Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Фамилија Ѓорѓиевски од Скопје се преселиле во село – денес се пример за успех во земјоделството и инспирација на младите

by Уредник
04.04.2025
in Uncategorized

Пред десет години, Далибор и Виолета Ѓорѓиевски ја напуштиле својата државна работа во Скопје и се преселиле во родното село на Виолета, Браилово, Општина Долнени, со една цел – да создадат свое земјоделско стопанство. Одлучиле да започнат од нула, со визија за стабилна и независна иднина преку земјоделска работа.

Денес, нивниот син Ивица (25) и неговата сопруга Валерија (22) се веќе втора генерација млади земјоделци кои со гордост го продолжуваат семејниот пат.

„Моите родители беа вработени во јавниот сектор, но платите доцнеа и немаа сигурност. Затоа решивме да се вратиме на земјата, да работиме свое и да си градиме иднина со сопствени раце“, раскажува Ивица за Agrotim.mk

Фото- Агротим.мк

Тутунот – главен двигател на успехот

Поради недостиг на сопствена земја, фамилијата Ѓорѓиевски изнајмувале од 3 до 5 хектари за производство на тутун. Во последните години ја зголемиле површината за тутун и ангажираат и сезонски работници. Минатата година произвеле дури 12 тони висококвалитетен тутун, со влажност од 15%, што според Ивица е резултат на континуирани вложувања во скелиња, најлони и други репроматеријали.

„Задоволни сме од производството – се исплати. Има добра цена и субвенции, но за да се добие квалитет, мора да се вложи. Целта ни е секогаш врвен квалитет, кој треба и да биде соодветно платен“, вели Ивица за Agrotim.mk

На само 25 години, Ивица и 22-годишната Валерија целосно му се посветиле на земјоделството. За нив, животот во село нуди повеќе можности отколку работата во фабрика или заминувањето во странство.

фото – принтскрин агротим.мк

Иднината е во село

Фамилијата Ѓорѓиевски нема дилеми околу својата иднина. Селото Браилово, кое е на само 18 километри од Прилеп, им нуди сѐ што им е потребно – добра инфраструктура, вода, продавници и мирен живот.

Во новата сезона веќе имаат подготвен расад и планираат да ги зголемат обработливите површини. За да го зголемат квалитетот и рентабилноста на производството, неодамна со сопствени средства купиле нов трактор.

Со вакви млади семејства, кои со љубов, визија и труд го градат својот пат, македонското земјоделство би имало силна надеж и светла иднина.

Целата инспиративна приказна на семејството Ѓорѓиевски може да ја прочитате на Agrotim.mk.

Next Post
Трамп испрати важна порака до светот, доколку сакате да се збогатите, сега е вистинското време

Трамп испрати важна порака до светот, доколку сакате да се збогатите, сега е вистинското време

ФОТО: Ким објави три фотографии и собра милион лајкови, кога ќе ги погледнете ќе сфатите и зошто

ФОТО: Ким објави три фотографии и собра милион лајкови, кога ќе ги погледнете ќе сфатите и зошто

Препорачани Вести

Коњановски на терен: Општина Битола ќе ангажира независна лабараторија за асфалтирањето на ул.Бурса (ВИДЕО)

9 months ago
Шар Планина под висок ризик од лавини: Стручни екипи апелираат на претпазливост

Шар Планина под висок ризик од лавини: Стручни екипи апелираат на претпазливост

3 days ago

Популарни Вести

  • Објавените досиеја за Џефри Епштајн откриваат нови детали за неговата елитна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската Народна Партија во Загреб ја отвори дебатата за евентуален европски нуклеарен штит

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силна капитална основа, послаб профит: како помина 2025 година за АЛТА банка Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.