Connect with us

Македонија

Фатени крадци на дело во неготинско

Published

on

Фатени крадци на дело во неготинско, следува пријава.

На 26.03.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.М.(24) и А.М.(23), двајцата од село Криволак, неготинско. Тие биле фатени при обид да извршат кражба во правен субјект во близина на село Пепелиште, неготинско. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со кои се обиделе да го извршат делото. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија

ОТКРИЕНА ОПАСНА ХРАНА ВО СКОПЈЕ: 250 кг грицки и слатки со поминат рок се продавале на пазари!

Published

on

Пронајдени и одземени биле 34 пакети со т.н. флипс прооизводи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи откако е утврдено дека се со поминат рок и небезбедени. Се продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари, како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје.

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, инспкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото.

Пртитоа пронашле 34 пакети со т.н. флипс прооизводи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено е дека пронајдените производи се со поминат рок по што, како небезбедени, биле одземени од инспекциските служби на АХВ.

Како што информира АХВ, производите биле набавени од различни магацини и се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари, како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје.

Continue Reading

Македонија

Солидарност од Швајцарија: Собир во Берн за жртвите во Кочани и Нови Сад

Published

on

Во саботата, на 29 март 2025 година, во швајцарскиот град Берн се одржа собир во чест на жртвите од трагедиите во Кочани и Нови Сад. Настанот се одржа на Бундесплац, каде што присутните со свеќи и тивко сеќавање испратија порака: „Не ве забораваме“.

Организаторите и учесниците истакнаа дека и покрај физичката оддалеченост, емпатијата и заедништвото се посилни. „Иако сме далеку, срцата ни се со луѓето во Кочани и стоиме покрај нив,“ стои во пораката споделена на социјалните мрежи.

Настанот беше израз на солидарност, а присутните упатија голема благодарност до сите што се придружија и ја изразија својата поддршка.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО Христијан Стојанов – 18-годишниот херој кој спасуваше животи во пожарот во Кочани

Published

on

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е еден од младите херои на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој храбро и несебично влегол во огнот за да спаси човечки животи.

Христијан, кој е ученик во Средното текстилно училиште во Штип, за штипската телевизија „ТВ Стар“ раскажа за драматичните моменти што ги преживеал вечерта на 16 март.

„Кога го видовме пожарот, се погледнавме со мојот близок другар Давид Симонов и знаевме дека треба да влеземе внатре. Ја натопив маицата, ја ставив на устата и влегов. Се обидувавме да спасиме колку што можеме повеќе луѓе. Им подававме рака на оние кои беа при свест, а оние кои беа онесвестени ги извлекувавме надвор. Имаше луѓе кои не можеа да влезат, но помагаа на повредените надвор“, раскажа Стојанов.

Христијан истакнува дека не правел разлика кого спасува, единствена цел му била да извлече што повеќе луѓе. Тој го истакнува значењето на обезбедувањето кое давало инструкции и му помагало во спасувачката акција.

За жал, некои од неговите блиски пријатели не преживеале трагедијата.

„Денови по пожарот не можев да заспијам од глетките кои ги видов. Во болница во Скопје поминав десет дена, добивав инфузии и кислород, а психолози и психијатри разговараа со нас секој ден“, додава тој.

Сепак, Христијан е горд на тоа што успеал да спаси неколку животи.

„Не очекувам ништо за возврат. Тоа беа човечки животи и тоа ми е доволно“, заклучува младиот херој.

Претходно, за херојските напори во пожарот, сведочеше и 19-годишниот Јован Костадинов.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк