Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат екстремно ладно време за април, силен северен ветер и снег, ова се деталите

by Уредник
03.04.2025
in Uncategorized
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат екстремно ладно време за април, силен северен ветер и снег, ова се деталите

Beograd 24.12.2024. Sneg u Beogradu, zima, napadao sneg, bljuzgavica, bljuzga, vreme, vremenska prognoza Foto: Goran Srdanov/Nova.rs

Почнувајќи од ноќта сабота кон недела (5/6 април) директно од Сибир во Македонија брзо ќе продре многу ладен воздух и истиот ќе услови формирање на секундарен циклонски систем (поле со низок воздушен притисок). Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).

Уште во недела (6 април) рано наутро од север ќе се прошируваат пообилни врнежи кои ќе бидат најпрвин од дожд на пониските места (граодивте) и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира снежна покривка. На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20, во делови од нив и до 30 cм снег. Овој многу ладен воздух ќе предивика во недела (6 април) особено од пладневните часови па натаму врнежите од дожд да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градовите).

Снежна покривка до понеделник (7 март) наутро ќе се формира и во повеќе градови, во дел од градовите, особено во западната половина од Република Македонија ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 15 cм. На другите места таа ќе биде помала од 10 cм. Во Повардарието и во југоисточните предели не очекувам формирање на некоја си снежна покривка.

Со овој многу ладен воздух од Сибир, врнежи од снег ќе има и во делови од Скопскиот регион, а особено во повисоките предели од котлината ќе се формира и снежна покривка, а малку поголема снежна покривка ќе се формира на околните планини. И во Скопје и околината повремено ќе дува силен ветер од северен правец (над 60 км/час).

Овој многу ладен Сибирски воздух ќе ги спушти температурите за 10 до 15 степени во споредба од оние кои ги имаме сега, а особено во утринските и ноќните часови ќе има појава на посилен мраз во повеќето делови од Македонија, кој особено лошо ќе се одрази врз земјоделието, а особено на овошките.

Да напоменам и предупредам дека поради тоа што се работи за брзо спуштање на овој многу ладен воздух од Сибир, ветерот кој го очекувам би можел да прави и проблеми, па токму поради ова граѓаните да бидат крајно внимателни, особено да бидат внимателни возачите и да не ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата, за да не дојде до штети на истите.

Овој многу ладен Сибриски бран кај нас ќе потрае најмалку три до четири денови, предмалку истакна Славчо Попоски

Next Post
Лизи повторно хит на социјалните мрежи: Каде и да се појави, ги привлекува сите погледи (ФОТО)

Лизи повторно хит на социјалните мрежи: Каде и да се појави, ги привлекува сите погледи (ФОТО)

Средба на првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, Изет Меџити, со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај – Важен чекор во зајакнувањето на односите меѓу Албанија и Северна Македонија

Препорачани Вести

Избегната поголема трагедија: Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“

11 months ago

Од здравје до стил: Galaxy Watch8 е твојата нова животна навика!

5 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.