Connect with us

Европа

Зеленски: Владимир Путин наскоро ќе умре

Published

on

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот лидер Владимир Путин „наскоро ќе умре“, по шпекулациите за неговото здравје.

Зеленски ја изнесе оваа изјава за време на интервјуто со новинарите во Париз, по неговата средба со францускиот претседател Емануел Макрон. „Тој наскоро ќе умре, тоа е факт и ќе заврши“, изјави Зеленски, алудирајќи на Путин.

Шпекулациите за здравствената состојба на Путин траат веќе подолго време. Во последните години, Путин е забележан со отечено лице, а некои забележале дека ја грчи ногата. Ја запамтиле и сцената од 2022 година кога тој седеше на столот, ја држеше масата и зборуваше несогласно за време на состанокот со тогашниот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Постојат и извештаи дека Путин постојано кашла и дека неговите раце и нозе неконтролирано се грчат. Кремљ, сепак, ги негира сите тврдења за лошото здравје на Путин.

Во истото интервју, Зеленски обвини дека Путин се обидува „да ја удри Европската унија одвнатре“, со акцент на попроруските земји, како што е Унгарија.

Претседателот Макрон, кој беше присутен за време на интервјуто, изјави дека сега е решавачки момент да се стави крај на војната што Русија ја води против Украина. Тој најави нов пакет француска воена помош во вредност од две милијарди евра и потврди дека Франција е подготвена брзо да ја испорача воената опрема од своите залихи.

Макрон исто така порача дека Русија треба да го прифати 30-дневниот прекин на огнот понуден од Украина „без предуслови“, обвинувајќи ја Москва за нејзината продолжена желба за војна. Тој го пофали Киев за „превземањето на ризикот за мир“ и нагласи дека Русија нема право да поставува услови за поддршката што ја пружаат земјите на Украина.

„Постојат само два субјекти: еден агресор и една страна која се спротивставува“, додаде Макрон.

Европа

Ништо од договорот? Откриено што се случува во моментов во Украина и Русија

Published

on

Иако Украина и Русија постигнаа договор со Соединетите Американски Држави за пауза во нападите на енергетската инфраструктура, двете страни денес се обвинија меѓусебно за кршење на истиот.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина во последните 24 часа двапати нападнала руски енергетски објекти, и покрај договорот, постигнат со посредство на САД, за прекин на нападите на енергетската инфраструктура на двете земји.

Според наводите на министерството, Украина извела напади со дронови и артилерија на објекти во руската област Курск. Како што пренесе РИА Новости, тоа довело до прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во руските напади оштетиле енергетски објекти во областите Суми и Дњепропетровск.

– Беспилотно летало погоди трансформаторска станица во североисточната област Суми, додека артилериска оган оштетил далековод во централната област Дњепропетровск, поради што без струја останале речиси 4.000 потрошувачи – напиша Зеленски на Икс.

Москва досега ја одби американската понуда за целосно примирје, пренесува Ројтерс.

Continue Reading

Европа

Уште една држава во Европа започнува со сериозна подготовка за војна со Русија? Се повлекуваат од важен договор, и забрзано работат на својата одбрана

Published

on

Финска планира да се повлече од глобалната Конвенција за забрана на противпешадиски мини и да ги зголеми своите воени трошоци на најмалку три проценти од БДП до 2029 година, како одговор на растечката воена закана од Русија, објави финската влада, пренесува Ројтерс.

Полска и балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија – веќе соопштија дека се повлекуваат од Конвенцијата од Отава од 1997 година, поради заканата што Русија ја претставува за нив и за Европа.

Со повлекувањето од договорот, Финска, која има најдолга граница со Русија од сите членки на НАТО, би можела повторно да почне со складирање противпешадиски мини, доколку биде потребно.

На прес-конференција, премиерот Петри Орпо истакна дека иако во моментов нема непосредна воена закана за Финска, Русија претставува долгорочна опасност за цела Европа.

„Повлекувањето од Конвенцијата од Отава ќе ни овозможи да се подготвиме подобро и поцелосно за промените во сегашната безбедносна средина“, рече Орпо.

Тој додаде дека Финска ќе инвестира дополнителни три милијарди евра за одбраната, што ќе ги зголеми воените трошоци од 2,41 отсто од БДП во 2024 година на три отсто до 2029 година.

„Ова е дел од нашиот придонес за Европа, која презема поголема одговорност за својата одбрана“, напиша финскиот претседател Александар Стуб на Х.

Финска се приклучи на НАТО во 2023 година, што претставува значајна политичка промена по децении неутралност.

Continue Reading

Европа

Ова се случува за прв пат од Втората светска војна: Погледнете каде Германија постави свои војници

Published

on

Германија денеска трајно распореди оклопна бригада од 5.000 војници во Литванија, што претставува прво официјално распоредување германски воени сили во странство по Втората светска војна.

45. оклопна бригада, која ќе биде под командата на генералот Кристоф Хубер, официјално беше активирана во Вилнус, а формиран е и привремен штаб. Генералот Хубер истакна дека главната мисија на бригадата е да обезбеди “заштита, слобода и безбедност на литванските сојузници на источното крило на НАТО”.

“На овој начин го штитиме не само територијата на НАТО, туку и самата Германија”, изјави Хубер.

Берлин се обврза на долгорочно распоредување на војската во 2023 година, откажувајќи се од повеќедецениската политика на избегнување трајно стационирање борбени трупи во странство.

Ширењето на НАТО на исток, особено во Украина, се смета за една од главните причини за конфликтот со Русија. Москва тврди дека не претставува закана за Европа, но категорично не прифаќа присуство на војници од западниот воен пакт во своето соседство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк