Connect with us

Република

Вработување во Тетово плата 38.600 денари

Published

on

pari

Република

Донација од Бугарија за градската општа болница во Кочани.

Published

on

Во текот на вчерашниот ден Фондацијата „Гората. Бг“ од Република Бугарија донираше медицинска опрема за Општа болница со проширена дејност – Кочани.

ЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани изразува голема благодарност до Фондацијата од “Гората.бг” од Република Бугарија. Тие донираа медицински концентратори на кислород, медицински инхалатори, медицински уреди за мерење на крвен притисок – механички, медицински уреди за мерење на крвен притисок – дигитални, медицински дигитални термометри, медицински стетоскопи, антидекубитални душеци и медицински пулс оксиметри. Уште еднаш сакаме да изразиме голема благодарност до Фондацијата и нашиот сограѓанин кој живее и работи во Република Бугарија Дарко и Никола Рахнев“, истакна на својот ФБ профил Кристина Серафимова в.д. Дирекстор на Општа болница со проширена дејност – Кочани.

Continue Reading

Република

Приведените осомничени вечерва спроведени во ОЈО Кочани под полициска придружба

Published

on

Со полициска придружба и три службени возила, вечерва околу 21:30 часот во Основното јавно обвинителство во Кочани беа донесени првите неколкумина осомничени од проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој на 16 март загинаа 61 лице, меѓу кои и 6 деца, а беа повредени 197 гости.

Околу 30 минути пред приведените, во обвинителството пристигна и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Тој не даде изјава за медиумите, но најави дека во текот на утрешниот ден ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат соопштени сите детали од истрагата.

Според информациите од Обвинителството, со новата наредба се проширува истрагата на 19 лица, осомничени за тешки дела против општата сигурност согласно член 292, во врска со член 288 од Кривичниот законик.

Станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 до 2025 година, во рамки на своите надлежности и одговорности, не постапиле по прописите за безбедност и заштита, дозволувајќи објектот да работи без основни безбедносни услови, што довело до трагичните последици.

Меѓу осомничените се овластени градежни инспектори од Општина Кочани, директори и генерален инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, министри и државни секретари од Министерството за економија, како и инспектори од Државниот пазарен инспекторат.

Истрагата е сè уште во тек, а надлежните институции најавуваат натамошни постапки и предлози за мерки за обезбедување присуство на осомничените.

Continue Reading

Република

Акциски контроли – затворени популарни локали поради опасни пропусти

Published

on

policija

Четири  големи  угостителски објекти во Југоистокот од кои три во Струмица и еден во Гевгелија се затворени бидејќи не ги исполнувале условите предвидени со законот за заштита и спасување. На истите им била изречена и глоба во висина од 5000 евра.

Објектите ќе бидат затворени се до моментот додека не ги отстранат недостатоците кои биле констатирани за време на надзорот направен  од страна на инспекторите за пожар. Главната причина за затварање на објектите е немањето на техничка документација односно елаборат за заштита од пожари и експлозии и планската документација.

Инспекциските надзори биле реализирани во изминатите петанесетина дена , а предмет на проверка  поголемите објекти во регионот како што се ноќни барови, кабареа и дискотеки. Дел од објектите, претежно со капацитет од 20 до 50 лица  добиле само опомени, но и рок за отстранување на недостатоците, во спротивно и тие ќе бидат казнети и затворени.

Инспекциските надзори како вонредни така и редовни ќе продолжат и понатаму, а освен угостителските објекти паралелно ќе се контролираат градинките и училиштата, домовите за стари лица, театрите, кино салите и домовите за култура, како и сите останати објекти каде што се одржуваат масовни собири.

До кога и колку ќе траат контролите засега не е познато бидејќи еден од главните проблеми со кои се соочуваат инспекторите е слабата екипираност. Целиот Југоисточен и дел од Источниот  регион почнувајќи од Беово и Пехчево па се до Гевгелија го покриваат само двајца инспектори.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк