Connect with us

Економија

БАНКИТЕ РАСПОЛАГААТ СО 13,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Околу 10 милијарди евра се депозити на граѓаните и на компаниите

Вкупно 13,381 милијрди евра тешеле на крајот на 2024 година 13-те банки кои работт во земјава, покажуваат податоците на Народна банка.

Пет од нив се рангирани во големи банки со актива повисока од 903,3 милиони евра,,3 се средни кои имаат актива која се движи од  224,4 милиони евра до 903,3 милиони евра, 5 се мали банки со актива пониска од 224,4 милиони евра.

Речиси 11 милијарди  евра изнесува вкупниот капитал петте најголеми банки.

На врвот на листата е Комерцијална банка која 2024 година ја заврши со вкупна актива од 2,905 милијарди евра што е за 157 милиони евра повеќе од претходната година.

Втора на листата е Стопанска банка Скопје која ја зголеми активата за 125 милиони евраа во однос на 2023 година и сега таа и изнесува 2,34 милијарди евра.

Трета е НЛБ Банка со актива од 2,12 милијарди евра. Оваа банка го зголеми капиталот за 183 милиони евра.

Халк банка е четврта со капитал од 1,855 милијарди евра, што е зголемување за 183 милиони евра.

Петта на листата е Шпаркасе банка, со актива од 1,749 милиони евра, што е раст за 170 милиони евра.

Трите средни банки располагаат со вкупен капитал од 1,605 милијарди евра.

Прокредит банка има актива од 846 милиони евра, што е раст од околу 46 милиони евра во однос на 2023 година.

УНИ Банка тежи 456 милиони евра, со што доживеала големување за 26 милиони евра во однос на претходниот квартал.

Државната Развојна банка стигнала со актива од 303 милиони евра, што во однос на крајот на септември лани е зголемување за 12 милиони евра.

Најмалите банки располагаат со капитал од 807,9милиони евра.

Петте мали банки ги предводи Централна кооперативна банка  со актива од 202 милиони евра, што е зголемување за над 10 милиони евра.

Неа ја следи  ТТК банка, со актива од над 179,2 милиони евра, со раст од повеќе од 12 милиони евра.

Стопанска банка Битола располага со актива од 178,8 милиони евра, и раст од 4 милиони евра.

Силк Роуд банка располата со капитал од 176,8 милиони евра, што е раст за близу 21 милиони евра.

Последна е Капитал банка која има капитал од 71,1 милион евра.

Податоците на Народна банка кои се однесуваат на ланската година покажуваат дека банките на крајот на декември лани чувале околу 10 милијарди евра депозити коишто им припаѓаат на корпоративниот сектор, домаќинствата, останатите финансиски институции, непрофитните институции коишто им служат на домаќинствата и локалната самоуправа.

Од нив 9,76 милијарди евра се депозити на граѓаните и компаниите. Во декември вкупниот износ на депозитите на граѓаните изнесувал 6,45 милијарди евра.

Во истиот период граѓаните и компаниите  должеле 8,03 милијарди евра во вид на кредити.

Advertisement

Економија

Со НЛБ Банка сега можеш сè! Сите банкарски услуги во твојот телефон

НЛБ Банка ја заокружува јубилејната година со најголемиот исчекор во дигитализацијата на своите услуги и официјално станува првата „mobile first банка на пазарот, овозможувајќи сеопфатно дигитално искуство преку мобилен телефон.

 Со пораката Што ако можеш сè?, во изминатава година, НЛБ Банка ја градеше својата позиција на поддршка на амбициите и можностите на клиентите. Денес, таа порака ја добива својата најсилна завршница. Сега можеш сè! е слоганот кој ја затвора јубилејната година за НЛБ Банка и јасно кажува дека ветувањето е целосно исполнето.

 Поставувајќи нови стандарди и редефинирајќи го банкарството на македонскиот пазар, НЛБ станува првата банка на пазарот чија дигитална платформа за физички лица овозможува банкарство од почеток до крај и во која сите банкарски услуги се достапни преку мобилниот телефон.

Сега клиентите, преку мобилниот телефон, можат да отворат и банкарска сметка. По активирање на мобилното банкарство, веднаш да ја добијат својата платежна картичка во дигитална форма, да ја додадат во дигитален паричник и да ја користат за плаќање на ПОС терминали, онлајн, како и за подигнување на готовина од банкомати.

Преку својот мобилен телефон, клиентите можат да отворат и депозит, да активираат дозволено пречекорување, да аплицираат за добивање на картичка или да зголемат лимит на истата, да аплицираат за кредит. Практично, да управуваат со сите свои финансии, со исклучителна удобност и флексибилност.

 „Со воведувањето на „mobile first”, ја заокружуваме јубилејната година и логично го надградуваме слоганот „Што ако можеш сè?” со неговата финална и најконкретна форма – „Сега можеш сè”. Ова не е само комуникациска порака, туку резултат на континуирана стратешка трансформација насочена кон дигитализација, ефикасност и подобрено корисничко искуство.”– истакнуваат од НЛБ Банка.

 Со оваа трансформација, НЛБ за своите клиенти-физички лица, веќе нуди комплетен спектар на банкарски производи и услуги 100% дигитално, елиминирајќи ја потребата од посета на експозитура.

 „Како прва банка на пазарот што овозможува целосно дигитален пристап до сите клучни банкарски производи и услуги, ја потврдуваме нашата заложба да бидеме банка- иноватор, и да им обезбедиме на клиентите сигурно, едноставно и достапно банкарство, целосно усогласено со современиот начин на живот.” – заклучуваат од Банката.

Continue Reading

Економија

Над 250 килограми риба пуштени во акумулацијата „Стрежево“ за одржување на биолошката рамнотежа

ЈП „Стрежево“ успешно го реализираше порибувањето на акумулацијата „Стрежево“ на локацијата брана Стрежево, со внесување на над 250 килограми рибен подмладок од видот крап. Активноста е спроведена во согласност со важечката Риболовна основа и договорот за користење на риби и други водни организми, склучен меѓу Владата на Република Македонија и ЈП „Стрежево“.

Рибата е еден од најдиректните индикатори за квалитетот на водата, а ваквите активности придонесуваат кон одржливо управување со рибниот фонд и зачувување на биолошката рамнотежа во акумулацијата.

ЈП „Стрежево“ останува посветено на заштита на животната средина и одговорно управување со природните ресурси, со цел обезбедување здрави и одржливи водни екосистеми.

Continue Reading

Економија

Индустријата за виски во криза

Јапонскиот гигант „Сантори Глобал Спиритс“ објави дека главната фабрика за виски бурбон „Џим Бим“ во Кентаки ќе го запре производството во текот на следната година. Компанијата соопшти дека периодот ќе го искористи за инвестирање во подобрувања на фабриката, но одлуката е делумно мотивирана и од намалената продажба во Канада и неизвесноста предизвикана од трговските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.

Останатите објекти на „Џим Бим“ низ САД, вклучувајќи ги посебната дестилерија, објектите за флаширање и складирање, ќе продолжат со работа следната година. Центарот за посетители во Кентаки исто така ќе остане отворен. Вработените во главната фабрика, каде работат околу 1.000 лица, ќе бидат на одмор додека трае прекинот во производството.

Здружението на дестилерии од Кентаки (KDA) соопшти дека количината на бурбон во магацините низ целата држава достигна рекордно ниво од повеќе од 16 милиони барели. Американските дестилерии се соочија со одмазднички увозни царини откако САД воведе такси за увозот на стоки од повеќето земји, а трговските тензии со Канада дополнително го намалија извозот на американски жестоки пијалоци.

Компанијата нагласува дека прекинот на производството е привремен и дека целта е да се прилагодат капацитетите на фабриката на тековната побарувачка и пазарните услови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг