Connect with us

Европа

Овој град во Европа бара градоначалник преку оглас: Еве кои се условите

Published

on

Германскиот град Вагенроге, кој се наоѓа на истоимениот остров во Северно Море, бара градоначалник преку оглас во весниците, пренесува неделникот „Шпигел“.

Три партии, Демохристијанската унија, Социјалдемократската партија и Зелената партија, заедно објавиле ваков оглас.

„Со нас можете да ја обликувате иднината преку оваа одговорна позиција“, се наведува во текстот на огласот објавен денеска во локалниот весник.

Во наредните денови, огласот ќе биде проследен и до други медиуми.

Во огласот се наведени критериумите за кандидатот за градоначалник на Вагенроге – подготвеност да се живее на островот, високо образование, посакувано искуство, како и старосна граница која ја утврдува уставот на покраината Долна Саксонија.

Трите германски партии што го објавиле огласот наведуваат дека во Вагенроге има недостиг од квалификувана работна сила, поради што е речиси невозможно да се најдат кандидати за административни функции.

„Шпигел“ наведува дека овој остров веќе имало позитивни искуства во наоѓањето функционери преку огласи, а на тој начин е најден и сегашниот градоначалник Марсел Фангор пред седум години, по неочекуваната смрт на неговиот претходник.

Заинтересираните кандидати имаат рок за пријави до 14 јуни, а изборите за градоначалник се закажани за 17 август.

Европа

Германија става кочница – помалку работници од Балканот!

Published

on

Новата германска влада, која треба да ја формира Фридрих Мерц, би можела да го ограничи таканареченото правило за Западен Балкан, кое дозволува работници од неколку балкански земји да доаѓаат во Германија, пишува „Тагешајтуг“.

На Германија и требаат работници, најмалку 400.000 годишно, велат експертите. Една од можностите овие луѓе да дојдат во Германија е таканареченото правило за Западен Балкан. Сепак, под новата влада со Мерц на чело, тоа правило може да биде значително ограничено. Овие посебни прописи им дозволуваат на луѓето од Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да дојдат на работа во Германија без никакви проблеми. За тоа не им треба стручно образование или квалификација – доволно е да имаат понуда за работа и одобрение од Федералната агенција за труд и вработување.

Правилото беше воведено во 2015 година со цел да се намали бројот на барања за азил од овие земји и да им се даде можност на луѓето редовно да пристапуваат до пазарот на трудот. Оттогаш, бројот на барања за азил од земјите од Западен Балкан значително се намали. Мигрантите од овој дел на Европа често работат во медицинскиот и градежниот сектор, рестораните и хотелите. Во 2024 година, владата на семафорот на Олаф Шолц не само што го продолжи правилото за Западен Балкан, туку и ја зголеми квотата за давање работни визи од 25.000 на 50.000 годишно, објави Политика.

Continue Reading

Европа

Огромна воена помош за Украина во најтешките времиња: Никој не го очекуваше ова

Published

on

Шведска денеска најави одобрување на нов пакет воена помош за Украина во вредност од 1,47 милијарди евра, што претставува најголемиот пакет кој оваа земја досега го испратила кон Киев.

Овој потег е дел од поширокиот план на Шведска да ја зголеми својата помош за Украина во текот на 2025 година.

Министерот за одбрана на Шведска, Пал Јонсон, изјави на прес-конференција дека најголемиот дел од пакетот, односно 850 милиони евра, ќе биде насочен кон набавка на воена опрема од Шведската управа за одбранбен материјал.

Шведската влада исто така соопшти дека ќе се зголеми вкупната воена помош за Украина за оваа година од претходно предвидените 2,3 милијарди евра на 3,7 милијарди евра, со што дополнително ќе се зголеми поддршката за Украина во нејзината борба.

Овој нов пакет помош доаѓа во време кога Украина се соочува со големи предизвици на фронтот, а Шведска, како член на Европската унија, продолжува да игра клучна улога во поддршката на Украина во нејзините напори за одбрана од руската агресија.

Continue Reading

Европа

Во Украина пристигнува специјално оружје – 15.000 единици ќе бидат распоредени на фронтот

Published

on

Украина постави цел да распореди 15.000 роботи на фронтот до крајот на оваа година.

Ова е наведено во материјалот на ЕП, повикувајќи се на директорот на одделот за набавки во Министерството за одбрана, Глеб Каневски.

Се напоменува дека, за разлика од претходната година, договорите веќе се во тек.

Агенцијата за одбранбени набавки на ЕП извести дека Министерството за одбрана во втората половина на 2024 година потпишало 6 договори за набавка на копнени роботи, а за првиот квартал на 2025 година – 31 договор.

„Минатата година ставивме стотици роботи на првата линија на фронтот. Оваа година планираме да ги ставиме на илјадници“, изјави директорот на Тенкореа, Максим Василченко.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк