Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Катастрофа по земјотресот во Мјанмар, над 1.000 загинати, жена се породи на улица

by Уредник
29.03.2025
in Uncategorized

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Мјанмар се искачи на повеќе од 1.000 луѓе, додека спасувачите очајнички ги бараат преживеаните под урнатините на зградите.

Плиткиот земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди областа северозападно од градот Сагаинг во центарот на Мјанмар ,вчера, во раните попладневни часови, а неколку минути подоцна следеше афтершок со јачина од 6,7 степени.

Земјотресот уништи згради, урна мостови и уништи патишта низ поголемиот дел од земјата, а големи штети беа пријавени во вториот по големина град Мандалеј.

Најмногу смртни случаи во Мандалеј, бројките не се конечни 

Владејачката хунта во саботата објави дека 1.002 лица биле потврдени мртви и 2.376 повредени, а најголем дел од смртните случаи се во Мандалеј. Во соопштението тие велат дека бројките се уште не се конечни: „Се уште се собираат податоци“.

Во соседен Тајланд, каде исто така се почувствуваа потреси, властите во Бангкок соопштија дека досега се пронајдени шест мртви, а 26 повредени, додека 47 лица се уште се водат како исчезнати. Повеќето од нив биле на градилиште на облакодер во близина на популарниот пазар Чатучак. Претходно властите објавија дека 10 лица загинале, а околу 100 се водат за исчезнати.

Поради големите проблеми во комуникацијата во Мјанмар, се уште не се знае вистинскиот обем на катастрофата, а се очекува бројот на жртвите значително да се зголеми.

Најсилниот земјотрес што го погодил Мјанмар во повеќе од еден век

Според американските сеизмолози, ова е најсилниот земјотрес што го погодил Мјанмар во повеќе од еден век. Земјотресот бил толку силен што оштетил згради во Бангкок, стотици километри оддалечени од епицентарот.

Спасувачите во главниот град на Тајланд ја поминаа ноќта барајќи работници заробени во урнатиот облакодер од 30 ката, кој се урнал за неколку секунди, претворајќи се во куп урнатини.

Властите во Бангкок објавија дека ќе испратат повеќе од 100 инженери на терен за да ги прегледаат оштетените згради, откако добија повеќе од 2.000 извештаи за штета.

Иако немаше големи разурнувања, потресите предизвикаа драматични сцени.

Жена се породи на улица

Дури и болниците беа евакуирани – една жена се породи надвор откако беше преместена од зградата на болницата. Еден хирург продолжи да го оперира пациентот по евакуацијата, завршувајќи ја процедурата на отворено, изјави портпаролот за „АФП“

Најлошо беше во Мјанмар, каде четиригодишната граѓанска војна, која започна со воен удар, го уништи системот за здравство и итната помош.

Водачот на Хунтата Мин Аунг Хлаинг упати исклучително редок апел за меѓународна помош, што укажува на сериозноста на ситуацијата. Претходните воени власти одбија странска помош дури и по големи природни катастрофи.

Земјата прогласи вонредна состојба во шесте најпогодени региони. Во една од најголемите болници во главниот град, Најпида, лекарите мораа да ги лекуваат повредените на отворено.

„Нашиот град изгледа како да се урна“ 

Еден функционер ја опиша ситуацијата како „област на масовни жртви“.

Мандалеј, град со повеќе од 1,7 милиони жители, претрпе сериозни штети. Фотографиите покажуваат десетици згради срамнети со земја.

Спасувач од Амарапура, антички град кој сега е област на Мандалај, рече дека извлекле тела на 30 луѓе од срушените повеќекатници.

„Никогаш не сум доживеал вакво нешто – нашиот град изгледа како да е урнат“, рече тој, проценувајќи дека околу една петтина од зградите се уништени.

Има недостиг од спасувачи

Еден жител кој телефонски разговарал со АФП рече дека болница и хотел се уништени, а градот има хронично недостиг од спасувачки персонал.

Друг сведок од Мандалеј, кој сакаше да остане анонимен, рече дека осум лица загинаа, а повеќе останаа заробени откако се урна градилиште во областа Пигијтагон.

„Целиот град Мандалај е погоден од земјотресот. Спасувачките служби и болниците се преоптоварени. Ние помагаме најдобро што можеме со она што го имаме во соседството“, рече тој.

Фотографиите покажуваат купишта тули и урнатини пред оштетената џамија во Мандалеј. Според нивните тврдења, таму загинале најмалку 20 лица, но оваа бројка не може да се потврди независно.

Трамп вети помош од САД

Долги линии автобуси и камиони чекаа на влезот во Најпидау рано во саботата.

Почнаа да пристигнуваат понуди за помош од странство. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот вети американска помош.

„Тоа е страшно“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на прашањето дали ќе одговори на апелот на властите во Мјанмар.

„Тоа е навистина, навистина лошо, и ние ќе помогнеме. Веќе контактиравме со таа земја“.

Помош понудија и Индија, Франција и Европската унија, додека Светската здравствена организација најави дека подготвува медицински материјали за трауматски повреди. Кинескиот претседател Си Џинпинг упати сочувство, објавија државните медиуми.

Next Post

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Викендов обилни врнежи, грмежи и невреме во Македонија!

„Плати или ќе жалиш“: Газда рекетиран и претепан, Полицијата уапси тројца!

Препорачани Вести

Полициска акција во Идризово: Пронајдени бомби и муниција, предлог за притвор

5 months ago
Важна лекција од војната во Украина: Американската армија започнува огромна воена реформа

Важна лекција од војната во Украина: Американската армија започнува огромна воена реформа

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.