Connect with us

Црна Хроника

Откако и го одзел животот, го тешел и прегрнувал нејзиниот татко, на сите начини се обидувал да ги сокрие трагите: Бил разоткриен поради еден детал

Published

on

Марк Самсон, осомничен за убиство на младата Албанка Иларија Суле во Италија, применил серија тактики со цел да го прикрие ужасното злосторство кое го извршил.

По убиството, тој прво отишол кај своите цимери и побарал информации за исчезнатата 22-годишна девојка. Тој исто така го тешел нејзиниот татко, нудејќи му утеха за злосторството кое самиот го извршил.

На сите пријатели им одговарал на пораките, тврдејќи дека се обидува да ги разбере и открие „што ѝ се случило на неговата девојка“ и дека наскоро ќе им даде новости.

Меѓутоа, тоа биле лаги со кои се обидувал да го прикрие делото и да ја одведе истрагата во погрешен правец.

По убиството на Иларија, го користел нејзиниот телефон и праќал пораки на нејзините пријатели, правејќи се дека е таа. Дури објавил и стори на Инстаграм во нејзино име, пишувајќи дека е добро и дека не е исчезната.

Во нејзино име, на цимерите им пратил порака дека „заминала на пат во Неапол“, а на родителите им пишала дека мора да „учи и дека ќе се врати следниот месец“.

Она што сите го забележале, на основа на пораките, е дека тоа не била таа која пишувала. Во меѓувреме, полицијата веќе го следела телефонскиот сигнал на Марк и го прислушкувала. На крајот, успеале да го лоцираат и телефонскиот сигнал на Иларија, а сите докази укажувале дека телефонот се наоѓал во станот на Марк. Тоа го открило.

Што точно се случило и кој е мотивот за ова свирепо убиство, сè уште не е познато. Самсон, кој бил испрашуван од јавниот обвинител, не сакал да зборува за наводните настани и се бранел со молчење.

Она што е познато до сега е дека на 25. март, Иларија, студентка од Албанија која студирала во Рим, излегла од куќата во тренерка. Не носела ништо со себе, што било знак дека планира да се врати наскоро дома. Наместо да се врати, заминала кај Марк.

Црна Хроника

[ВИДЕО] Тешка сообраќајка вчера во Скопје: Едно лице со тешки повреди

Published

on

Тешка сообраќајка вчера во Скопје: Се судриле “Мерцедес” и “Опел Тигра”, eдно лице со тешки повреди.

Вчера (08.04.2025) во 01.00 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“, во близина на крстосница со ул.„Бутелска“, во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес Ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(44) од Скопје и патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(23) од с.Горно Оризари, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.К., а со телесни повреди се здобил А.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје

Continue Reading

Црна Хроника

Тетовски полицајци лишиле од слобода двајца осомничени за поседување кокаин

Published

on

policija

На 08.04.2025 во 20.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Л.(47) и Е.И.(43), двајцата од Тетово, за тоа што кај нив бил пронајден кокаин. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Запалени пет возила во близина на Психијатриската болница во Бардовци

Published

on

pozar kola

Попладнево избил пожар на плац со стари возила позади Психијатриската болница во Бардовци. Скопската Противпожарна служба информира дека се запалени пет коли, а нема повредени ниту е зафатената болницата.

„Пожарот е изгаснат. Се интервенираше со 4 возила и 10 пожарникари. Станува збор за стари коли од кои се препродавале делови”, велат од Пожарната

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк