Connect with us

Македонија

Шаќири: Струјата од трафостаница до модуларната болница во Тетово е направенa од две неквалификувани лица од тетовската болница

Published

on

Во фаза на доказна постапка денеска во Основниот суд Тетово повеќе од пет часа траеше главната расправа во судскиот процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми како и правното лице ЈЗУ Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со пожарот во модуларната болница во која животите ги загубија 14 лица.

Пред Судот искази дадоа и беа сослушани вешти лица кои во текот на истрагата изработиле вештачења.

Прво овластениот судски вештак по електротехника Ирфан Шаќири пред Судот образложи дека по наредба на Јавно Обвинителство извршил вешт наод за можните индиции за појава на пожар во објектот на модуларната болница за првото судење и останува на фактите изнесени во тој извештај.

При поставените прашања од Обвинителството тој рече дека целокупната постапка за доведување на електрична енергија од трафостаница до модифицираниот објект наречен модуларна болница е направен од две неквалификувани лица, вработени во Клиничка болница.

– Во комуникација со нив во врска со определување на тип на проводник тие не понудија документ. Рекоа дека се направени пресметки врз основа на разговор со повозрасни електричари кои им кажале каков кабел да користат од трафостаница за да има струја во објектот, рече Шаќири.

На прашање на одбраната, дали се согласува со прашањето дека инсталацијата е изведена во спротивно од стандардите, вештото лица одговори со „да“.

Рубин Бошковски од Министерството за внатрешени работи кој изврши форензичко испитување истакна дека при вештиот наод утврдиле настанување на механичко оштетување на продолжителниот кабел поради нагмечувања или превиткување, на кој бил приклучен дефибрилатор.

– Високата температура довела до согорување на изолацијата од кабелот и создавање на пламен, посочи Бошковски.

На прашање дали при увидот биле забележани противпожарни апарати, Бошковски рече дека не биле евидентирани во самата болница.

Сведочеше и професорката Анита Грозданова од Технолошко-металуршкиот факултет која ги испитувала материјалите од кои е составена модуларната болница.

– Материјалите за изработка на префабрикуваниот контејнер ги задоволуваат барањата според спецификацијата на Министерството за здравство и истите се анализирани според процедури за соодветни својства за што гарантирам, рече професорката Анита Грозданова.

Од Технолошко-металуршкиот факултет, сведочеше и Свето Цветковски, кој ги испитувал металите кои се користени при изведба на привремените објекти познати како модуларни болници. И тој потврди дека металните материјали се според спецификацијата наложена од Министерството за здравство.

Универзитетските професори Влатко Стоилков и Владимир Димчев од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, изработиле вешт наод и мислење во писмена форма за тоа дали модуларните болница биле изградени според проектната задача согласно барањата на договорниот орган.

– Според препораките на Светска Банка во Македонија имало четири типски објекти, а во Тетово бил изграден типски објект со ознака ЦЕ (латинско C). Во просториите на овие објекти, на еден кревет имало по една приклучница за електрична енергија (штекер) за еден и еден приклучок за кислород, рече Стоилков.

За професорот Владимир Димчев немаше други прашања, а тој рече дека останува на ставовите дадени во писмениот вешт наод и мислење.

По сослушувањето на вештите лица одбраната побара да се сослушаат и вештите лица од Германија кои имаат изработен извештај. Судијата Реџеп Муса истакна дека според насоките на повисокиот Апелациски суд предлогот на одбраната се одбива.

– Постојат доволно докази за околности на настанот, посочи судијата.

Судијата ја прекина главната расправа поради истекување на работното време и ја закажа за 8 април во 9 часот и 30 минути кога се предвидува да се читаат писмените докази од одбраната. Закажани беа и уште два термини на 22 и на 28 април исто така во 9 часот и 30 минути.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Без Ромите нема успешна демократска македонска приказна

Published

on


Пријатно дружење со учениците од Шуто Оризари, од основните училишта „26 Јули“ и „Браќа Рамиз – Хамид“, со средношколците од „Шаип Јусуф“ и со студенти Роми.

Заедно го прославивме Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, бидејќи Ромите се неразделен дел од нашето државно и општествено ткиво и секогаш ќе останат.

Потребни се вистински, одважни чекори во одбраната на нивните права и подобрувањето на нивниот живот. Мора да добијат поголеми шанси на сите полиња оти во нив се крие многу енергија и креација.

Досега, ние им ја подадовме едната рака, но треба и другата, ако сакаме да бидеме подобри луѓе и да градиме општество на рамноправни граѓани. Без Ромите, нема успешна демократска македонска приказна.

Continue Reading

Македонија

Пандов: Во некои затвори повеќе од 50% од полицајците се корумпирани, што ја потхранува незаконската активност

Published

on

Директорот на Управата за спроведување санкции, Александар Пандов, смета дека проблемот со телефоните, дрогата и другите незаконски активности во затворите може да се реши, но само доколку има казна за корумпираните затворски полицајци кои, според неговите проценки, во некои затвори се над 50 отсто.

„Имаме работа со група вработени и затвореници поврзани во мрежа. Ако можеме дел по дел да ги отстраниме корумпираните во затворскиот систем, можеме да го решиме проблемот со телефоните, дрогата и другите недозволени предмети. Сè додека ги имаме и додека веруваат дека можат да се извлечат од тоа, ќе имаме телефони, лекови, нелегални предмети“, рече Пандов на денешната прес-конференција во Владата.

За споредба, тој нагласи дека во земјава за девет месеци се пронајдени околу илјада телефони, додека во Хрватска во 2023 година само 26 мобилни телефони, а во Косово 51 телефон во 2024 година.

,,Наследивме крајно корумпиран систем, но она што радува е што постои голема желба да се справиме со тој криминал“, рече Пандов.

Во однос на тоа дали би било подобро да се постават блокатори како решение за мобилните телефони, Пандов рече дека проблемот е што денес повеќето затвори се опколени со згради и доколку се постават блокатори ќе бидат блокирани и телефоните на граѓаните кои живеат или работат во овие згради.

„Во Хрватска нема заглавувачи, а во исто време нема телефони. Сите кои се долги години во затворскиот систем ме уверуваат дека нема подобра работа од рации“, рече Пандов. 

Continue Reading

Македонија

Петар Богојески избран за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Published

on

Почитувани пријатели, почитувани сограѓани, почитувана јавност,

Со особена чест и чувство на одговорност ве информирам дека ја примив Одлуката од страна на стручниот Управен одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со која на Јавен повик сум избран на позицијата директор на оваа важна национална институција. Овој предизвик го прифатив свесно и одговорно, не затоа што е лесен, туку токму поради комплексноста и сериозноста на задачите што произлегуваат од образовниот сектор, особено во рамките на европските образовни програми.

Искрено благодарам за довербата што ми е укажана од страна на членовите на Управниот одбор. Би сакал да изразам благодарност и почит и кон мојот противкандидат за конструктивното учество во јавната постапка, како и кон досегашниот директор за неговата посветеност и придонес во развојот на Агенцијата.

Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската Комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска.

Во согласност со новите професионални ангажмани, моите позиции како професор на Воената академија во Скопје и на Универзитетот за мир на Обединетите Нации ќе бидат привремено ставени во мирување, иако ќе продолжам активно да учествувам во наставниот процес и да работам со студентите.

Со задоволство ве поканувам на прес-конференцијата што ќе ја одржам наредната недела, на која ќе бидат детално презентирани приоритетите, стратегиските насоки и плановите за работа кои заедно со мојот тим ќе ги спроведеме во рамките на Националната агенција.

Со почит,
д-р Петар Богојески

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк