Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

СДСМ ќе се спротивстави на каква било селективност и штитење на актуелни функционери во барањето одговорност за трагедијата во Кочани

by Уредник
27.03.2025
in Uncategorized

СДСМ ќе ги искористи сите механизми за обезбедување неселективна правда и одговорност за трагедијата во Кочани, било заклучено синоќа на седницата на Централниот одбор на СДСМ на која се разговарало за актуелните состојби по најтешката трагедија во која згаснаа 59 животи.

Со едноминутно молчење членовите на највисокиот орган на СДСМ оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани и изразија сочувство со болката и тагата на нивните семејства.

„Досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно и е насочена само кон минатото, само кон поранешни функционери и службеници додека воопшто не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата“, било заклучено на Централниот одбор на СДСМ.

Од СДСМ посочуваат дека селективноста не е правда, туку неправда и ја продлабочува недовербата на граѓаните во институциите и во правосудството.

„Имајќи ја предвид сериозноста на трагедијата и тешките последици со огромен број жртви и повредени, недозволиво е да води истргата на селективен начин. СДСМ инсистира на неселективна, независна и темелна истрага во која сите ќе одговараат согласно законите. На  каква било селеквтивност, штитење на актуелни функционери, на поединци блиски до власта СДСМ ќе се спротивстави. Пред законот сите мора да бидат еднакви“, велат од СДСМ.

Во оваа насока, како што се посочува во соопштението, СДСМ ќе ги искористи сите институционални и демократски механизми, вклучително и во македонското Собрание, преку анкетна комисија во соодветен момент, за утврдување на фактите, но и политичката одговорност за трагедијата којашто се случи во Кочани.

Во однос на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, кои беа одложени поради трагедијата во Кочани, Централниот одбор донесе одлука да се одржат на 6-ти април. 

Next Post

Трагедија во летувалиште: Загинаа туристи при потонување на подморница!

Бран отпуштања во Германија! Илјадници работници во неизвесност!

Препорачани Вести

Путин облече униформа и го најави тестирањето на „летечкиот Чернобил“: „Такво оружје нема никој друг на светот“

3 months ago

Македонска еуфорија во Мелбурн: Спасен Силјановски ја крена дијаспората на нозе

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.