Connect with us

Македонија

Ѓорѓиевски предлага законски измени: Задолжително да се вршат контроли на објектите еднаш до двапати годишно

Published

on

Трагедијата во Кочани не требаше да биде услов за започнување на вонредни инспекции, бидејќи редовните проверки се спроведуваат годишно, рече претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Oпштина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во емисијата вчерашната емисија „Клик плус“ на телевизија 21.

Тој увери дека јавните установи се безбедни, а на локациите со аномалии ќе следи итно постапување. Ѓорѓиевски исто така предложи законски измени кои ќе обезбедат редовни инспекции како обврска, најмалку еднаш или двапати годишно, наместо да зависат од индивидуалната одговорност на градоначалниците или инспекциите.

„Дали требаше да се случи за жал оваа трагедија за да влеземе во процес на вонредни инспекции? Често пати тоа го говорам и давам одговор на истото, а за тоа имам и документација денес донесено, конкретно за мојата општина и проверките откако јас сум градоначалник, коишто на годишно ниво се вршени“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека, иако повеќето општини редовно спроведувале контроли, постојат исклучоци. Тој посочи дека поради ситуацијата, започнат е процес на вонредни инспекции, со акцент на јавните објекти, што е оправдано поради создадената паника кај граѓаните, особено во поглед на безбедноста на децата.

„Одговорно тврдиме, и тука претпоставувам ќе се согласат и моите колеги, ретки исклучоци во најголемиот број од случаите, односно од општините, сите имаат правено редовни контроли. Факт е дека постојат и општини коишто не постапувале во минатото, затоа ние сега влеговме во еден процес поради ситуацијата да направиме вонредни контроли, каде што акцент најпрво се става на сите објекти од јавен карактер, затоа што и од друга страна и логички е оправдано кај нашиот народ се создаде одреден тип на паника, затоа што не секој ќе биде спокоен после овие работи да го пушти детето во училиште, во градинка, во културна установа, во спортска сала итн. “, посочи Ѓорѓиевски.

Повеќето јавни објекти, вели Ѓорѓиевски веќе биле подложени на инспекции и дека од градоначалниците барал доставување записници од извршените проверки. Тој увери дека граѓаните не треба да се грижат за безбедноста во јавните установи и нагласи дека на локациите со утврдени аномалии ќе следи итно постапување.

„Во најголем дел од сите објекти од јавен карактер веќе се извршени проверките. Она што ние го побаравме како ЗЕЛС, од сите наши колеги, од сите градоначалници од општините, е да достават записници за извршените проверки и состојбата којашто е утврдена. Јас сакам да порачам за сите наши граѓани да не се грижат, нивните деца, нивните внуци учат во безбедни јавни установи. Онаму каде што се утврдени одредени аномалии, ќе има итно постапување во наредниот период“, кажа Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски ја нагласи потребата од законски измени кои ќе обезбедат редовни инспекции во јавните установи како обврска, наместо да зависат од индивидуалната одговорност на градоначалникот или инспекцијата. Според него, ваквите проверки треба да се спроведуваат најмалку еднаш или двапати годишно.

„Но она што е друго прашање и работа на којашто ќе треба да се фокусираме, е да во перспектива се направат законски измени, да не оставаме на волјата на поединецот или одговорноста, индивидуална на градоначалникот или инспекцијата, да се прават тие контроли, туку облигаторно да влезе, законски да мора да се прават еднаш во годината или двапати проверките редовни во сите установи“, заклучи Ѓорѓиевски.

Македонија

Падна член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, изнудувал пари со службени информации

Published

on

Министерството за внатрешни работи покажува дека нема милост кон криминалците и поднесе кривична пријава за член од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој тргувал со информации и изнудувал пари со тие информации, дознава „Нетпрес“. Станува збор за Ангел Самараков од Велес објави агенцијата Нетпрес.

Од Владата за агенцијата информираат дека борбата против криминалот е неселективна, и тоа што станува збор за член задолжен за обезбедувањето на премиерот е причина плус да се делува строго и според законите.

Во билтенот на МВР стои следнава информација за кривичната пријава и за настанот:

„На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.

Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.

Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ.

Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик“.

Continue Reading

Македонија

ФОТО: Километарски колони за влез во Македонија од Грција по завршениот продолжен викенд

Published

on

По завршувањето на продолжениот викенд, на граничниот премин „Богородица“ се создадоа долги колони на возила што се враќаат од Грција во Македонија. Најголеми гужви се создале во попладневните и вечерните часови.

Граничните служби работат со зголемен капацитет за да го забрзаат протокот на возила, но поради големиот број патници, и покрај напорите, се создаваат значителни задржувања. Слична ситуација е и на другите гранични премини со Грција, каде што возачите пријавуваат долги редици и продолжено време на чекање.

Овој пик во сообраќајот следи по неколкудневниот одмор што многу граѓани го искористија за патување во Грција, уживајќи во убавото време и пролетната атмосфера на туристичките дестинации.

Фото: Роберто Навали/ИГ

 

Continue Reading

Македонија

Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан

Published

on

Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.

Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк