Од 1 септември 2025 година, пензиите во Македонија повторно ќе се зголемат, но ќе се усогласуваат според старата методологија. Собранието ги изгласа измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои од септември престанува да важи линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари, а ќе се применува претходниот модел на пресметка.
Според новиот систем, пензиите ќе се усогласуваат врз основа на движењето на индексот на трошоците на животот (50%) и порастот на просечната исплатена плата (50%). Ова значи дека зголемувањето ќе зависи од економските параметри, а не од фиксен износ.








![Русите соборија досега невидено летало: Ваков “дрон” досега не е забележан на фронтот во Украина [ВИДЕО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-05-01-013024.png)
