Connect with us

Магазин

Хааланд и Софи Рејн: Кој заработува повеќе?

Published

on

Во неочекувано споредување на заработките, фудбалската ѕвезда на Премиерлигата, Ерлинг Хааланд, според извештаите заработува 2,34 милиони евра месечно, што го прави најплатен играч во Англија. Сепак, оваа сума изгледа мизерно во споредба со неверојатните 4,7 милиони евра месечен приход на моделот на OnlyFans, Софи Рејн.

Магазин

Луѓето кои го имаат овој број во датумот на раѓање се миленици на судбината, ги чека само среќа и благосостојба

Published

on

Лудa среќа и благосостојба во животот ги придружуваат сите оние кои во датумот на раѓање го имаат овој број.

Нумеролозите истакнуваат дека низите на броеви во датумот на раѓање можат да влијаат на нашата судбина, иднина, карактер и односи.

Сепак, меѓу разноврсните низи, броеви и комбинации на цифри, посебно се издвојуваат броевите 1, 2, 12, 21, 11 и 22.

Низите на броеви со единица и двoјка се сметаат за ангелски низи – броеви кои симболизираат почеток, рамнотежа, хармонија и добра надеж.

Нумерологијата открива каква среќа ги придружува во животот оние кои во датумот на раѓање имаат броеви 1, 2, 12, 21, 11 и 22!

Број 1 во датумот на раѓање

Енергијата на бројот 1 симболизира зголемени способности за управување и лидерски квалитети. Лицата со овој број имаат зголемено самопочитување и сила на волјата, но и оригинален пристап во сè што прават во животот. Имаат остро око за детали, па својот живот најчесто го бојат со позитивни и убави нијанси на оптимизам. Често се чувствителни и склонни кон скривање на чувствата, но во љубовта се искрени, отворени и верни.

Број 2 во датумот на раѓање

Ова се чувствителни души со развиена интуиција. Имаат топла природа и големо срце, а нивната најубава особина е разбирањето, што ги прави одлични пријатели. Двојките се многу социјални и отворени за нови познанства. Често се во центарот на вниманието, но никогаш не паѓаат во замката на егото. Нивната тајна се крие во неверојатната харизма.

Број 11 во датумот на раѓање

Лицата кои се родени на 11-ти ден од месецот се големи сонувачи, но и одлични лидери во својот бизнис. Нивната природа има силна духовна страна и многу се чувствителни. Имаат силен темперамент, но сè што прават претходно добро го проценуваат и размислуваат. Тоа се креативни души кои вечно живеат во некој свој, посебен свет, но знаат кога е време да се вратат во реалноста и да го остварат својот сон.

Број 12 во датумот на раѓање

Тие се одликуваат со неверојатна физичка и ментална енергија и опуштена природа. Собирањето на бројките 1 и 2 го дава еден од најсреќните броеви – тројката. Тоа значи дека овие личности имаат среќен дух, но се и многу решителни и храбри. Имаат способност да се претстават во најдобро светло и да остават добар впечаток. Нивниот талент најчесто е поврзан со комуникација или пишување. Во љубовта се многу нежни и емотивни, но имаат и развиена еротска енергија и страст.

Број 21 во датумот на раѓање

Вашата немирна и авантуристичка природа постојано ве поттикнува да истражувате нови хоризонти на животот. Соочени со проблеми, покажувате опуштен став и, наместо да паничите, наоѓате начини да дојдете до решение. Одлични сте соговорници и енергични. Подложни сте на успони и падови, но кога паѓате, полесно се издигнувате.

Број 22 во датумот на раѓање

Способни сте за големи работи во животот и преземате одговорност напорно работејќи на своите цели. Во раниот дел од животот сте склонни да бидете тврдоглави и да ги потиснувате чувствата, но зрелоста ви носи леснотија на духот. Имате моќна внатрешна сила и харизма. Овие личности се стремат кон креирање на подобар свет и убаво утре. Нивната мисија секогаш е за општото добро.

Continue Reading

Магазин

Научниците потврдија: Ова е најлошата болка која човекот може да ја искуси и преживее

Published

on

Кога ќе помислиме на најлошата болка, многумина ќе се сетат на удирањето на малиот прст од ивицата на мебелот. Меѓутоа, истражување од 2020 година покажала дека постојат многу интензивни болки.

Истражувањето, во кое учествувале повеќе од 1.600 луѓе, ја споредувала болката предизвикана од различни состојби.

На првото место се нашле кластер главоболите, кои предизвикале најсилна болка со оценка 9,7 од 10. Оваа ретка и тешка главоболка обично се чувствува како неподнослива болка зад окото, која се шири на лицето, главата и вратот. Нападите можат да траат од неколку минути до неколку часа и често се придружени со немир, течење од носот и промени на кожата.

Породувањето го зазелo второто место со оценка 7,2, додека следни на листата се фрактури на коски, камен во бубрезите и мигрени. Иако срцевиот удар често завршува со смрт, тој е оценет само со 5 од 10, што сугерира дека интензитетот на болката не е секогаш поврзан со сериозноста на состојбата.

Continue Reading

Магазин

Почина еден од најпопуларните холивудски актери: Ова е последната емотивна фотографија која ја објави

Published

on

Холивудскиот актер Вал Килмер, познат по своите улоги во филмовите Жештина, Светец, Ајсмен во „Топ ган“ и Џим Морисон во биографскиот филм за „Дорс“, почина на 65 години. Килемр почина од последици на воспаление на белите дробови. Веста ја потврди неговата ќерка, актерката Мерцедес Килмер, за Њујорк Тајмс.

Килмер, кој со години се бореше со рак на грлото, беше дијагностициран со оваа болест во 2015 година. И покрај сложените третмани, вклучувајќи хемотерапија, зрачење и операции, неговата здравствена состојба остана кревка.

Со кариера исполнета со легендарни улоги и соработки со врвни режисери, Килмер беше еден од најталентираните актери на својата генерација. Беше во брак со британската актерка Џоан Воли, со која има две деца – ќерката Мерцедес и синот Џек, кој исто така е актер.

Последната фотографија на Килмер, објавена на неговиот Инстаграм профил, разбуди емоции кај обожавателите ширум светот.

Последната објавена фотографија, Инстаграм

Во февруари 2025 година, само два месеца пред неговата смрт, актерот го сподели своето последно видео – снимка на која носи маска од Бетмен, лик кој го толкуваше во Бетмен засекогаш.

Со неговото заминување, Холивуд загуби уште една икона, но Килмер останува бесмртен преку своите улоги, уметноста и инспирацијата што ја остави зад себе.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк