Connect with us

Црна Хроника

Повторно прегазен пешак во Скопје

Published

on

brza pomos

„На 03.04.2025 во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18:15 часот на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на крстосницата со улицата „Саса“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(28) од с.Страхојадица,скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Црна Хроника

Ја киднапирале со „Ауди“ среде ден

Published

on

Тројца жители на Струмица вчера се уапсени во село во беровско откако претходно во Делчево упаднале во куќа и грабнале жена, чијашто возраст не се соопштува, насила одведувајќи ја со автомобил, соопшти полицијата.

„На 06.04.2025 во 14:40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја зеле 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.

Continue Reading

Црна Хроника

Апсење на Аеродромот во Скопје

Published

on

aerodrom

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца белгиски државјани, кои се осомничени за соизвршителство на кривичното дело „Криумчарење“ согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, маж и жена од Антверпен, на 6 април пристигнале во Македонија со лет од Виена, избегнувајќи ја царинската контрола на Аеродромот во Скопје. Тие пренеле непријавени стоки, вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и вкупна вредност од 479.555 евра.

По поминувањето на пасошката контрола, осомничените се упатиле на зелениот канал, кој е наменет за патници без стока за пријавување. Но, при селекција од страна на царинскиот службеник, било забележано дека во нивните куфери има празни кутии за накит и други непријавени предмети. Потоа, второосомничениот признал дека патува со својата сопруга која прво преминала пасошка контрола. Откако се вратила, при дополнителниот преглед во нејзиниот ранец бил пронајден златен накит.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двата осомничени странски државјани, поради големата вредност на криумчираната стока.

Continue Reading

Црна Хроника

Млади момчиња од Крива Паланка го ограбиле и убиле соседот – го запалиле телото а остатоците ги закопале

Published

on

Расчистено убиството во кривопаланечко Луке, поднесена е кривична пријава и определен притвор на две лица.

СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,убиство’’. На 24.03.2025 во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет.

Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале. Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк