Connect with us

Балкан

Студентите во Србија бараат експертска влада – еве кој би ја водел!

Студентите од Ниш од блокадите со мнозинство гласови изгласаа да се достави предлог до останатите колеги од преостанатите четири универзитети за формирање експертска Влада на Србија. Што значи тоа, правно и политички, анализираат српските медиуми?

Имено, како прво, студентите не објавија како би изгледала таа Владата, ниту кои ќе бидат нејзините потенцијални членови, иа тоа нема ни да се случи доколку сите не се согласат за предлогот. Но, може да се претпостави дека една таква Влада нема да има политички чинители.

Како што пишува Нова.рс, во принцип, Владата како што е предложена од страна на студентите во моментов во нејзиниот облик би била преодна. На крајот на краиштата, таква е секоја Влада со одредено времетраење на мандатот, Влада која има за цел да исполни конкретни цели и да ги реши длабоките општествени тензии кои застанаа на патот на нормалното функционирање на општеството (а во исто време и исполнувањето на четирите студентски барања). Корупцијата, олицетворена во новосадското злосторство во кое загинаа 16 лица, денеска е причина за ваквите тензии, наведува медиумот.

Сепак, преодната спрска Влада може да биде различна по својата суштина. Во поновата српска историја користен е само еден модалитет, преодна Влада составена од претставници и на власта и на опозицијата, што би можело да се нарече и концентрациона Влада.

Како што потсетува порталот на српското издание на Би-би-си, по 5 октомври 2000 година и падот на режимот на Слободан Милошевиќ, беше формирана преодна Влада со цел да се обезбеди стабилност и да се организираат фер и слободни избори во рок од три месеци.

Тогашната влада ја предводеше Миломир Миниќ од СПС, а потпретседатели беа Небојша Човиќ од Демократската опозиција на Србија (ДОС) и Спасоје Круниќ од Српското движење за обнова (СПО), што е главна карактеристика на преодната влада – во неа да учествуваат сите релевантни политички актери од власта и опозицијата.

Преодната влада, потсетува текстот, треба да се разликува од техничката влада, која „постои од моментот кога на едната Влада ѝ завршува мандатот, а на другата не ѝ почнува мандатот, што овозможува континуитет во преодниот период“.

Освен тоа, СНС во тоа време имаше и Влади кои не беа целосно политички и каде седеа експерти во минатите мандати. Некои од тие експерти, како што наведува медиумот беа економски, спортски, културни експерти. Ова секако не е концептот што го имаат на ум студентите, појаснува српскиот медиумот.

Што вели опозицијата?

Во меѓувреме српската опозиција на крајот на минатиот месец излезе со својот став за преодната влада. Ја нарекоа Влада на народната доверба и накратко објаснија дел од нејзините цели и структура. Според објаснувањето на Мирослав Алексиќ (Народна партија), таа Влада би траела 9 месеци, а нејзината цел би била исполнување на минималните услови за одржување фер и чесни избори и исполнување на студентските барања. Што се однесува до структурата на таа Влада, прво не беше претставена како политичка, туку како експертска, а тоа беше направено конкретно со овој опис: Во таа влада ќе има лица против кои никогаш не биле поднесени кривични пријави за корупција и не биле поврзани со криминални организации“, а потоа „престанува да важи и фактот каква политичка определба тие имале“.

Зад овој предлог стојат Зелено-левиот фронт, Партијата за слобода и правда, Србија-Центар, Народното движење на Србија и коалицијата НАДА. Предлогот не го поддржаа Демократската партија и Еколошкото востание кои, според нивните лидери, чекаа да го видат студентскиот предлог за излез од политичката криза, кој потоа ќе го поддржат.

Од друга страна самиот претседател Александар Вучиќ, кој го предава мандатот на идниот премиер кој може да обезбеди мнозинство во Собранието за гласање на законски предлози и владини мерки, во неколку наврати истакна дека е силно против таа идеја.

Сепак Вучиќ по притисок од јавноста во изминативе денови и последните обраќања делумно се откажа од цврстиот став и рече дека ќе се согласи со преодна влада, доколку СНС му ја предложи.

Advertisement

Балкан

Антивладин протест ескалира во Тирана, има повредени

Илјадници демонстранти од цела Албанија се собраа во Тирана на антивладин протест организиран од главната опозициска Демократска партија. Инцидентите и тензиите ескалираа пред зградата на владата на булеварот Deshmoret e Kombit.

Организаторите бараат оставка од премиерот Еди Рама и вицепремиерката Белинда Балука, која е и министерка за инфраструктура и енергетика. Опозицијата ги поврзува протестите со случаи на корупција, истакнувајќи дека Балука е обвинета за кршење на рамноправноста на учесниците во тендери и јавни аукции. Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) побара од парламентот да го одземе нејзиниот пратенички имунитет за да се овозможи нејзино апсење.

Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша, се обрати на толпата, велејќи дека опозицијата останува решена да ја „спаси Албанија“ и ги повика сите опозициски сили да се обединат во борбата против власта.

По неговиот говор, демонстрантите се судрија со полицијата, а неколку молотови коктели беа фрлени кон владината зграда, предизвикувајќи пожар на надворешната страна. Во немирите беа повредени неколку лица.

Демократската партија и другите опозициски партии најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните недели.

Continue Reading

Балкан

Коледарски оган и празнична атмосфера ја обединуваат публиката во Лерин

Манифестацијата „На Коледе во Лерин“ во соседна Лерин и годинава претставува вистинска атракција, привлекувајќи посетители не само од Битола, туку и од поширокиот регион. Во духот на традицијата, централното место го зазема палењето на коледарскиот оган, кое создава посебна празнична атмосфера и чувство на заедништво.

Близината, величествениот оган и традиционалните чествувања ги привлекуваат туристите и верниците кои Коледе го празнуваат според Грегоријанскиот календар. Посетителите имаат можност да уживаат во новогодишната празнична атмосфера, да вкусат традиционална храна, како и да се загреат со варено вино, топла ракија и музика.

Од туристичките агенции од Битола кои ја организираат посетата на настанот посочуваат дека токму пријатната атмосфера, дружењето и автентичниот дух се причините поради кои „На Коледе во Лерин“ секоја година привлекува се поголем број посетители.

Според нив, годинава интересот е значително поголем во споредба со изминатите години, при што повозрасните битолчани покажуваат поголема заинтересираност за овој традиционален настан. Покрај храната и дружењето, дополнителна атракција за посетителите е и спектакуларниот огномет, кој претставува завршница на манифестацијата.

Според Грегоријанскиот календар, утре, 24 декември, верниците од католичка вероисповед го одбележуваат празникот Бадник.

Continue Reading

Балкан

ВИДЕО: Градоначалникот на Лерин запре македонска песна

Градоначалникот го прекина бендот „Banda Entopica“ штом запеаја на македонски – „Музиката нема граници“ грмна од бината
Наместо прослава на традицијата, синоќешната манифестација во Лерин се претвори во демонстрација на цензура. Познатиот бенд „Banda Entopica“ беше принуден да престане со пеење во моментот кога одекнаа стихови на македонски јазик.
Традиционалната манифестација „Ден на огновите“, која се одржува во пресрет на Коледе во Лерин, синоќа (22 декември) беше засенета од скандалозна забрана која повторно ги разгоре прашањата за човековите права и употребата на македонскиот јазик во Грција.


Во атмосфера на веселба, популарниот бенд „Banda Entopica“, познат по својот широк репертоар на балкански звуци, ја започна изведбата на македонската народна песна „Софка на татко“. Меѓутоа, веднаш по првите стихови, следеше итна интервенција од страна на градоначалникот на Лерин. Според сведоштвата на присутните и видеата што веќе се шират на социјалните мрежи, на музичарите им било наредено веднаш да прекинат со пеењето на македонски јазик, дозволувајќи им да продолжат исклучиво со инструментална изведба.


„Музиката нема граници“
Обидот за цензура не помина без реакција. Еден од членовите на бендот, кларинетист кој потекнува од Патра, јавно и храбро реагираше пред насобраната толпа.


„Музиката нема граници!“ – порача музичарот од бината, добивајќи аплауз и одобрување од дел од публиката која не се согласуваше со ригидните постапки на локалната власт.


Воскопулос: Ова не е инцидент, ова е континуитет на страв
За настанот реагираше и Павле Воскопулос, долгогодишен активист за правата на Македонците во Грција и член на партијата „Виножито“. Тој посочува дека синоќешниот настан не е изолиран случај, туку потврда дека старите стравови и забрани сè уште живеат во Леринско, Костурско и Воденско.


„Ова е дел од еден подолг континуитет на ограничувања. Иако Преспанскиот договор требаше да ја олесни климата, локалните шерифи и натаму спроведуваат пракса на селективна забрана. Македонското оро може да се игра, но македонската песна не смее да се пее. Тоа е апсурдот на 21-от век,“ коментира Воскопулос.


Тој потсетува дека ваквите сценарија беа секојдневие во 90-тите години, период за кој постојат десетици извештаи од Human Rights Watch, Amnesty International и Greek Helsinki Monitor, кои документирале како грчката држава систематски ја потиснувала културната експресија на македонското население.


Видеото го обиколува регионот
Иронијата на забраната е што таа постигна спротивен ефект. Наместо да се замолчи песната, видеото од прекинувањето на „Софка на татко“ стана вирално. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека ваквите потези се во целосна спротивност со европските вредности за кои Грција декларативно се залага.


Додека официјална Атина и Скопје зборуваат за дипломатија, на теренот во Лерин, музиката сè уште се дели на „дозволена“ и „забранета“, во зависност од јазикот на кој се пее.

Видеото може да погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг