Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Црвен крст: Извршена и втората исплата за поддршка на настраданите во Кочани

by Уредник
03.04.2025
in Uncategorized
Црвен крст: Извршена и втората исплата за поддршка на настраданите во Кочани

Заклучно со денешниот ден, во рамките на апелот на Црвениот крст за помош на настраданите од пожарот во Кочани, собрани се 112.595.482 денари.

До сега, Црвениот крст изврши прва исплата на средствата на семејствата на загинатите и на повредените лица кои се лекуваат како во земјата, така и во странство.

Денес беше извршена и втората исплата, која ќе биде насочена за поддршка на семејствата настрадани во трагичната несреќа во Кочани. Вкупно, од овие два трансфери, исплатени се 60.850.000 денари од досега собраните средства, информираат од Црвениот крст.

Дополнително, од Црвениот крст истакнуваат дека во соработка со надлежните институции во државата, како и со министерствата и Владата, кои се задолжени за проценка на видовите штети во вакви ситуации, се работи на утврдување на начин на кој ќе се продолжи со распределбата на собраните средства. Целта е да се обезбеди навремена и вистинска поддршка за лекување и за справување со последиците од катастрофата.

-Црвениот крст, заедно со нашите партнери, продолжува со испорака на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население. Поради големиот интерес за донирање, апелот за собирање средства продолжува и понатаму, велат од Црвениот крст.

Тие упатуваат голема благодарност до сите кои донирале и придонеле за помош на настраданите.

Next Post
Откако ја потресе светската економија, Трамп се огласи во свој стил

Откако ја потресе светската економија, Трамп се огласи во свој стил

Ова се најсреќните денови во април за секој хороскопски знак

Ова се најсреќните денови во април за секој хороскопски знак

Препорачани Вести

Ѓорѓиевски: Со заеднички пристап градиме посилни и пофункционални општини

8 months ago

Странски кардиолози ќе ја проверуваат оправданоста на операциите во Македонија

5 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.