Connect with us

Магазин

На светскиот пица шампионат што се одржа во Рим, Италија, нашиот Кавадарчанец Глигор Каров освои два бронзени мeдали што претставува најголем успех досега за Македонија

Published

on

На светскиот пица шампионат што се одржа во Рим, Италија , нашиот Кавадарчанец Глигор Каров како дел од Македонската пица репрезентација освои две бронзени мeдали што претставува најголем успех досега за Македонија.
Глигор се натпреваруваше во две категории: римска пица и пица Наполетана Стг која се смета за најтешка категорија.
Ова е голем успех за Глигор и за Македонија бидејќи во главниот град на Италија успеа да влезе меѓу најдобрите 3 пица мајстори во светот каде што имаше преку 200 натпреварувачи од целиот свет . 

Магазин

Дневен хороскоп за вторник – 1 април

Published

on

Овен

Денес ќе почувствувате прилив на енергија и решителност. Одлично време за започнување нови проекти или завршување на одложени задачи. Во личен план, ќе имате пријатно изненадување.

Бик

Денес многумина од вас ќе добијат неочекувани новости од блиски или колеги. Бидете подготвени за промена и обидете се да се адаптирате на новите околности. Ова нема да ви биде тешко.

Близнаци

Денот е поволен за комуникација и воспоставување нови контакти. Вашите комуникациски способности ќе ви помогнат да решите долготрајни недоразбирања и да го зајакнете односот со важни луѓе.

Рак

Денес е добро да се фокусирате на постигнување на вашите професионални цели. Вашиот труд и истрајност наскоро ќе бидат забележани и ценети од раководството. Очекувајте значително зголемување на приходите.

Лав

Денес ќе бидете исполнети со креативна енергија и инспирација. Искористете го денот за да ги реализирате своите креативни идеи и да најдете нови извори на радост.

Девица

Ова е ден за внимание на вашето опкружување и односите со вашите најблиски. Можеби е време да ги решите натрупаните разлики и да ја обновите хармонијата.

Вага

Денот е поволен за зајакнување на личните врски. Добро е да бидете попријателски настроени и внимателни кон потребите на вашиот партнер. Обидете се да ги разберете неговите ставови и не бидете себични.

Скорпија

Преку денот избегнувајте брзи одлуки и импулсивни потези. Внимателно размислувајте пред да дејствувате за да избегнете можни компликации. Медитацијата ќе ви помогне да го пронајдете мирот.

Стрелец

Денес вашата енергија и ентузијазам ќе ви помогнат да започнете нови проекти. Не се плашете да излезете од вашата зона на удобност и да пробате нешто ново. Ова е патот до успехот.

Јарец

Денес можете да почувствувате зголемена чувствителност и емоционалност. Обидете се да останете мирни и не земајте ги ситните проблеми премногу сериозно. Не правете голема работа од мали работи.

Водолија

Денес ќе имате интересни социјални интеракции. Бидете отворени за нови познанства и идеи. Овие можат да доведат до неочекувани можности.

Риби

Доверете се на вашата интуиција и внатрешен глас. Ќе бидете особено чувствителни на светот околу вас, што ќе ви помогне да донесете вистински одлуки.

Continue Reading

Магазин

Црнка или плава, Натали или Вики? За нив велат дека се двете најубави русинки, што велите вие? (ФОТО)

Published

on

На еден онлајн форум овие денови започна жестока расправа.

Тема: Кој е најубавата Рускиња?

Бројни имиња беа споменувани, но двајца се најчесто повторуваа. Вики Одинцова и Наталија Ли.

Вики е црнка, атрактивна манекенка која била поврзувана со возачот на Формула 1, Фернандо Алонсо, додека Наталија Ли, чие вистинско име е Наталија Красавина, е бујна плавуша која работи како DJ.

Прегледајте ја галеријата и пресудете сами.

Continue Reading

Магазин

Познатата актерка откри што пие секојдневно – жените згрозени, “Како е можно да пиеш такво нешто?” (ФОТО)

Published

on

Актерката без размислување пие напиток кој содржи семена течност од змија, а еве и зошто.

Во светот на познатите, границите одамна не постојат, а најновиот тренд кој ја шокираше јавноста доаѓа од Џесика Симпсон. Некогашната пејачка, денес актерка, откри дека консумира напиток што ѝ го препорачал нејзиниот учител по пеење, а кога ја прашале за состојките – сите биле во неверување.

На листата на необични состојки се наоѓа и семена течност од змија, која Џесика ја испила без двоумење. Покрај тоа, пијалокот содржи и специјални кинески билки, а вкусот го опиша како “слатко како мед”.

Ако сакаш добар глас, мораш да пиеш сперма од змија – изјави Симпсонова, која по 15 години пауза се враќа на музиката. Меѓутоа, нејзината изјава предизвика лавина реакции на социјалните мрежи:

Ни тоа не ѝ помага да пее!

Како се добива таа семена течност?

Ми се стемни!

Погледнете како изгледа постаро.

Сатанизам!

Џесика не е единствената која експериментира со животински телесни течности. Џенифер Анистон и Ким Кардашијан подлегнале на третмани со сперма од лосос, тврдејќи дека им помага да го сочуваат младешкиот изглед. Овие методи се, благо речено, контроверзни, но очигледно меѓу познатите добиваат сè повеќе поддржувачи.

Освен со бизарните ритуали, Симпсонова неодамна привлече внимание и поради разводот од Ерик Џонсон, по десет години брак.

Таа вели дека тажните чувства ги претвора во инспирација и пишува нови песни, но ако се суди по реакциите на нејзините изјави – можеби би требало да размисли за друг начин на промоција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк