Connect with us

Свет

Паника во Москва: Експлозија во лимузината на Путин?

Published

on

Лимузината „Аурус“ од официјалната флота на рускиот претседател Владимир Путин експлодирала на улица северно од седиштето на московската тајна служба ФСБ во Лубјанка, вели Б92.

На видеата се гледа дека пожарот кој избувнал во моторот на „аурус сенат“ вреден близу 330.000 евра се проширил и во внатрешноста на возилото.

Се уште не е познато кој управувал со автомобилот кога се случил инцидентот. Се верува дека лимузината е во сопственост на Одделот за управување со средства на рускиот претседател.

Видеото може да го погледнете тука

Свет

САД ја започнаа најголемата воена операција – дали следи напад врз Иран?

Published

on

Во текот на изминатите три дена, повеќе од Според непотврдени извештаи, товарот вклучува и напредни системи за противвоздушна одбрана – најверојатно батерии за ракети Патриот – кои се преместуваат додека регионот се подготвува за понатамошна ескалација.

Во тек е масовна операција на американска воена авијација за распоредување воена опрема на Блискиот Исток.

Во текот на изминатите три дена, повеќе од 16 транспортни авиони на американските воздухопловни сили Ц-17 „Глоубмастер 3“ слетале во воздухопловната база Осан во Јужна Кореја пред да продолжат со својот лет до воздухопловната база Иса во Бахреин.

Според непотврдени извештаи, товарот вклучува и напредни системи за противвоздушна одбрана – најверојатно батерии за ракети Патриот – кои се преместуваат додека регионот се подготвува за понатамошна ескалација.

Ваквиот развој на состојбата доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и Иран, поради што специјализираните воени портали коментираат дека ова е најава за можна американска акција против Техеран.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во понеделникот рече дека САД ќе добијат силен удар доколку дејствуваат според заканата на претседателот Доналд Трамп дека САД ќе го бомбардираат Иран доколку Техеран не постигне нов нуклеарен договор со Вашингтон, објави Ројтерс.

Continue Reading

Свет

Протече таен документ на Пентагон: Еве како ќе реагираат САД доколку Европа е нападната

Published

on

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, издал доверливи упатства кои ја преместуваат воената стратегија на САД кон спречување на кинески напад на Тајван и зајакнување на одбраната на матичната територија, со преземање ризици во Европа и други делови на светот. Документот има јасно влијание од Фондацијата Херитиџ, чии делови се директно пренесени, пишува Вашингтон пост.

Документот, кој Вашингтон пост го има разгледано, е означен како „тајно/без пристап на странски државјани“ и бил дистрибуиран низ Пентагон во средината на март со потпис на Хегсет. Во него се изложува стратегијата на претседателот Доналд Трамп за подготовка на војна со Кина и за одбрана на американските интереси во соседството, вклучувајќи ги Гренланд и Панамскиот канал. Документот исто така ја повикува војската да се вклучи во борбата против нелегалната миграција и шверцот со дрога.

Во разлика од стратегијата на претходните администрации, кои ги сметаа Кина и Русија за најголеми закани, Хегсет нагласува само едно сценарио: спречување на кинески напад на Тајван. Сè друго е второстепено.

Пентагон, како што се наведува, ќе преземе ризик во други области поради ограничените ресурси и ќе врши притисок врз сојузниците во Европа, Блискиот Исток и Источна Азија да ја засилат својата одбрана, особено против заканите од Русија, Северна Кореја и Иран. За Европа, Хегсет бара сојузниците да преземат поголем дел од воениот товар. САД нема да испраќаат поголеми воени сили во Европа, бидејќи се приоритетни сосем други региони.

Документот признава дека е малку веројатно дека САД ќе пружат значителна помош на Европа ако Русија започне воена офанзива. Наместо тоа, САД ќе се потпрат на НАТО сојузниците да ја водат одбраната. Планирано е Пентагон да се концентрира на една главна војна – таа со Кина, додека одбраната против Русија ќе ја остави на европските сојузници.

Во документот се наведува и дека терористичките операции ќе се фокусираат само на групи кои директно ја загрозуваат безбедноста на САД. Милитантите кои дејствуваат само регионално веќе нема да бидат приоритет.

Хегсет исто така бара повлекување од повеќе глобални региони, вклучувајќи го Блискиот Исток. Сепак, американската влада продолжува со напади на хутите во Јемен и со притисок врз Иран, што предизвикува контрадикции и критики од Конгресот.

Документот има извадоци кои се слични на извештајот на Фондацијата Херитиџ од август 2024 година. Тие наводно ги поставуваат трите главни приоритети: спречување на кинеска инвазија на Тајван, одбрана на САД и поголем придонес на сојузниците. За Пацификот се планира јакнење на военото присуство со подморници, бомбардери и специјализирани единици.

Документот се повикува и на заштита на американските интереси во региони како Гренланд и Панамскиот канал, и бара проширување на американскиот нуклеарен арсенал и системите за одбрана од проектили. Пентагон и Фондацијата Херитиџ не го коментираа документот.

Continue Reading

Свет

Русија го одби предлогот на американскиот претседател: Путин постави нови услови

Published

on

Русија вели дека сериозно ги разгледува предлозите на САД за завршување на војната во Украина, но дека „не може да го прифати“ сегашниот мировен договор на претседателот Доналд Трамп и постави нов сет барања.

Заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва сака САД да ги земат во предвид она што ги смета за основните причини на конфликтот.

„Ние сериозно ги разгледуваме моделите и решенијата што ги предложија Американците, но не можеме да ги прифатиме сите во сегашната форма“, изјави Рјабков за списанието „Интернешнл аферс“.

„Колку што гледаме, денес во нив нема место за нашето главно барање, а тоа е да се решат проблемите во врска со основните причини на овој конфликт“, рече тој. „Тоа целосно недостасува и мора да се надмине“, додаде Рјабков.

Трамп, во неделата, го „критикуваше“ рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изразувајќи фрустрација поради продолжувањето на борбите во војната, која што ја најави како нешто што ќе заврши брзо.

Трамп инсистираше на тоа дека има напредок во преговорите, но рече дека ќе разгледа воведување дополнителни санкции за да изврши притисокот врз Москва.

Тој исто така го обвини Зеленски дека се обидува да се откаже од договорот со САД за пристап до украинските минерални ресурси.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк