Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски и Филипче се договорија заеднички да ја туркаат реформската агенда

by Уредник
03.04.2025
in Uncategorized

Со договор за формирање на работни групи заврши 100 минутната средба меѓу лидерите на двете најголеми партии. Првиот човек во опозицијата средбата ја оцени како добра и конструктивна коментирајќи дека Премиерот го прифатил барањето на граѓаните реформската агенда да се турка со заеднички сили.

Беше истакната потребата да се работи на заедничката иднина за граѓаните, како и да се работи на консензус меѓу различните страни за клучните прашања за државата и добробит на сите граѓани, информираше Владата во писмено соопштение по средбата.

„Неопходно е да се мобилизираат сите напредни поединци и структури кој можат да дадат придонес на патот за развој на земјата.

Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање, при што Мицкоски побара од Филипче да се потруди да биде конструктивен фактор во определбата за промени, реформи и напредок.“ – се вели во соопштението од Владата.

Филипче рече дека очекува во процесот да бидат вклучени и останатите политички лидери кои преку експерти во работните групи ќе можат да предлагаат свои решенија кои би ги забрзале реформските процеси.

Коалицијата на ДУИ уште пред да почне средбата ја оцени како погубна за Албанците.

„На јавна сцена денес ќе ни биде демонстрирана моноетничката коалиција чија основна цел е да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка, во моноетничка демократија.“ – се вели во нивното партиско соопштение.

Next Post

Повреден полицаец во Струмица

Драма на скопскиот аеродром: Уапсен голем криминалец

Препорачани Вести

Тоневски: Празнична радост од дечињата од градинката „Срничка“ во Општина Пробиштип

1 month ago
Владата со препораки: Бремените жени и постарите од 60 години да се ослободат од работа

Владата со препораки: Бремените жени и постарите од 60 години да се ослободат од работа

7 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.