Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Демант од ТИРЗ: Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија

by
2025/03/29 10:15:52
in Uncategorized

Сите активности и планови на Дирекцијата за Технолошки Индустриски Развојни Зони се во целосна согласност со законот, а секое ново вработување е темелно анализирано и оправдано со цел унапредување на услугите. Ова обезбедува конкретни придобивки за сите засегнати страни – подобри поволности за корисниците на зоните и добро платени работни места за квалитетен и искусен кадар. Сето ова е далеку од расипништво, односно истото е неопходно за обезбедување континуиран развој на зоните и подобрување на инвестициската клима во државата.

Во 2025 година Дирекцијата за ТИРЗ има склучено договор за јавна набавка со Приватна агенција за вработување Мотиви на износ од 40 милиони денари без вклучен ДДВ. Набавката е реализирана согласно Годишниот план за јавни набавки и истата беше потребна од причина што моменталниот број на вработени на неопределено време во Дирекцијата изнесува 81 лице кои не се доволни за реализација на целокупниот број на надлежности на Дирекцијата.

Од вкупниот број на вработени на неопределено време, само 12 лица се вработени во ТИРЗ Скопје 1 и 2, во ТИРЗ Штип има 9 вработени лица, во ТИРЗ Кичево 4 лица, ТИРЗ Прилеп 3 лица, ТИРЗ Струга 4 лица, ТИРЗ Струмица 3 лица и ТИРЗ Тетово 4 лица.

Оваа бројка на вработени не е доволна за целосно спроведување на надлежностите на Дирекцијата во зоните, кои работат 24 часа, ниту за непречено извршување на активностите во нив. Од тие причини потребно беше да се ангажираат доволен број на вработени кои ќе овозможат тековно и непречено извршување на надлежностите, со цел квалитетна услуга на корисниците на зоните.

Што се однесува до Годишниот план за вработување во Дирекцијата за 2025 година, во истиот е предвидена реализација на вкупно 65 нови вработувања кои во најголем дел се однесуваат на истите работни места кои во претходните години и во оваа година се ангажирани лица преку приватна агенција за вработување се со цел тековно и непречено извршување на активностите заради квалитетна услуга на корисниците на зоните.

Воедно со реализацијата на овој годишен план ќе се намалат дополнителните трошоци кои ги има Дирекцијата за ТИРЗ во врска со ангажирање на лица преку Приватна агенција за вработување.

Ангажманот на меѓународна ревизорска куќа е целосно оправдан со цел обезбедување независна и стручна евалуација на финансиското и оперативно работење на Дирекцијата, што е и вообичаено за институции кои имаат стратешко значење за националната економија, во согласност со најдобрите меѓународни сметководствени и ревизорски стандарди за транспарентност и отчетност.

Вкупните странски директни инвестиции за 2024 година изнесуваа 1255 милијарди евра, што е историски рекорд во независна Македонија, со цели 400 милиони евра раст само во последниот квартал, а средната оценка од анкетата за задоволство на корисниците на зоните се накачи на 4.48 (од максимум 5), додека добивката од работењето на Дирекцијата за ТИРЗ за 2024 година изнесуваа 107.155.967,00 денари.

Имено, според последниот извештај за примената на системот за интегритет во 2024 година, изработен од Државната Комисија за Спречување Корупција, Дирекцијата за ТИРЗ се најде помеѓу повисоко рангираните, односно на 15-то место со 61.1% на исполнетост, за разлика од 2023 година кога процентот на исполнетост изнесуваше само 39.2%.

Земајќи го сето ова во предвид, како и тоа дека сме во преговори со бројни мултинационални компании, јасно и одговорно тврдиме дека секој ангажман во Дирекцијата за ТИРЗ е темелно анализиран и со законски основи, што не е ниту расипништво, ниту нерационално трошење на средствата, туку неопходна инвестиција во капацитетите кои овозможуваат непречено функционирање на зоните и привлекување нови инвестиции со додадена вредност.

Воедно, апелираме до сите медиуми за совесно информирање на јавноста, особено во периоди кога истата е чувствителна на вакви тенденциозни препирки.

Next Post
Тајната на бројот 187: Еве што значи тетоважата на криминалецот кој загина во текот на грабеж на банка во Сплит (ФОТО)

Тајната на бројот 187: Еве што значи тетоважата на криминалецот кој загина во текот на грабеж на банка во Сплит (ФОТО)

Пирогов прави чудо! Децата од Кочани екстубирани благодарение на трудот на бугарските лекари и Божјата милост!

Препорачани Вести

Божиновска за Емагазин: Ја реформираме регулацијата за поодржлива животна средина, додека ја правиме зелената енергија подостапна за домаќинствата

5 months ago
Нејмар повикан во репрезентацијата по повеќе од една година

Нејмар повикан во репрезентацијата по повеќе од една година

10 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.