Connect with us

Македонија

Сообраќајна несреќа кај мотел Велес – патот целосно блокиран

Published

on

vonredna vest

На 30.03.2025 година во 15:25 часот, на регионалниот пат кај мотел Велес, се случила сообраќајна незгода, поради што сообраќајот е во целосен прекин. 

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот.

Македонија

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

Published

on

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија. Двајца од нив беа хоспитализирани во Грција, а еден во Шведска. Според протоколите, тие ќе останат под 24-часовен медицински надзор.

Во соседните земји, остануваат хоспитализирани следниве пациенти: 23 во Србија, 14 во Бугарија, 10 во Турција, 8 во Грција, 4 во Словенија, а по 3 во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија. Во Италија и Полска има по еден хоспитализиран пациент.

Во Скопје, на Клиниката за токсикологија, вчера беше примен пациент кој се врати од Полска, а денеска се пушта на домашно лекување. На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, додека на Хируршката клиника Св. Наум Охридски се хоспитализирани 6 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има 5 пациенти, од кои еден ќе биде отпуштен на домашно лекување. На Клиниката за пулмологија има двајца пациенти, а во приватната болница Систина се хоспитализирани тројца.

Министерството за здравство продолжува внимателно да ја следи состојбата на повредените пациенти и е во постојан контакт со медицинските тимови, како во земјата, така и во странство, за да се обезбеди најдобра можната нега за повредените од трагичната несреќа во Кочани.

Continue Reading

Македонија

Средба Мицкоски – Филипче: Премиерот утре го пречекува лидерот на СДСМ

Published

on

-Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу Мицкоски и Филипче, дознава Курир.

Средбата ќе се одржи во Владата.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините

Published

on

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговори на новинарското прашање во врска со вчерашната седница на Владата, на која беше усвоена информацијата за потребата од набавка на еколошки автобуси за ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа. Мицкоски објасни дека Владата донела одлука за започнување на постапка за набавка на 120 автобуси.

„Владата на вчерашната седница донесе одлука да започне постапка за набавка на 120 автобуси. Од нив, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, додека 40 ќе бидат распределени на други сообраќајни претпријатија во општините каде што е организиран јавен превоз. Овие автобуси ќе бидат еколошки и електрични, во зависност од потребите и проценките,“ истакна Мицкоски.

Премиерот додаде дека Владата прави значаен напредок во обезбедувањето на чист воздух и подобра животна средина за граѓаните.

„Она што е важно е што овие автобуси нема да предизвикуваат загадување, што е нешто што е многу потребно, особено за време на грејната сезона. Владата презема чекор напред во обезбедувањето на чист воздух и пристојна животна средина за сите наши сограѓани,“ рече Мицкоски.

Тој истакна дека обезбедувањето на чиста животна средина и воздух за граѓаните е императив, но додаде дека овој процес бара време и не може да се постигне преку ноќ.

„Доколку само седиме и чекаме, време ќе помине и ништо нема да направиме. Ние сакаме да бидеме проактивни и да креираме политики кои ќе не водат до целта – пристојна и здрава животна средина за сите наши сограѓани,“ заклучи Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк