Connect with us

Магазин

Луѓето кои го имаат овој број во датумот на раѓање се миленици на судбината, ги чека само среќа и благосостојба

Published

on

Лудa среќа и благосостојба во животот ги придружуваат сите оние кои во датумот на раѓање го имаат овој број.

Нумеролозите истакнуваат дека низите на броеви во датумот на раѓање можат да влијаат на нашата судбина, иднина, карактер и односи.

Сепак, меѓу разноврсните низи, броеви и комбинации на цифри, посебно се издвојуваат броевите 1, 2, 12, 21, 11 и 22.

Низите на броеви со единица и двoјка се сметаат за ангелски низи – броеви кои симболизираат почеток, рамнотежа, хармонија и добра надеж.

Нумерологијата открива каква среќа ги придружува во животот оние кои во датумот на раѓање имаат броеви 1, 2, 12, 21, 11 и 22!

Број 1 во датумот на раѓање

Енергијата на бројот 1 симболизира зголемени способности за управување и лидерски квалитети. Лицата со овој број имаат зголемено самопочитување и сила на волјата, но и оригинален пристап во сè што прават во животот. Имаат остро око за детали, па својот живот најчесто го бојат со позитивни и убави нијанси на оптимизам. Често се чувствителни и склонни кон скривање на чувствата, но во љубовта се искрени, отворени и верни.

Број 2 во датумот на раѓање

Ова се чувствителни души со развиена интуиција. Имаат топла природа и големо срце, а нивната најубава особина е разбирањето, што ги прави одлични пријатели. Двојките се многу социјални и отворени за нови познанства. Често се во центарот на вниманието, но никогаш не паѓаат во замката на егото. Нивната тајна се крие во неверојатната харизма.

Број 11 во датумот на раѓање

Лицата кои се родени на 11-ти ден од месецот се големи сонувачи, но и одлични лидери во својот бизнис. Нивната природа има силна духовна страна и многу се чувствителни. Имаат силен темперамент, но сè што прават претходно добро го проценуваат и размислуваат. Тоа се креативни души кои вечно живеат во некој свој, посебен свет, но знаат кога е време да се вратат во реалноста и да го остварат својот сон.

Број 12 во датумот на раѓање

Тие се одликуваат со неверојатна физичка и ментална енергија и опуштена природа. Собирањето на бројките 1 и 2 го дава еден од најсреќните броеви – тројката. Тоа значи дека овие личности имаат среќен дух, но се и многу решителни и храбри. Имаат способност да се претстават во најдобро светло и да остават добар впечаток. Нивниот талент најчесто е поврзан со комуникација или пишување. Во љубовта се многу нежни и емотивни, но имаат и развиена еротска енергија и страст.

Број 21 во датумот на раѓање

Вашата немирна и авантуристичка природа постојано ве поттикнува да истражувате нови хоризонти на животот. Соочени со проблеми, покажувате опуштен став и, наместо да паничите, наоѓате начини да дојдете до решение. Одлични сте соговорници и енергични. Подложни сте на успони и падови, но кога паѓате, полесно се издигнувате.

Број 22 во датумот на раѓање

Способни сте за големи работи во животот и преземате одговорност напорно работејќи на своите цели. Во раниот дел од животот сте склонни да бидете тврдоглави и да ги потиснувате чувствата, но зрелоста ви носи леснотија на духот. Имате моќна внатрешна сила и харизма. Овие личности се стремат кон креирање на подобар свет и убаво утре. Нивната мисија секогаш е за општото добро.

Магазин

Прескокнувањето на овие оброци може да резултира со зголемен ризик од срцев удар

Published

on

Прескокнување на појадокот и вечерата може да има сериозни последици по здравјето на срцето, предупредува докторката Нина Чандрасекаран, специјалист за белодробни болести и интензивна медицина.

Според нејзиното објаснување, прескокнувањето на овие два клучни оброци е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања и срцев удар, а долгорочно може да доведе и до развој на дебелина.

“Самото прескокнување на појадокот е поврзано со дебелина, висок крвен притисок, намалена чувствителност на инсулин, па дури и некои форми на губење на слухот”, објасни докторката. Таа додаде дека наутро, кога нивото на адреналинот е природно повисоко, телото недостигот на храна го доживува како закана, што може дополнително да предизвика стрес реакција во организмот.

“Тогаш телото почнува да лачи зголемени количини адреналин и други хормони на стрес кои ја забрзуваат работата на срцето, го зголемуваат оксидативно оштетување на клетките и со тек на време можат да доведат до вкочанетост на артериите”, предупредува докторката.

Помалку храна во текот на денот, поголем апетит навечер

Освен што директно влијае на срцето, прескокнувањето на оброците во текот на денот често доведува до поголемо чувство на глад навечер, што може да доведе до прејадување.

“Ова со тек на време може да придонесе за развој на дебелина, која е исто така главен фактор за ризик од кардиоваскуларни болести”, истакна докторката.

Научна потврда: Поголема смртност за оние кои не појадуваат

Едно истражување дополнително ги потврди овие тврдења. Истражувачите ја анализирале поврзаноста помеѓу прескокнувањето на појадокот и ризикот од кардиоваскуларни болести и вкупната смртност. Резултатите покажале дека луѓето кои редовно го прескокнуваат појадокот имаат 21% поголема веројатност да доживеат срцев удар или да умрат од него, а 32% поголема веројатност да умрат од сите причини во споредба со оние кои редовно појадуваат.

“Иако резултатите можат да се разликуваат од истражување до истражување, заедничкиот заклучок е дека редовното прескокнување на појадокот може да го зголеми ризикот од сериозни здравствени проблеми”, се наведува во анализата.

Continue Reading

Магазин

Дневен хороскоп за среда – 9 април: Доколку сте родени во овој знак, денес е најдобро да одморите малку

Published

on

Овен

Денес сте полни со енергија и ентузијазам, но важно е да внимавате да не се преоптоварите. Фокусирајте се на најважните задачи и избегнувајте да трошите енергија на небитни работи. Љубовта може да донесе неочекувани моменти, па бидете отворени за нови искуства.

Бик

Денес практичноста и стабилноста се ваши најголеми сојузници. Ова е добар ден за завршување на важни задачи, а можете да добиете признание за вашите напори. Во љубовта, искрените разговори ќе донесат јасност и разбирање.

Близнаци

Денес ќе биде динамично и полно со нови информации. Можни се ненадејни промени, но избегнувајте да донесувате брзи одлуки. Љубовниот живот бара искреност и посветеност од ваша страна.

Рак

Овој ден е совршен за тоа да се посветите на себе и да размислите за вашите чувства. Можеби ќе сакате малку повеќе приватност. Финансискиот план може да бара повеќе внимание, но долгорочно гледано, работите се во подем.

Лав

Денес имате шанса да блеснете, било во друштво или на работното место. Вашата харизма е на високо ниво, а луѓето ќе ве слушаат со задоволство. Искористете го денот за важни состаноци или донесување одлуки. Во љубовта, ќе има страсни моменти.

Девица

Денес ќе се чувствувате мотивирани да завршите задачи кои долго време сте ги одложувале. Практичноста и дисциплината ќе ве водат до успех. Во љубовта, бидете трпеливи – некој можеби нема да може веднаш да ви возврати.

Вага

Креативноста и инспирацијата ќе ви го одбележат денот. Ова е идеален момент за уметнички и интелектуални активности. Во љубовта, отвореноста и искреноста ќе донесат прекрасни моменти со партнерот.

Шкорпија

Денес може да откриете нешто многу важно за себе или за другите. Вашата интуиција е особено силна, затоа следете го вашиот внатрешен глас. Емоционалните односи може да доживеат трансформација – нека тие промени бидат за подобро.

Стрелец

Денот ќе биде исполнет со дружење, патувања и нови идеи. Ќе бидете во движење, но внимавајте да не ја трошите енергијата на премногу работи одеднаш. Во љубовта, неочекувана средба може да ви донесе изненадување.

Јарец

Денес фокусирајте се на деловните активности и финансиите. Ако планирате важни преговори или инвестиции, ова е поволен ден за тоа. Во љубовните односи, можни се сериозни разговори – бидете подготвени на искреност.

Водолија

Отвореноста кон нови идеи и луѓе ќе ви донесе интересни можности. Овој ден е идеален за учење и истражување. Во љубовта, авантурата и спонтаноста ќе ви донесат освежување.

Риба

Интуицијата денес ви е многу силна, па обрнете внимание на знаците што ги испраќа универзумот. Посветете се на себе и на вашиот внатрешен свет. Во љубовта, бидете искрени со себе и со другите.

Continue Reading

Магазин

Луѓето добиле психички проблеми после гледањето на овој филм – Нетфликс итно го повлекува

Published

on

Нетфликс наскоро ќе го избрише еден од своите најстрашни филмови – хоророт “Hereditary”, кој некои оставил без здив, а други со сериозни психолошки последици. Луѓето тврдат дека по гледањето на филмот имале ноќни кошмари, анксиозност, па дури и ПТСП.

Ако сè уште не сте го гледале, имате време до 15 април – тогаш филмот засекогаш исчезнува од Нетфликс!

Филмот следи една семејна приказна, која се обидува да се справи со смртта на бабата, но многу брзо откриваат дека таа била дел од мрачна секта. Во центарот на приказната е необичната девојка по име Чарли, која прави фигури од ѓубре, црта застрашувачки слики и постојано испушта чуден звук. Нејзината смрт во филмот е една од најшокантните сцени во новиот хорор, и тоа е само почетокот.

Тука се и спиртуалните сеанси, демони, голотија, отсекување глави, самоубиства и многу сцени кои не се за луѓе со слабо срце. Една сцена прикажува мајка која си го сече вратот со жица, додека нејзиниот син ја гледа во шок.

Гледачите ширум светот пишувале дека некои сцени ги оставиле многу вознемирени, а наводно еден член на филмската екипа добил психолошки пореметување по снимањето. Филмот беше пофален за добрата глума и атмосфера, но многумина сметаат дека е премногу долг и тежок за гледање.

“Hereditary” имаше високи оценки, но не е за секого. Ако сакате страшни и болесни хорори, ова е за вас. Ако не, можеби подобро е да го прескокнете.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк