Connect with us

Економија

Самир Мане првиот милијардер од Албанија на листата на Forbes, еве со што се занимава

Првпат, претприемач од Албанија влезе на престижната листа на најбогати луѓе во светот, која ја објавува магазинот Forbes.

Самир Мане, основач и претседател на BALFIN Group, зазема 2.356-то место на светската листа, со проценета нето вредност од 1,4 милијарди долари. Ова е највисоката проценка на имотната состојба досега дадена на претприемач од регионот, од кога Forbes ја објавува листата, почнувајќи од 1987 година.

„Албанија оваа година го добива својот прв милијардер, Самир Мане, кој стекна богатство од 1,4 милијарди долари преку инвестиции во трговски центри, продавници за електроника и луксузни недвижности низ Балканот“, пишува Forbes.

Мане ја започнал својата претприемничка кариера во 1993 година, основајќи ја BALFIN Group, која подоцна прераснала во една од најголемите и најдинамични инвестициони групации во регионот. Денес, групацијата има активности не само на Балканот, туку и на глобално ниво, со значајни инвестиции во Австрија, САД и Канада.

BALFIN Group во Македонија

Во Македонија, BALFIN Group има силно присуство преку неколку клучни компании и инвестиции:

Нептун – водечки синџир за продажба на електроника и бела техника.

East Gate Mall – најмодерен трговски и lifestyle центар во Скопје, симбол на урбана трансформација.

Skopje East Gate (SEG) – голем проект со мешана намена, кој вклучува станбени, деловни и трговски објекти.

Овие инвестиции не само што создаваат работни места, туку и внесуваат глобални стандарди, значително придонесувајќи за модернизацијата и развојот на македонскиот пазар.

Според Forbes, денес има над 3.000 милијардери во светот со вкупно богатство од 16,1 трилиони долари, што е највисока вкупна вредност досега. Три земји сочинуваат повеќе од половина од вкупниот број милијардери: САД (813), Кина (450) и Индија (205). Во Европа, Германија е на врвот со 171 милијардер.

Вклучувањето на Самир Мане на листата на Forbes не претставува само личен успех, туку и симбол на растечката економска сила и потенцијал на регионот. Неговата приказна е доказ дека со визија, посветеност и доверба во Балканот може да се постигне глобален успех.

Advertisement

Економија

Странски „хај-тек“ инвестиции од Германија и Турција: 80 милиони евра и илјада нови работни места

Македонската економија влегува во нова фаза на развој со најавата за две значајни странски инвестиции во областа на високата технологија. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека германска и турска компанија ќе инвестираат околу 80 милиони евра, носејќи свеж капитал надвор од досега доминантната автомобилска индустрија.

Според најавите, двата проекта ќе имаат силен извозен карактер и значајна додадена вредност. Се очекува годишен извоз од над 200 милиони евра, како и отворање на приближно 1.000 нови работни места, главно во сегментот на високо квалификуван кадар.

Мицкоски истакна дека ваквите инвестиции го потврдуваат стратешкото насочување на државата кон високо-технолошки индустрии, со цел диверзификација на економијата и намалување на зависноста од еден сектор. Тој изрази оптимизам дека до крајот на годината ќе следат уште нови странски вложувања.

Најавените проекти се оценуваат како јасен сигнал за подобрена инвестициска клима и дел од пошироките напори за привлекување современи технологии, повисоки плати и одржлив економски раст.

Continue Reading

Економија

Димитриеска – Кочоска: 97 милиони евра за клучни енергетски проекти

Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти што значително ќе ја променат енергетската слика на државата.

Министерството за финансии, преку издавање државна гаранција, овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Дополнително, обезбедени се и 10 милиони евра за ревитализација на хидроелектраните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изрази благодарност до меѓународните финансиски институции за континуираната поддршка, како и до тимот на АД ЕСМ за нивната посветеност во реализацијата на проектите.

Според неа, овие капитални инвестиции ќе придонесат за зајакнување на домашното производство на електрична енергија, ќе обезбедат посигурно и постабилно снабдување и ќе дадат силен поттик за економска стабилност и одржлив развој на државата.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Нема енергетска криза, државата има резерви од мазут!

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно резерви на мазут за да ги покрие потребите.

Барањето за кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница, но Божиновска нагласи дека тоа е технички чекор за да се активираат државните резерви. Причина за ова е триесетдневната неможност за редовна набавка на мазут од Грција поради тамошните протести.

„Нема да има никаква криза. Постои мазут во државата – ако не го земат од Грција, ЕСМ ќе го земе од државните резерви. За граѓаните ова нема да значи апсолутно ништо“, истакна министерката.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг