Connect with us

Македонија

Таравари: Уште осум пациенти од трагедијата во Кочани пуштени на домашно лекување, а деветмина се враќаат од странство

Нови осум пациенти повредени во пожарот во Кочани од скопските клиники се пуштаат на домашно лекување, а деветмина се враќаат од странство, информира денеска на прес-конференеција министерот за здравство Арбен Таравари.

На клиниките во Скопје, според него, ќе останат само 14 пациенти, додека на лекување во странство остануваат 91 пациент. Осумте пациенти кои денеска треба да стигнат, тројца од Унгарија, двајца од Италија и по еден од Атина, Белград и Шведска, според протоколите на Кризниот штаб, ќе останат најмалку 24 часа на скопските клиники на дополнителни проверки. Една пациентка од Бугарија, појасни, веќе е во хотел и оди само на амбулантски прегледи.

– И за четворицата критични пациенти добиваме добри вести, дека иако се сеуште во тешка состојба, но во подобрена во однос на вчерашниот ден. Оптимисти дека и тие ќе почнат да се подобруваат, да нема други компликации. Одредени лабараториски параметри покажуваат дека има подобрување- изјави Таравари.

Тој најави дека утре треба да се вратат нови двајца пациенти по еден од Литванија и Шведска, а во меѓувреме може да се донесе одлука и за други.

На Клиниката за токсикологија, додаде министерот, има шест пациенти, двајца се на пластична хирургија , шест во стара Градска болница, пет во „8 Септември“ и тројца во приватната болница „Систина“.

Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев појасни дека шесте пациенти кои се на Клиниката во моментот се оние кои вчера се вратија од лекување во странство и оти кај сите токсиколошките анализи биле во референтни вредности.

– Сите се во добра општа здравствена состојба со стабилни клинички параметри. Денеска земавме дополнителни клинички иследувања кои се нормални. Тројца пациенти се со инхалаторни повреди стабилни, другите имаат и инхалаторни и изгореници, кои се во санација, згрижени се. Сите се видени од токсиколог, анестезиолог и психијатар, согласно нашиот став од Кризниот штаб и денеска сите ќе ги пуштиме дома со одредени препораки. Дел од нив ќе треба да дојдат и на контрола во наредните денови-истакна Чибишев.

Таравари уште еднаш повтори дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во земјава и странство е бесплатно.

– Ќе повторам за сите пациенти лекувањето е бесплатно. За сите пациенти за двајца членови од семејствата е обезедено авионска карта или ако отишле со друг транспорт и сместувањето. Владата ги покрива сите трошоци на сите пациенти од лекување, престој на родителите и транспорт на пациентите и на родителите во двата правци. Комплетно се е покриено- потврди Таравари.

Финансиска проценка за тоа колку ќе чини процесот на лекување на пациентите во странство Министерството немало, но Таравари нагласи дека пациентите нема да платат ниту еден денар. Деведесет и девет отсто од трошоците, според него, се покриени од државите кои им помогнале, а мал процент ќе покрие Фондот за здравство.

Во однос на недостатоците на здравствениот систем во земјава, тој забележа дека во светот не постои идеален здравствен систем, но и оти покрај наследените недостатоци успеале релативно добро да ја изменаџираат состојбата со пациентите настрадани од пожарот во Кочани, нагласувајќи дека немало мртви по 11 дена од трагедијата. Посочи  дека идната недела ќе почнат да се тестираат 200-250 специјализанти, 1.200 медицински сестри и друг помошен персонал, а недостигале и околу 100 амбулантски возила.

– Оваа ситуација ни покажа дека Клиничкиот центар треба да биде интегриран. И затоа набргу ќе инсистирам во координација со сите релевантни политички фактори барем да почнеме со хирургија, а потоа цел Клинички центар да биде една единица. Многу подобро би се организирале да имаме еден диригент отколку десет- заклучи Таравари.

За отварање на центар за изгореници кажа дека разговарале со директорот на „8 Септември“, ковид центарот да биде пренаменет, но за тоа дополнително биле потребно човечки ресурси.

Министерот информира и дека со двата синдикати за здравство денеска потпишале спогодба во однос на коефициентот за исплаќање на платите, проблем за кој преговарале и во 2017 година.

Advertisement

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг