Connect with us

Скопје

Во какви домови живееме? Само 1 од 800 згради е безбедна!

Published

on

Од досегашната контрола на станбените објекти во општина Карпош утврдено е дека само една од 800 згради во општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност, соопшти денеска градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

По проверките на станбените објекти, рестораните, кафулиња, диско клубовите, ноќните клубови, одѕивот беше многу голем. До сега се отповикале 330 влезови од згради. Инаку општина Карпош има 820 згради и 1.500 влезови. Значи, до сега одговориле 330 и уште 250 се јавиле на нашите телефони за дополнителни инструкции. Од онаа контрола што е направена од нашите инспекциски служби, само една зграда е исправна, како што викаат по ПС (правила на службата). Тоа е зградата на Адора. Значи има 41 противпожарен апарат. Во 18 станови исто така има ПП апарати. Има повеќе апарати со ЦО2 за гасење на пожар од електрична инсталација. Има уште еден специјален систем за гасење на пожар, панични светла и се што треба по ПС. Значи само една зграда во Карпош е таква каква што треба, како што бара законот. За жал не можеме истото да го кажеме за другите згради. 

Градоначалникот соопшти дека информациите што ги добиваат службите во општината ги праќаат до Дирекцијата за заштита и спасување, но оттаму нема никаков повратен одговор. 

Сите овие добиваат инструкции што треба да направат од страна на нашите служби. Нашите служби се јавуваат директно во Дирекцијата за заштита и спасување, праќаат меилови… но ги нема нигде. Дали се отселени на друга планета, или што се случува со нив, за да ние тоа го работиме во координација, за евентуално инструкции да добиеме во оваа работа, но за жал тоа го работиме сами, иако најодговорен за оваа работа е ДЗС, вели Јакимовски. 

Првиот човек на општината информира и дека се пишани 21 казна на локали кои воопшто не отпочнале постапка за обновување на дозвола, една казна е напишана за не исполнување на еколошките стандарди, а два ноќни клубови одбиваат соработка со инспекторите, при што едниот се заканувал дека тој бил закон. 

„Што се однесува до почитување на еколошките стандарди, проверени се 110 објекти, од тие 90 се е во ред, на 18 соодветните елаборати им се во постапка на изработка, еден е во тек на реновирање, и на еден му е пишана казна затоа што и претходно бил опоменуван и не постапил согласно напатствијата на инспекторот за екологија. Правните лица секаде имаат ПП апарати, хидранти итн… значи со правните лица имаме најмалку проблем. Што се однесува до кафеаните, кафулињата, ноќните клубови, дискотеките, состојбата е следна: од 115 проверени сите имаат ПП апарати, во 60 летните тераси се во ред, пишана е 21 казна бидејќи воопшто не ја отпочнале постапката за обновување на дозволата и остатокот се во постапка за добивање на согласност во Град Скопје. Овде морам да кажам дека со новиот Закон за локална самоуправа треба да се прекине со тоа двојство. Значи на територија на општина Карпош ако издаваме одобренија за градби, треба да издаваме и одобренија за овие тераси. Зашто ни се летни тераси? Ни се случува двојство. Често пати граѓаните не се согласуваат со дадената дозвола за тоа место, а тоа често пати се прави и без консултација со локалната самоуправа. Морам да кажам дека два ноќни клубови не соработуваат со инспекторите. Тоа се клубовите Пјур и Мош. Не соработуваат. Дури за едниот клуб, колегата има поведено постапка како дивоградба пред неколку месеци и кога го посетил сопственикот го прашал зошто доаѓа? Вика, затоа што законот така бара… Тој му одговорил дека и тој бил закон! Јас одговорно тврдам дека овие сопственици на ноќни клубови се сива еминенција во средините каде што живеат и си дозволуваат малку повеќе од тоа што треба. Значи и покрај тоа што одбиваат соработка, ние ќе ја тераме постапката до крај и како што бара законот односно отстранување на нивните објекти“, велат од Општината.

Скопје

Неколку делови од Скопје утре без струја, прекините ќе траат од 3 до 7 часа

Published

on

Утре без струја ќе останат делови од општините Аеродром, Зелениково и Сопиште, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од компанијата „ЕВН“ информираа дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од овие три општини.

Во општина Аеродром, од 8:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче. Во истото време, без напојување ќе бидат и објектите во околината на зградата на „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“.

Во општина Зелениково, од 9:00 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците од селата Дејковец и Добрино.

Во општина Сопиште, од 9:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат делови од село Горно Соње, и тоа улиците со број „10“ и „12“.

Continue Reading

Скопје

Патот Драчево – Пинтија е под вода поради излевањето на Маркова река

Published

on

Попладнево обилните врнежи од дожд го поплавија и селото Батинци. Улиците се под вода, а жителите се обидуваат да спречат поголема штета и да ги заштитат своите домови.

Видеото може да го погледмете тука

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски на терен со механизација по излевањето на Маркова Река

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, веднаш по добиените информации за излевање на Маркова Река во општина Студеничани, се упати на критичните локации за да помогне во справувањето со состојбата.

„Механизацијата е на терен и нема опасност по населението. Се работи интензивно за враќање на реката во нејзиното корито,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој заедно со градоначалникот на Студеничани, Азем Садику, ја следи ситуацијата во текот на целата ноќ, а во постојана комуникација е и со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски, кој е подготвен да помогне доколку има потреба.

„Временските непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме заеднички да делуваме за да ги минимизираме последиците,“ порача Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк