Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Коњановски: Големи инвестиции за модернизација на СОУ „Таки Даскало“

by Уредник
02.04.2025
in Uncategorized

Градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, ја посети средното училиште „Таки Даскало“, каде што заедно со директорот Ристо Грујовски разговараше за реализацијата на крупните инфраструктурни проекти кои се поддржани од општината.

Еден од најзначајните проекти е изградбата на фотоволтаична централа со јачина од 40 kW, поставена на покривот на училиштето. Со инвестиција од 1.876.251 денари, училиштето сега целосно ги задоволува своите потреби за електрична енергија, а вишокот произведена струја се продава на компанијата „Енерџи он“ од Скопје.

„Овој проект носи не само финансиски придобивки, туку и енергетска ефикасност и заштита на животната средина, бидејќи училиштето користи обновливи извори на енергија“, изјави директорот Грујовски.

Освен оваа инвестиција, општината обезбеди нова информатичка и видео опрема во вредност од 408.870 денари, 19 телевизори, 18 персонални компјутери, смарт табла во вредност од 448.629 денари, како и нов училишен мебел од 285.914 денари. Со овие вложувања значително се подобруваат условите за учење и наставниот процес.

„Поддршката на образовните институции ќе продолжи и во иднина. Наш приоритет е создавање на современи услови за учениците и наставниот кадар“, истакна градоначалникот Коњановски.

Во наредниот период, планирани се уште два големи инфраструктурни проекти – замена на внатрешните врати во училниците и промена на електричната инсталација во училиштето.

Next Post

Убиен полицаец во Качаник

Од град Скопје имаме побарано да се среди речното корито, но градоначалничката рече дека немаат предвидено средства: Ѓорѓиевски за поплавата во Батинци

Препорачани Вести

Меџити: Битола добива современа пречистителна станица вредна 21,7 милиони евра

6 months ago
Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува

6 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.