Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Имате бенка на која растат влакненца? Еве што значи тоа

by Уредник
02.04.2025
in Uncategorized
Имате бенка на која растат влакненца? Еве што значи тоа

Дури и ако не ја знаете научната дефиниција на бенка, сите ги имаме видено, било на себе или на некој друг.

Бенка е група клетки на кожата (познати и како меланоцити) која може да се појави било каде на вашата кожа, вели дерматологот д-р Пол Кертис.

„Меланоцитите се нормално распределени по нашата кожа и го обезбедуваат нејзиниот природен пигмент, меланин“, додал тој. Бенките обично се бенигни по природа. Можат да се појават било каде – на лицето, грбот, рацете, нозете, скалпот, пазувите, под ноктите и на други места, пишува Health Digest.

Не е невообичаено дека на некои бенки растат влакна. Всушност, некои експерти сметаат дека тоа само значи дека насобирањето на клетките што ја формира бенката е над област која содржи фоликул на косата.

Бенките можат да поттикнат раст на коса

Според истражување од 2023. година, објавена во списанието Nature, бенките можат да поттикнат раст на коса.

Професорот по развојна и клеточна биологија, Максим Пликсус, спровел истражување во кое можел да симулира раст на коса кај глувци користејќи молекула кој се наоѓа во влакнести бенки.

Тој молекул се вика остеопонтин. Се наоѓа во група меланоцити од кои расте косата, а дејствува регенеративно на „споените“ фоликули на косата, што пак го стимулира растот на косата.

Пликсус смета дека ова откритие може да помогне во борбата против опаѓањето на косата кај луѓето.

„Кога бенките почнуваат да растат, природно ќе произведат коса која има својства на косата која ја имала личноста кога била помлада. Ќе биде иста дебелина, должина, ќе биде права или накривена“, објаснил тој.

Меѓутоа, најголема загриженост во врска со бенките е дали се канцерогени или не. Влакната што израснуваат од нив може да бидат знак за некои да се загрижени, но експертите сметаат дека влакнестата бенка не е знак за болест, освен ако не се јават и други промени.

Кога влакнестата бенка е знак за рак?

Бенките можат да бидат вродени (што значи дека ги имаме од раѓање), стекнати или атипични. Бенката обично има округла или овална форма, не е поширок од пет милиметри и има еднолична боја (кафеава, жолтосмеѓа, црвена, розова, сина, боја на кожа или проѕирна). Атипичните бенки можат да имаат различни бои, текстури и облици.

Ако забележите дека вашата бенка расте, има неправилен облик или ако ја промени бојата (целосно или на некои места), тоа може да значи дека е време да се загрижите за бенката. Други знаци на кои треба да внимавате се крварење или цурење од младезот.

Бидејќи е секогаш подобро да бидете сигурни, новите бенки во возрасна доба или постоечките бенки кои се промениле најдобро е да ги провери вашиот дерматолог. Ова е особено важно за луѓе со семејна историја на рак на кожа (меланом).

Ако сакате да ги отстраните влакната од бенките, треба да внимавате на формата. Иако влакната од рамна бенка можат да се отстранат со брич или восок, бричењето на подигнати бенки не треба да биде пракса, бидејќи може да го повредите тој дел.

Next Post
Украинците претрпеле тешки загуби, објавени црни бројки: Загубите во оваа војна се застрашувачки

Украинците претрпеле тешки загуби, објавени црни бројки: Загубите во оваа војна се застрашувачки

Руте: НАТО останува силен, САД ќе останат дел од Алијансата

Препорачани Вести

Крајнодесничарот Симион, победник во првиот круг на претседателските во Романија

9 months ago

Масовни оставки во СДСМ: Најавено ново поглавје и нова енергија

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.