фаза, нема враќање“, нагласуваат.

Continue Reading

Магазин

Дневен хороскоп за вторник – 1 април

Published

on

Овен

Денес ќе почувствувате прилив на енергија и решителност. Одлично време за започнување нови проекти или завршување на одложени задачи. Во личен план, ќе имате пријатно изненадување.

Бик

Денес многумина од вас ќе добијат неочекувани новости од блиски или колеги. Бидете подготвени за промена и обидете се да се адаптирате на новите околности. Ова нема да ви биде тешко.

Близнаци

Денот е поволен за комуникација и воспоставување нови контакти. Вашите комуникациски способности ќе ви помогнат да решите долготрајни недоразбирања и да го зајакнете односот со важни луѓе.

Рак

Денес е добро да се фокусирате на постигнување на вашите професионални цели. Вашиот труд и истрајност наскоро ќе бидат забележани и ценети од раководството. Очекувајте значително зголемување на приходите.

Лав

Денес ќе бидете исполнети со креативна енергија и инспирација. Искористете го денот за да ги реализирате своите креативни идеи и да најдете нови извори на радост.

Девица

Ова е ден за внимание на вашето опкружување и односите со вашите најблиски. Можеби е време да ги решите натрупаните разлики и да ја обновите хармонијата.

Вага

Денот е поволен за зајакнување на личните врски. Добро е да бидете попријателски настроени и внимателни кон потребите на вашиот партнер. Обидете се да ги разберете неговите ставови и не бидете себични.

Скорпија

Преку денот избегнувајте брзи одлуки и импулсивни потези. Внимателно размислувајте пред да дејствувате за да избегнете можни компликации. Медитацијата ќе ви помогне да го пронајдете мирот.

Стрелец

Денес вашата енергија и ентузијазам ќе ви помогнат да започнете нови проекти. Не се плашете да излезете од вашата зона на удобност и да пробате нешто ново. Ова е патот до успехот.

Јарец

Денес можете да почувствувате зголемена чувствителност и емоционалност. Обидете се да останете мирни и не земајте ги ситните проблеми премногу сериозно. Не правете голема работа од мали работи.

Водолија

Денес ќе имате интересни социјални интеракции. Бидете отворени за нови познанства и идеи. Овие можат да доведат до неочекувани можности.

Риби

Доверете се на вашата интуиција и внатрешен глас. Ќе бидете особено чувствителни на светот околу вас, што ќе ви помогне да донесете вистински одлуки.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк