Connect with us

Република

Управата за финансиска полиција демантира дека не постапувала по пријавите на вработени од „ONE HOSPITAL“ – Тетово

На ден 01.07.2024 година, на службената е-маил адреса на Управата за финансиска полиција доставени се три претставки, во кои е наведено дека Општата Болница „ОНЕ ХОСПИТАЛ“– Тетово, нема исплатено парични средства по основ на личен доход за месец 12/2023, 01/2024, 02/2024, 03/2024, 04/2024, регрес за годишен одмор, К-15 и додаток за ноќен труд, како и дека надоместокот по основ на дежурство од месец август 2023 година воопшто не се исплаќа. Дополнително во истите претставки е наведено дека не се исплатени парични средства за прекувремена работа и дека на вработените не им е овозможено целосно користење на деновите од годишен одмор наведуваат од Управата за финансиска полиција.

„Со оглед дека наводите од пријавата се однесуваaт на дејствија кои се предмет на надлежност на Државниот инспекторат за труд од наша страна на ден 22.07.2024 година е доставен допис до Државниот инспекторат за труд за нивно понатамошно постапување и по завршување на проверките да нѐ известат за резултатите од истите.

Од страна на Државниот инспекторат за труд – Тетово, а со цел проверување на наводите на претставките бил извршен вонреден инспекциски надзор кај гореспоменатиот работодавец при што од нивна страна билo констатирано дека од страна на одговорното лице било сторeно кривично дело по член 166 став 1 и 2 од КЗ и врз основа на тоа државните инспектори за труд, а врз основа на член 20 од Законот за инспекција на трудот до ОЈО – Тетово било доставено известување.

Следствено на тоа на ден 14.11.2024 година, од страна на Управата за финансиска полиција до ОЈО Тетово, е доставено известување по кое на ден 20.01.2025 година е добиен Одговор на барање во врска со поднесено известување од страна на јавен обвинител од ОЈО – Тетово, кој истовремено е доставен и до пријавителите и до Државниот инспекторат за труд – ПЕ Тетово, во кој е наведено дека од страна на ОЈО Тетово е водена истражна постапка против Оне Хоспитал и одговорното лице во правното лице по повод пријавен кривично правен настан за неисплатени плати и придонеси за сите вработени во Општата болница Оне Хоспитал Тетово, за сторено кривично дело по член 166 од КЗ, по основ на која постапка пред Основен суд Тетово на ден 09.10.2024 година било доставено обвинение и на ден 18.10.2024 година од страна на истиот суд со пресуда К.бр.818/24 како правното лице така и управителот на правното лице се огласени за виновни и казнети по закон, судски акт кој претставува правен основ за побарување на плати и придонеси како и други договорени додатоци од плата за сите вработени во Болницата.

По однос на дел од претставките на докторите за неисплатен регрес од годишен одмор, додаток за ноќен труд, односно неисплатени дежурства, прекувремена работа и неискористени годишни одмори, сите овие претставуваат основи за граѓанско побарување на договорени права, преку поднесување на граѓанска тужба пред надлежен суд, односно јавното обвинителство не е надлежно за постапување по граѓанско правни односи пред граѓански суд, особено за посочените договорени права на вработените.

Имено, во Одговорот Јавниот Обвинител навел дека сите вработени од Општата Болница но и самите пријавители можат да се обратат до Основен Суд Тетово за добивање на препис од погоре посочената пресуда, како потребно за понатамошно остварување на нивните права и интереси во граѓанска постапка“, стои во демантот.

Advertisement

Република

ДЗС апелира: Почитувајте ги правилата за бројот на гости и осигурајте противпожарна заштита

dzs

Со приближувањето на празничните денови и традиционалните предновогодишни и новогодишни прослави, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) упатува силен апел до сопствениците и организаторите на настани: безбедноста на посетителите не смее да се занемари.

Од ДЗС потсетуваат дека секој угостителски објект мора да ги почитува пропишаните мерки за заштита од пожари, како и да обезбеди брза и сигурна евакуација во случај на итни ситуации. Коридорите и излезните патишта треба постојано да бидат чисти и проодни, а излезните врати за евакуација – отклучени и функционални.

Посебен акцент се става и на противпожарната опрема: таа мора да биде исправна, достапна и редовно одржувана. Забранета е употребата на пиротехника и отворен пламен во затворени простории, како и другите опасни материјали кои можат да го загрозат животот и здравјето на посетителите.

ДЗС исто така нагласува дека капацитетот на објектите мора строго да се почитува, а персоналот да биде добро информиран и подготвен да реагира при било каква опасност.

„Нашата цел е превенција и заштита – како на граѓаните, така и на материјалните добра. Апелираме до сите организатори да постапуваат одговорно и да ги почитуваат законските регулативи“, велат од ДЗС.

Continue Reading

Република

„Водовод“ Битола со инвестиции од 65 милиони денари во 2026: Фокус на стабилизација и намалување на загубите

Јавното претпријатие „Водовод“ Битола во 2026 година планира реализација на повеќе од 14 проекти, со вкупна вредност од околу 65 милиони денари, со цел зголемување на приходите и постепено намалување на финансиската загуба.

Директорот на претпријатието, Андреј Гинов, информира дека 2024 година „Водовод“ ја завршил со загуба од 61 милион денари. Вкупните приходи изнесувале 284 милиони денари, додека расходите достигнале 346 милиони денари. Од наплата на вода од правни и физички лица биле остварени 262 милиони денари, а од останати активности околу 22 милиони денари.

Најголем дел од расходите, како што појаснува Гинов, се однесуваат на електричната енергија, сирова вода и платите. Само за електрична енергија биле потрошени 43 милиони денари, за сирова вода кон хидро-системот „Стрежево“ 50 милиони денари, а за плати 148 милиони денари. Со вклучен ДДВ, овие три ставки достигнуваат околу 280 милиони денари, што е речиси целокупниот приход на претпријатието, и покрај високата наплата на сметки од околу 95 проценти.

Гинов направи споредба и со претходните години, нагласувајќи дека во 2021 година „Водовод“ имал 227 вработени со трошок за плати од 107 милиони денари, додека во 2024 година со 205 вработени, трошокот за плати изнесувал 148 милиони денари. Во 2025 година, поради зголемувањето на минималната плата, овој трошок се искачил на 158 милиони денари. Според него, во периодот од 2019 до 2025 година, бруто-платите се зголемиле за 62 милиони денари.

Како главни причини за загубата се посочуваат високата цена на електричната енергија, зголемените трошоци за сирова вода од „Стрежево“, како и поскапувањето на репроматеријалите. За надминување на овие предизвици, во 2025 година, во соработка со Општина Битола, биле изградени над 7 километри нова водоводна мрежа, во вредност од 40 милиони денари.

Во насока на намалување на трошоците, „Водовод“ изработил проект за поставување фотоволтаици и аплицирал со проект поддржан од Швајцарската амбасада, за инсталација на соларни панели на објектите во стопанскиот двор, со што значително ќе се намалат трошоците за електрична енергија.

Паралелно, подготвен е и проект за нов потисен цевковод, кој ќе овозможи зголемено испумпување вода од хидро-системот „Стрежево“ во летниот период. Со замената на постојниот цевковод Ф700 со нов Ф800, ќе се подобри притисокот на водата, ќе се намалат загубите и ќе се обезбеди стабилно водоснабдување на градот во наредните 50 години.

Минатата недела во Битола беше одржана и панел-дискусија посветена на подобрување на услугите што јавните претпријатија им ги нудат на граѓаните, на која беа отворени прашања за финансиската одржливост и ефикасноста на јавниот сектор.

Continue Reading

Република

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА СЕДНИЦА НА РЕГИОНАЛНАТА СТОПАНСКА КОМОРА

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска присуствуваше на 21-та свечена предновогодишна средба на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора со седиште во Битола.

На дневен ред беше работата на Регионалната комора во 2025 година, како и предлог програмата за активностите во 2026 година.

Градоначалникот со своето присуство имаше можност да ги слушне предлозите и проектите кон побрз економски раст и развој на Пелагонија и Преспа за 2026 година.

Уште еднаш беше истакната важноста на долгогодишната соработка на Општина Битола со Регионалната стопанска комора, со цел побрз економски развој на регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг