Connect with us

Црна Хроника

Сообраќајка во Скопје: Едниот учесник со „Аудито“ избегал од лице место, повредена е девојка

Published

on

На 25.03.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.С.(30) од с.Долно Количани, скопско, и патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата го напуштило местото на настанот, информира МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „опел“ С.К.(27) од с.Количани, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Црна Хроника

ПРИВЕДЕН 23-ГОДИШНИКОТ КОЈ ПУКАШЕ ОД „АУДИ“ ВО ЧАИР Користел гасен пиштол „Зораки“

Published

on

Со него бил извршен службен разговор, при што појаснил дека пукал од гасен пиштол “Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир, се вели во полицискиот билтен.

Скопската полиција го пронашла и го привела 23-годишникот кој пукаше од „ауди 3“ во скопски Чаир утрото во 8 часот на 30 март, информираше Министерството за внатрешни работи. Во соопштението се влеи дека полициски службеници го обезбедиле местото и биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол, додека по преземени мерки го пронашле А.Д. од Скопје.

„Со него бил извршен службен разговор, при што појаснил дека пукал од гасен пиштол „Зораки“, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир. По насоки од јавен обвинител, пиштолот бил одземен и против лицето се поднесени соодветни поднесоци“, се вели во полицискиот билтен.

Според соопштението, А.Д. во 8 часот испукал неколку куршуми во воздухот од „ауди“ на улицата Цветан Димов.

Continue Reading

Црна Хроника

Не им доаѓа памет на газдите: Полицијата со рации и кривични пријави

Published

on

policija

СВР Штип поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Берово, Г.Г.(42) од Берово – одговорно лице во правното лице и против вработената Д.К.(22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.

На 25.11.2023, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект и било констатиранио дека малолетници биле послужени со алкохолни пијалоци. 

Continue Reading

Црна Хроника

Драма во Прилеп: Полицијата спречи маж да голтне докази при претрес!

Published

on

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.М.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „спречување на докажување“. 

На 12.03.2025 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле неколку пакувања со прашкаста материја, кои се обидел да ги проголта, но бил спречен, соопшти МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк