Connect with us

Свет

ПУТИН ЌЕ ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ НА АРКТИКОТ Рускиот лидер ги коментираше плановите на Трамп за Гренланд

Прашањето за Гренланд нема никаква врска со Русија, но ние сме загрижени поради фактот што земјите од НАТО сè повеќе го признаваат далечниот север како упориште за можни конфликти. Русија сигурно ќе ги брани своите интереси на Арктикот, бројот на војници таму ќе расте, изјави рускиот претседател.

Русија ќе ги брани своите интереси на Арктикот и бројот на војници таму ќе расте, изајви рускиот претседател Владимир Путин пред членовите на Меѓународниот арктички форум., јави Скај Њуз. Путин ја коментираше состојбата со островот Гренланд за кој американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека сака да го припои кон САД.

– Би било голема грешка да се мисли дека ова е само некоја ексцентрична приказна за новата американска администрација, бидејќи не е. Слични планови првпат беа јавно претставени во Вашингтон во 1860-тите, но предлогот за анексија на Гренланд и Исланд беше одбиен од Конгресот во тоа време. Овие планови имаат длабоки историски корени и очигледно е дека САД ќе продолжат да ги туркаат своите геополитички, воени и економски интереси на Арктикот. Прашањето за Гренланд нема никаква врска со Русија, но ние сме загрижени поради фактот што земјите од НАТО сè повеќе го признаваат далечниот север како упориште за можни конфликти. Русија сигурно ќе ги брани своите интереси на Арктикот, бројот на војници таму ќе расте. Русија ќе одговори и на вклучувањето на Финска и Шведска во активностите на Алијансата – рече Путин.

Advertisement

Свет

Дронови од Украина предизвикаа пожар ноќта во Краснодар – горат резервоарите за нафта

Темрјук, пристанишниот град на Азовското Море во рускиот регион Краснодар, стана цел на уште еден ноќен напад со беспилотни летала од Украина. Во нападот беа запалени резервоари со нафтени деривати, а пожарот зафати површина од околу 2.000 квадратни метри. Десетици пожарникари и службеници за цивилна заштита се бореа со огнот за да го локализираат и спречат понатамошно ширење.

Ова не е прв пат Темрјук да биде погоден. Градот веќе беше нападнат со беспилотни летала ноќта меѓу 4 и 5 декември, што ја потврдува стратегијата на Украина да ги таргетира руските нафтени постројки. Целта на овие акции е двојна – да се наруши снабдувањето со гориво за руските сили на украинска територија и истовремено да се одземе значаен извор на приход за руската економија.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта успеало да пресретне и уништи 141 украински дрон. Најтешко погоден беше Брјанскиот регион на границата со Украина, а градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, исто така извести за голем број соборени дронови над руската престолнина.

Оваа серија напади ја нагласува ескалацијата на воздушните акции од страна на Украина и предизвикува зголемена загриженост во рускиот јужен регион, каде инфраструктурата за гориво е постојано изложена на ризик.

Continue Reading

Свет

Израел ја засилува армијата: 110 милијарди долари за оружје до 2035 година

izrael

Израел отвора нова стратешка страница во својата одбранбена политика: во следните десет години ќе инвестира околу 350 милијарди шекели, односно приближно 110 милијарди долари, за да ја зацврсти домашната воена индустрија и да ја намали зависноста од странски партнери.

Планот го објави премиерот Бенјамин Нетанјаху на церемонија за промоција на нова генерација пилоти во израелските воздухопловни сили. Тој порача дека целта е јасна – Израел да може самостојно да ги произведува клучните одбранбени системи, без да се потпира дури ни на „пријателски држави“.

Во таа насока, Нетанјаху ја спомена и Германија, посочувајќи дека Берлин, како и други земји, покажува растечки интерес за израелска воена технологија. Истовремено, потсети дека германската влада привремено го суспендираше извозот на оружје кон Израел поради војната во Газа и високите цивилни жртви – потег што внесе напнатост во билатералните односи.

Слични рестрикции, според него, вовеле и други европски држави, па дури и Соединетите Американски Држави, најблискиот сојузник на Израел – нешто што Нетанјаху јавно го критикуваше како сигнал дека државата мора да се потпре на сопствени капацитети.

И покрај политичките тензии, воената соработка меѓу Израел и Германија продолжува да се продлабочува. Само минатата недела двете земји го финализираа договорот за проширување на напредниот ракетен одбранбен систем „Ароу 3“, наменет за пресретнување балистички ракети и заштита од потенцијални закани, вклучително и од Русија.

Според израелските власти, вкупната вредност на договорот – заедно со основното вооружување – изнесува околу 5,7 милијарди евра, што го прави најголемиот извозен договор за оружје во историјата на Израел.

Continue Reading

Свет

Католиците низ светот денес го прославуваат Божиќ

Денес, милиони верници ширум светот го слават еден од најсветлите христијански празници – Божиќ, денот кога се одбележува раѓањето на Исус Христос. Католици, протестанти и други заедници кои го користат грегоријанскиот календар се собираат во семејниот круг, носејќи порака на мир, надеж и заедништво.

Традицијата налага празникот да се прославува во кругот на најблиските, со молитви, богослужби и семејни обичаи што се различни од земја до земја, но со иста суштина. Наутро, верниците присуствуваат на миса, а потоа следува заеднички ручек кој ја зближува фамилијата и зајакнува духовната врска меѓу членовите.

Според Библијата, Исус се родил во скромна штала во Витлеем, роден од Девица Марија и поддржан од нејзиниот сопруг Јосиф. Заради скромниот амбиент на неговото раѓање, верниците традиционално под елката поставуваат фигури на овци и други домашни животни.

Домовите ширум светот за Божиќ се претвораат во мали светлечки бајки – украсени елки, светкави лампиони и подароци за најмладите создаваат атмосфера на топлина и радост, која ја споделуваат сите генерации. Во ова време, семејството и верата се срцето на празникот, потсетувајќи на едноставната, но моќна порака на љубов и солидарност.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг