Connect with us

Скопје

Темелни проверки со цел загарантирана безбедност на граѓаните

Published

on

На телевизија Сител во Тема на денот гостуваше претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој ја образложи работата на ЗЕЛС во изминатите денови и темелните проверки во општините со цел да биде загарантирана безбедноста на граѓаните.

Ѓорѓиевски на самиот почеток потенцираше дека во 90% од општините се извршени темелни проверки во училиштата и градинките како и на сите објекти од јавен карактер и исто така посочи дека училиштата и градинките се исправни и безбедни.

„Во најголем дел од општините над 90% темелни проверки се извршени, многу беше важно за мене како претседател на ЗЕЛС но и за останатите колеги најпрво да ја смириме нацијата, од аспект што родителите треба да знаат дека децата им одат во исправни училишта, да знаат дека најмладите во градинките се безбедни, затоа првата фаза во којашто влеговме темелно да ја испитаме односно проверки да извршиме беа објектите од јавен карактер којшто се надлежност од општините“, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски објасни дека за аномалиите утврдени во одредени училишта треба да постапат директорите во соработка со локалната самоуправа, со цел да бидат отстранети тие недостатоци и посочи дека од кога е градоначалник на општина Кисела Вода, секоја година се вршени инспекциски контроли.

„Ставот заеднички на сите колеги онаму кадешто се утврдени аномалиите треба да си постапат директорите на училиштата во соработка со локалната самоуправа и да бидат отстранети тие недостатоци. Проверките се одвиваат на два начини од една страна онаму кадешто има доволно служби којшто можат тие проверки да ги извршат, и извештаите се дека секаде е онака како што треба односно дека ја поседуваат потребната документација, доволни излези, ПП опрема, и сето тоа бараме да биде поткрепено со записници. Јас од кога сум градоначалник во мојата општина, секоја година иако не е облигаторно во законот се вршени инспекциски контроли и така треба да функционираат сите општини, кај нас имало одговорно постапување но има општини кадешто не секоја година се вршени контроли“, објасни Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски објасни дека на седница на Совет ќе биде предложено ставка која преку ребаланс на буџет ќе може да се субвенционираат одредени згради кои немаат хидрантска мрежа, и како резултат на оваа помош ќе има засилени казни.

„На крајот на месецов на седница на Совет јас ќе предвидам преку ребаланс на буџет ставка во којашто ќе субвенционираме, да може во оние згради каде што нема хидрантска мрежа да се постави, ќе најдеме начин да го помогнеме процесот но кога веќе ќе помогнеме во тој процес, тоа ќе значи безмилосни санкции понатаму за секој оној којшто нема да го спроведе она што треба да го спроведе“, дециден е Ѓорѓиевски.

Скопје

(Видео) Граѓани со часови се заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ оти автоматите за наплата не работат, а службите се отстутни

Published

on

Вистински хаос се случува попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани кои се обратија до нашата редакција велат дека два часа се „заробени“ на паркингот, откако паркоматите престанале да работат, а службата за наплата била отсутна.

На шалтерите каде досега рачно се плаќаше паркингот, сега има залепено листови на кои пишува дека наплатата се извршува на автоматите. 

Но, граѓаните кои се таму велат дека работел само еден автомат, но бил многу бавен, па се создала целата колона.

Дел од граѓаните се со мали деца, дел, пак, коментирале дека брзаат за на аеродром и ќе го испуштат летот.

Како што ни рекоа сведоци, по некое време рампите биле кренати и сега возилата излегуваат бесплатно. Тоа, сепак, ќе потрае со оглед на тоа што има голем број возила внатре на паркингот, а надвор има семафор.

Од ГТЦ сè уште нема официјално соопштение за причините за дефектот.

Лани во февруари поскапе паркирањето во ГТЦ и наместо 50, чини 70 денари.

Continue Reading

Скопје

Филмски грабеж во Скопје: Разбојник под закана со пиштол украл милион

Published

on

– На 11.04.2025 година во 06.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на подрачјето на Чаир, едно машко лице со закана со пиштол кон вработено лице одзело 1.460.856,00 денари, стои во денешениот полициски билтен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопје

Скопје: Тинејџер се здоби со кривична пријава по инцидент во Градски парк

Published

on

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.П.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“. На 22.03.2025 во Градскиот парк, полициски службеници го затекнале пријавениот, кој во денови на жалост од звучник пуштал гласна музика.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк