Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ЕУ предупредува: Тарифите на Трамп го загрозуваат светскиот економски раст

by Уредник
03.04.2025
in Uncategorized

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро ги критикуваше новите царини воведени од Соединетите Држави за глобалната трговија, предупредувајќи дека тие ќе имаат „катастрофални последици“ за економијата и милиони луѓе ширум светот.

„Да бидеме јасни за огромните последици: глобалната економија ќе претрпи огромен удар, неизвесноста ќе расте, а протекционистичките мерки дополнително ќе се прошират. Последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе ширум светот“, рече Фон дер Лајен, откако американскиот претседател Доналд Трамп во средата воведе одмазднички тарифи од 20 отсто за стоките од ЕУ увезени во САД“, пренесува Би-би-си.

Таа посочи дека спроведувањето на тарифите директно ќе влијае на потрошувачите и бизнисите, кои на крајот ќе сносат дополнителни трошоци.

„Ова веднаш ќе се почувствува, особено кај најзагрозените граѓани. Сите бизниси, без разлика дали се мали или големи, ќе ги трпат последиците уште од првиот ден“, нагласи таа.

Фон дер Лајен, исто така, изрази загриженост за широкиот опсег на тарифите, кои сериозно ќе ги поткопаат трговските односи со, како што рече, „најстариот сојузник на Европа“.

„Трошоците за водење бизнис со Соединетите Држави драстично ќе се зголемат. Уште полошо, нема јасна насока во овој хаос, сите главни трговски партнери се погодени без посебен редослед“, посочи таа.

Европската Унија, како што најави, веќе подготвува контрамерки.

„Европа е во завршна фаза на првиот пакет мерки како одговор на првите царини за челик, а ние подготвуваме дополнителни мерки доколку преговорите не дадат резултати“, изјави Фон дер Лајен.

Претседателот на Европската комисија го истакна европското единство и одлучност.

-Европа е во ова заедно. Ако нападнете еден од нас, ќе нè напаѓате сите нас. Нашето единство е нашата сила – рече таа, додавајќи дека ЕУ ќе застане со сите оние кои се директно погодени од новите царини и ќе продолжи да се залага за фер меѓународна трговија заснована на правила.

Next Post

Гласање за недоверба во Бугарија – пресуден тест за владата на Жељасков

Моќен воен сојуз: Што се крие зад договорот меѓу Србија и Унгарија?

Препорачани Вести

Bespoke AI пристигна и на посебна промоција

8 months ago

Романија подготвува законска основа за можна национализација на средствата на Лукоил

2 months ago

Популарни Вести

  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто нафтениот гигант Венецуела не ја користи својата енергетска предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.