Connect with us

Македонија

Дванаесет членки на ЕУ изразија подготвеност за финансирање на Радио Слободна Европа

Чешката иницијатива за обезбедување средства за финансирање на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РЛ) по одлуката на САД за повлекување на финансиската поддршка за медиумот, досега ја поддржаа 12 земји членки на ЕУ, информира чешкиот министер за Европската Унија, Мартин Дворжак.

Чешката иницијатива за обезбедување средства за финансирање на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РЛ) по одлуката на САД за повлекување на финансиската поддршка за медиумот, досега ја поддржаа 12 земји членки на ЕУ, информира чешкиот министер за Европската Унија, Мартин Дворжак. 

Според Дворжак, кон иницијативата со која се изразува подготвеност на земјите поддржувачи да работат заедно за да најдат и обезбедат соодветни финансиски ресурси за РСЕ, покрај Чешка, досега се приклучиле и Австрија, Белгија, Естонија, Германија, Данска, Летонија, Литванија, Словенија, Финска, Холандија и Шведска. 

Чешкиот министер додаде дека преговорите за спас на станицата која е „сила за демократијата, човековите права и слободата на изразување“ се во тек, со „ветувачки“ перспективи. 

Иницијативата за спас на РСЕ, Дворжак ја промовираше минатата недела на заседанието на европскиот Совет за општи работи, а за неа се расправаше и во рамки на Самитот на ЕУ одржан минатиот четврток. 

– Иницијативата го привлекува вниманието на сложената ситуација откако САД престанаа да го финансираат Радио Слободна Европа/Радио Слобода. Сметаме дека радиото е исклучително важен и функционален извор на независни информации за земјите на кои во моментов им недостасуваат демократија и слободни медиуми. Сметаме дека би било голема штета оваа институција да пропадне, рече Дворжак при најавата на идејата. 

Покрај со одделни земји членки, за иницијативата Прага разговараше и со Европската комисија, за што Дворжак одржа средба со еврокомесарот за буџет, борба против измами и јавна администрација Пјотр Серафин. 

– Комесарот Серафин изрази голема поддршка, што беше многу пријатно за мене. Тој се уште не ги прецизираше ресурсите што би можеле да се искористат, но тоа ќе биде предмет на преговори, рече Дворажк, додавајќи дека за идејата очекува поддршка и од еврокомесарот за меѓународни партнерства, Чехот Јозеф Сикела. 

Дворжак оцени дека најдобро решение би било САД сепак се откажат од идејата за запирање на финансирањето, па затоа Чешка ќе се обиде да ги убеди американските претставници „да го преразгледаат овој потег“. 

– Можеби резултатот ќе биде некаков компромис, па ќе можеме да преземеме само дел од финансирањето на европско ниво, додаде Дворжак.

Извор: triling.mk

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг