Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Старата училишна зграда во Кучково со нов живот – детскиот џагор се враќа!

by Уредник
27.03.2025
in Uncategorized

Во некогашното основно училиште во скопско Кучково повторно ќе се слуша детски џагор, но не од ученици, туку од деца излекувани од канцер.

Денеска и официјално беше промовиран проектот „Приказната продолжува“ за изградба на регионален центар за рехабилитација и ресоцијализација на децата излекувани од малигни заболувања, преку реновирање и адаптација на старото основно училиште во Кучково. Објектот наскоро ќе ги отвори вратите за престој на младите борци, благодарение на Министерството за локална самоуправа, финансиската поддршка од Владата на Швајцарија и учеството на Општина Ѓорче Петров, како дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, фаза 2.

Министерот за локална самоуправа – Златко Перински, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров – Александар Стојкоски и в.д. директорката на Центарот за развој на Скопскиот Плански Регион – Розета Арсовска го посетија Центарот во кој во завршна фаза се уредувањето на просториите и хортикултурното уредување на дворот.

Објектот на површина од 650 квадратни метри има капацитет за престој на 20 деца, во придружба на еден родител, во комплетно опремени простории и училници за онлајн образование, за физикални вежби, соба за психосоцијални работилници, а има и соби за игра и „мирна соба“ за рехабилитација.

– Овој Центар ќе значи многу надеж, нови можности, нови перспективи за сите оние мали херои што се избориле со канцерот. Проектот беше инспириран од сите нив, поради потребата од помош во периодот на лекувањети и потоа, а целта е да им дадеме максимум психосоцијална поддршка во процесот на нивната ресоцијализација и повторна интеграција во општеството, по долгиот престој во болничките установи – истакна градоначалникот Стојкоски.

Министерот Перински изрази надеж дека во иднина, во овој објект ќе се видат многу насмевки, дека ќе се ресоцијализираат децата и дека навистина ќе го градат патот и секој нов ден во насока на подобра иднина за сите нив.

Марија Вук, претседател на невладината организација „Сано“, како дел од иницијаторите на проектот, додаде дека не станува збор само за обичен објект и за едно старо училиште туку дека станува збор, како што рече, за еден паметник што во иднина ќе потсетува дека доколку вистински се сака нешто, се може, но и тоа дека само зачувана историјата е наша лична карта, а влогот во образованието и воспитанието на децата е патот што води кон вистинскиот систем на човечки вредности.

Реконструкцијата и адаптацијата на некогашното училиште произлегоа и како едно од барањата на граѓаните преку регионалните форуми на заедниците, организирани од Центарот за развој на Скопскиот Плански Регион (ЦРСПР).

– Проектот ќе им овозможи здравствена и социјална заштита и рехабилитација на децата, како и едукација и ќе им помогне повторно да се вклучат во образовниот систем на еднакви основи со соучениците – заклучи в.д. директорката на ЦРСПР, Арсовска.

Вкупната вредност на проектот е 23.574.074 денари, од кои 8.435.000 денари се обезбедени од швајцарска Агенција за развој и соработка, 10.380.998 денари од Министерството за локална самоуправа, а Општина Ѓорче Петров учествува со 4.758.076 денари.

Next Post

Возачите на удар: Останавте без дозвола во една земја? Забраната важи насекаде во ЕУ!

Харков под оган: Масовен напад со дронови ја потресе Украина!

Препорачани Вести

narodna banka

Депозитите скокнаа 11%, а кредитите со 12,7% во Ноември

1 month ago
Едно поевтинува, друго поскапува: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Едно поевтинува, друго поскапува: Ова се новите цени на горивата во Македонија

7 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.