Connect with us

Економија

Македонија наплаќала 65% царина, Трамп возврати со 33%

Published

on

САД донесоа одлука за воведување царина од 33% на увозот на производи од Македонија, како одговор на, како што е наведено во списокот претставен во Белата куќа, „високите давачки“ што Македонија ги применува за американските производи. Според американските власти, македонските царини за увоз на стоки од САД достигнуваат 65%.

Според податоците за ланската трговска размена, Македонија извезла производи во вредност од 118 милиони долари во САД, а најголем дел од извозот го сочинуваат тутунот, облеката, железото и челикот. Во исто време, увозот на американски производи изнесувал 196 милиони долари, при што главно се работи за електрични машини и опрема.

Економија

Глобалната економска несигурност достигнува нов врв во 2025 година

Published

on

Според најновите податоци од Индексот за економска политичка несигурност, глобалната неизвесност повторно е во пораст и достигнува еден од највисоките нивоа во 2025 година. Индексот, кој ги следи 21-те најголеми економии во светот според БДП, покажува дека економската политика станува сè понепредвидлива, со сериозни последици врз глобалната стабилност.

Најновиот пик е поврзан со нови трговски тарифи воведени од страна на САД, што предизвика силна реакција на пазарите и зголемен страв од нови економски конфликти. Ова е само последниот во низата настани што предизвикуваат глобална нестабилност, покрај пандемијата од COVID-19 во 2020, изборот на Доналд Трамп во 2016, светската финансиска криза во 2008, дот-ком балонoт во 2001 и азиската финансиска криза во 1998 година.

Индексот покажува остар пораст секогаш кога има геополитички тензии, големи избори или глобални здравствени и економски шокови. Тоа е сигнал дека пазарите и инвеститорите стануваат сè почувствителни на политичките одлуки и глобалните настани.

Овие податоци ги потенцираат предизвиците со кои се соочуваат креаторите на политики и укажуваат на потребата од поголема транспарентност, координација и предвидливост во глобалната економија.

Continue Reading

Економија

Македонскиот извоз расте: Над 75 милиони денари за два месеца!

Published

on

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 75 650.4 милиони денари и бележи пораст од 1.6 проценти во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 112 862.3 милиони денари, што е за 4.9 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 37 211.8 милиони денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периoдот јануари – февруари 2025 година, изнесува 67.0 проценти.

-Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија, се вели во соопштението од ДЗС.

Во периодот јануари – февруари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 1 229.4 милиони евра и бележи пораст од 1.8 процент во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 834.2 милиони евра, што е за 5.1 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 604.7 милиони евра

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 1 276.7 милиони САД долари и бележи пад од 2.6 проценти однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 904.1 милион САД долари, што е за 0.6 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 627.4 милиони САД долари.

Continue Reading

Економија

Светските берзи во пад, на Волстрит избришани 2400 милијарди долари

Published

on

Откако Вашингтон најави воведување драстични царини, сите најголеми светски берзи паднаа нагло, при што само на Волстрит се избришани околу 2400 милијарди долари од пазарната вредност на компаниите од индексот СиП 500.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави царини од 10 отсто на целиот увоз и на увозот од земјите со кои САД имаат најголем трговски дефицит и дополнителни реципрочни царини, на светските берзи владее паника.

Ова може да предизвика ескалација на царинската војна, прекини во синџирите на снабдување и меѓународната трговија, зголемување на инфлацијата и забавување на растот на најголемите светски економии, па дури и рецесија во некои од нив.

Азиските берзи беа првите на удар вчера бидејќи Трамп најави драстични реципрочни царини за увоз од Кина, Јапонија, Индија, Тајван, Јужна Кореја. Увозот од Кина, кој веќе подлежи на царини од 20 отсто, во иднина ќе подлежи на дополнителни давачки од 34 отсто, 24 отсто увоз од Јапонија, 26 отсто од Индија, 25 отсто од Јужна Кореја.

Како резултат на тоа, цените на акциите паднаа на сите азиски берзи вчера, најмногу во Јапонија, Јужна Кореја и Хонг Конг.

Следеа европските берзи, каде индексите беа во длабока негатива од самото отворање бидејќи Трамп најави дополнителни царини на увозот од Европската Унија од 20 отсто, а многу европски лидери возвратија со остар тон и најавија контрамерки.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк