Connect with us

Балкан

Израелските власти побараа од Додик да ја напушти конференцијата за антисемитизам: „Се чувствував како натрапник“

Published

on

Израелските власти побараа од претседателот на Република Српска, Милорад Додик, да ја напушти конференцијата за антисемитизам во Ерусалим, откако беше распишана меѓународна потерница против него, известуваат израелските медиуми.

Според написот во израелскиот весник „Израел Хајом“, кој го пренесоа сараевските медиуми, властите на Израел му ставиле до знаење на Додик дека не е добредојден на настанот, што го принудило да го напушти местото на одржување на конференцијата.

Додик потврдил за „Џерусалим пост“ дека ја напуштил конференцијата и во разговор за „Н1 Сараево“ рекол: „Дојдов во Израел за да зборувам против антисемитизмот. Наместо тоа, се чувствував како натрапник“.

Балкан

Премиерката на Италија откри која држава од Балканот може да се приклучи во ЕУ во 2028 година?

Published

on

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес во Рим изрази цврста поддршка за европскиот пат на Црна Гора, истакнувајќи дека е уверена оти земјата ќе стане 28-та членка на Европската унија токму за време на италијанското претседавање со ЕУ во првата половина на 2028 година.

Оваа изјава ја даде на заедничката средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, кој е во прва официјална посета на Италија на нејзина покана. Двајцата премиери истакнаа дека најдобрите денови за билатералната соработка сè уште доаѓаат, а дополнителен импулс за продлабочување на односите ќе даде и партнерството во рамките на Европската унија.

Разговорите меѓу двете страни беа фокусирани на конкретни заеднички проекти и иницијативи во клучни области како што се инфраструктурата, одбраната, енергетиката и регионалното поврзување, при што Италија потврди дека останува силен поддржувач на евроинтегративниот процес на Црна Гора.

Continue Reading

Балкан

Паркот „Свети Врач“ во Сандански расцути пред Велигден

Published

on

Во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Велигден, Паркот „Свети Врач“ во Сандански доби ново, пролетно руво. Шарени и внимателно уредени алеи го збогатија просторот, внесувајќи дополнителна доза боја, ведрина и магија во срцето на градот.

Овој зелен ќош во Сандански веќе е омилено место за прошетки, одмор и фотографирање, а новите цветни насади само ја зголемуваат неговата привлечност. Посетителите се повикани да ја зачуваат убавината на паркот и да го почитуваат вложениот труд, за истата радост да ја споделуваат уште долго време.

Continue Reading

Балкан

[ВИДЕО] Огромно откритие на дното на Јадранското море: Откритие старо повеќе од 7.000 години, било закопано под морскиот песок

Published

on

Откриен антички подводен пат стар 7.000 години кај Корчула – поврзувал праисториска населба со копното

Подводни археолошки истражувања кај западниот брег на островот Корчула доведоа до фасцинантно откритие – остатоци од пат стар околу 7.000 години, кој, според експертите, поврзувал сега потопено праисториско село со копното. Ова историско откритие го направи тим археолози од Универзитетот во Задар во рамки на долгогодишни истражувања на неолитскиот локалитет Солиње.

Сѐ започнало кога научниците, анализирајќи сателитски снимки, забележале необични форми под површината на морето. Откако подготвиле опрема и извршиле нуркања на теренот, под наслагите морски талог пронашле камен пат, изграден од внимателно наредени плочи, широк околу четири метри.

Според досегашните наоди, станува збор за комуникациски правец што датира од околу 4.900 години пред нашата ера и бил дел од културата на Хвар. Потврдата за возраста на локалитетот била добиена преку радиокарбонска анализа на дрвени остатоци најдени при претходни ископувања.

„Луѓето навистина чекореле по овој пат пред речиси седум милениуми“, објави Универзитетот во Задар на својата официјална Facebook страница.

Во прв момент постоела дилема дали станува збор за природна формација, но дополнителни наоди – како што се фрагменти од керамика и камени алатки – јасно укажале дека патот е резултат на човечка активност.

Истражувачкиот тим, охрабрен од успехот, продолжил со ископувања и на другата страна на островот, кај заливот Градина. Таму, на длабочина од четири до пет метри, било идентификувано уште една потопена неолитска населба со слични карактеристики како она кај Солиње.

Иако остатоците од патот биле откриени уште во 2021 година, неговото постоење беше официјално потврдено дури во 2023, а приказната стана глобална сензација. Последниве денови, веста повторно добива на актуелност во хрватските медиуми, потсетувајќи на значењето на Корчула како археолошка точка од светски ранг.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк