Connect with us

Црна Хроника

Во Кочани пронајдена дрога, приведени четири лица

Published

on

На 28.03.2025 околу 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани ги лишиле од слобода О.С.(18) од Куманово, М.А.(54) од Кочани, Е.М.(25) од Виница, Џ.А.(34) од Виница и С.М.(38) од Кочани. Тие биле затекнати во патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Џ.А. од Виница, и при преглед кај нив, кај С.М. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрс во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Црна Хроника

Ограбена обложувалница во Скопје, вработениот добил закани

Published

on

Вчера ограбена обложувалница во скопски Бутел. 

– На 31.03.2025 околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на населба Бутел во Скопје, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет и од сефот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата. 

Continue Reading

Црна Хроника

Му барала 7. 000 евра: тетовка го уценувала поранешниот вонбрачен партнер

Published

on

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. 

Пријавената, изминатите три години го уценувала поранешниот вонбрачен партнер, барајќи му 7.000 евра, заканувајќи се дека во спротивно ќе ја извести неговата сопруга за нивната врска и за детето кое наводно било негово. 

Continue Reading

Црна Хроника

Од куќа украле околу 220.000 денари

Published

on

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(28), С.А.(28) и Р.Б.(30), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

Во период од 2023 година до 17 декември 2024, пријавените со употреба на физичка сила и подесен алат влегле во куќа во Крива Паланка и одзеле пари и други предмети и се стекнале со противправна имотна корист од околу 220.000 денари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк