Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Општина Битола покренува постапки за три нелегални објекти – зголемени контроли на терен

by Уредник
02.04.2025
in Uncategorized

При инспекциски надзор на терен, градежната инспекција при Општина Битола утврди неправилности за три објекти, на кои се преземени соодветни мерки. Два од објектите се наоѓаат на патот за Ниже поле, додека третиот е во близина на населбата Довлеџик.

Кај последниот објект беше утврдено дека се вршат работни активности за монтажа на настрешница – челична конструкција, без претходно обезбедено одобрение за монтажа од Општина Битола. Изготвен е записник за констатираната состојба, а градбата е веднаш стопирана.

На патот за Ниже поле, за време на вонредниот инспекциски надзор, утврдено е дека се гради објект од челични профили со покривка од панели, како и конструкција од бетонски столбови и челични профили без одобрение за градење. Субјектот на надзор не приложил соодветна документација, освен имотен лист, а за нелегалните градби ќе следува решение за рушење.

Истите мерки ќе бидат преземени и за другиот објект на излезот од Битола, кој е класифициран како дивоградба, изградена пред десетина години како хала од челична конструкција.

Општинскиот инспекторат на Битола во последните три години бележи зголемен број на инспекциски надзори, вклучувајќи постапки за отстранување на нелегално поставени објекти, диви гаражи и хаварисани возила на јавни површини. Во 2022 година, вкупно 1751 претставки и барања беа обработени, додека во 2023 година бројот се зголеми на 1870, а за 2024 година досега се постапено по 1559 предмети.

Општина Битола продолжува со зголемени контроли и транспарентност, информирајќи ги граѓаните за случаите од јавен интерес во согласност со важечките закони.

Next Post
Самир Мане првиот милијардер од Албанија на листата на Forbes, еве со што се занимава

Самир Мане првиот милијардер од Албанија на листата на Forbes, еве со што се занимава

Компанијата позади ChatGPT собра 40 милијарди долари во новото финансирање, една од најголемите инвестиции, еве за што ќе се користат

Компанијата позади ChatGPT собра 40 милијарди долари во новото финансирање, една од најголемите инвестиции, еве за што ќе се користат

Препорачани Вести

Полицијата со полни раце работа, огромен број апсења низ Скопје, еве што се случува

11 months ago

Димитриеска – Кочоска: Нема промени за граѓаните, пратките од ТЕМУ и понатаму без дополнителни давачки

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.