Connect with us

Балкан

Амабсадорот на САД во Белград ги крстил своите кучиња “РАКИЈА” и “ПИВО”

Published

on

Марк Брнович беше предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за амбасадор на САД во Србија. Брнович изјави дека отсекогаш имал сон народите од Балканот да имаат претставник во Вашингтон, како дел од неговата визија за подобрување на врските меѓу регионот и САД.

Новиот амбасадор на САД во Србија, Марк Брнович, откри дека неговите кучиња се викаат „Ракија“ и „Пиво“. Ова го сподели во една од неговите објави, додавајќи дека тие се дел од неговото семејство и лична приказна.

Брнович има татко Црногорец и мајка Хрватка, и се гордее со своето балканско потекло. Неговата мајка емигрирала во САД за да избега од комунизмот, а Брнович како дете живеел во Аризона.

Балкан

Паркот „Свети Врач“ во Сандански расцути пред Велигден

Published

on

Во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Велигден, Паркот „Свети Врач“ во Сандански доби ново, пролетно руво. Шарени и внимателно уредени алеи го збогатија просторот, внесувајќи дополнителна доза боја, ведрина и магија во срцето на градот.

Овој зелен ќош во Сандански веќе е омилено место за прошетки, одмор и фотографирање, а новите цветни насади само ја зголемуваат неговата привлечност. Посетителите се повикани да ја зачуваат убавината на паркот и да го почитуваат вложениот труд, за истата радост да ја споделуваат уште долго време.

Continue Reading

Балкан

[ВИДЕО] Огромно откритие на дното на Јадранското море: Откритие старо повеќе од 7.000 години, било закопано под морскиот песок

Published

on

Откриен антички подводен пат стар 7.000 години кај Корчула – поврзувал праисториска населба со копното

Подводни археолошки истражувања кај западниот брег на островот Корчула доведоа до фасцинантно откритие – остатоци од пат стар околу 7.000 години, кој, според експертите, поврзувал сега потопено праисториско село со копното. Ова историско откритие го направи тим археолози од Универзитетот во Задар во рамки на долгогодишни истражувања на неолитскиот локалитет Солиње.

Сѐ започнало кога научниците, анализирајќи сателитски снимки, забележале необични форми под површината на морето. Откако подготвиле опрема и извршиле нуркања на теренот, под наслагите морски талог пронашле камен пат, изграден од внимателно наредени плочи, широк околу четири метри.

Според досегашните наоди, станува збор за комуникациски правец што датира од околу 4.900 години пред нашата ера и бил дел од културата на Хвар. Потврдата за возраста на локалитетот била добиена преку радиокарбонска анализа на дрвени остатоци најдени при претходни ископувања.

„Луѓето навистина чекореле по овој пат пред речиси седум милениуми“, објави Универзитетот во Задар на својата официјална Facebook страница.

Во прв момент постоела дилема дали станува збор за природна формација, но дополнителни наоди – како што се фрагменти од керамика и камени алатки – јасно укажале дека патот е резултат на човечка активност.

Истражувачкиот тим, охрабрен од успехот, продолжил со ископувања и на другата страна на островот, кај заливот Градина. Таму, на длабочина од четири до пет метри, било идентификувано уште една потопена неолитска населба со слични карактеристики како она кај Солиње.

Иако остатоците од патот биле откриени уште во 2021 година, неговото постоење беше официјално потврдено дури во 2023, а приказната стана глобална сензација. Последниве денови, веста повторно добива на актуелност во хрватските медиуми, потсетувајќи на значењето на Корчула како археолошка точка од светски ранг.

Continue Reading

Балкан

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел вдолж Коридорот 8

Published

on

Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и да започне со изградба на прекуграничниот железнички тунел на делницата од Коридорот 8. Ова го изјави бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, на работен појадок со амбасадорите на земјите од ЕУ и НАТО, посветен на напредокот на овој стратешки инфраструктурен проект – пренесе БТА.

Караџов потенцираше дека тунелот меѓу Ѓуешево и македонската граница претставува клучна врска помеѓу Црното и Јадранското Море. Според него, Бугарија е подготвена веднаш да започне со изградба на својот дел од трасата – долг 2,4 километри – но посочи дека вистинскиот почеток зависи од договорот и изградбата на самиот тунел.

„Очекуваме официјален одговор и евентуални забелешки од Скопје. Доколку нема, сме подготвени веднаш да го потпишеме договорот и да почнеме со работа“, изјави Караџов.

На истиот настан зборуваа и министерот за регионален развој на Бугарија, Иван Иванов, и министерот за одбрана Атанас Запријанов. Иванов истакна дека не смее да се изгуби фокусот од стратегиските проекти како Коридорот 8, нагласувајќи ја потребата од забрзување на реализацијата поради неговото значење за економското и логистичкото поврзување.

Одбранбениот министер Запријанов, пак, го нагласи значењето на проектот во контекст на воената мобилност и регионалната безбедност. Тој подвлече дека железничкото поврзување меѓу двете земји е суштински дел од европскиот проект „Воена мобилност“, кој е еден од приоритетите во соработката меѓу НАТО и ЕУ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк