Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Германската индустрија губи околу 10.000 работни места месечно

by Уредник
31.03.2025
in Uncategorized

Невработеноста во Германија расте, а многу компании, особено во индустријата, планираат да ги намалат работните места. Новите работни места претежно се отвораат во услужниот сектор и често се послабо платени.

Во моментов, 120 супервизори за утовар на авиони работат за Луфтханза на аеродромот во Франкфурт, а планот е да се ангажираат уште 60 оваа година. Луфтханза има намера да вработи околу 10.000 нови работници ширум светот во различни области оваа година – повеќе од половина од нив во Германија.

Меѓутоа, Луфтханза во моментов е исклучок во Германија во овој поглед.

Истражувањето на Институтот за германска економија во Келн (IW) покажува дека само 17 отсто од компаниите ќе вработат повеќе работници оваа година, додека 38 отсто планираат да го намалат бројот на вработени.

Прогнозите во индустријата се особено лоши – 44 отсто од анкетираните компании планираат отпуштања, додека само 14 отсто очекуваат нови вработувања. „Ова значи дека веќе забележаниот пад на вработеноста во германската индустрија ќе продолжи и оваа година“, соопшти IW во Келн.

Бројот на вработени во индустријата до ноември 2024 година бил околу 7,4 милиони, додека во 2019 година бил речиси 7,8 милиони. Ова претставува намалување за околу 350.000 работни места во секторот.

Енцо Вебер, истражувач во Нирнбершкиот институт за истражување на пазарот на труд, веќе извесно време ја следи влошената состојба на пазарот на трудот како резултат на економската криза: „Германија е во економска криза, која сега се повеќе влијае на пазарот на трудот. Невработеноста расте трета година по ред“.

Од 2017 година, стапката на невработеност во Германија е во просек под шест проценти. Минатата година првпат се искачи на шест отсто, додека во јануари и февруари годинава достигна 6,4 отсто.

„Со оглед на економската ситуација и падот на економскиот раст, вработеноста останува на релативно стабилно ниво“, оценува Вебер. Сепак, вели тој, ова може да се припише на фактот што услужниот сектор во моментов компензира за загубите на работните места во индустријата: „Во моментов, различните гранки на економијата се развиваат нерамномерно како ретко досега“. Индустријата е најтешко погодена од кризата: „Месечно губиме повеќе од 10.000 работни места“, вели Енцо Вебер.

Загрозени се околу 70.000 работни места во наредните години во ЗФ, Континентал, Тајсенкруп и Фолксваген. Покрај тоа, Шефлер, Порше, Бош и Форд исто така планираат да укинат илјадници работни места.

Според информациите на Ханделсблат, германскиот производител на автоделови ЗФ, вториот по големина во земјата, размислува за целосно одвојување на својот сектор „Electrified Drive Technology“, внатрешно наречен E-Division. Одвојувањето на овој сектор би влијаело на повеќе од 32.000 вработени или секој петти вработен.

Според истражувањето на институтот Ифо, во јануари 2025 година, само 18 отсто од индустриските компании пријавиле недостиг од експерти, додека во третиот квартал од 2022 година овој процент бил 44,5 отсто.

Генерално, недостигот на квалификувани работници во Германија се намалува. Додека во третиот квартал од 2022 година, речиси половина од сите компании имаа потешкотии да најдат квалификувана работна сила, во јануари 2025 година тој процент падна на 28,3 проценти. Во услужниот сектор потребата се уште е натпросечна – таа е 35,1 отсто.

Сепак, постојат исклучоци – првенствено воената индустрија, која е во процут. Најголемиот германски производител на оружје, Рајнметал, ги зголеми приходите за повеќе од 30 отсто во првите девет месеци од тековната деловна година. Две фабрики кои моментално произведуваат компоненти за цивилни возила наскоро би можеле да се префрлат на производство за воената индустрија.

Некои поранешни вработени во ЗФ веќе најдоа нови работни места во воената индустрија. За Пабло Оле Шмит, сепак, тоа не е опција. Но, ги разбира колегите кои заминаа, бидејќи кризата во ЗФ веќе се чувствува на нивните плати. „Веќе почнаа првите финансиски кратења: бев вработен со договор од 40 часа неделно, но тој договор е веќе раскинат и намален на 35 часа.

Како што е намалена работната недела, така му се намалени и приходите – сега неговата плата е помала за околу 14 проценти. (Извор: СЕЕбиз/Дојче веле)

Next Post

Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур

Неисправност на хидрантна мрежа и блокирани излези за евакуација најчести проблеми во станбените згради

Препорачани Вести

Вучиќ најави предвремени избори: Србија повторно на гласање следната година

3 weeks ago

Дејан Мираковски реизбран за ректор на УГД – Ветување за европско образование дома

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.