Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

10 работи од својата младост за која луѓето најмногу се каат

by Уредник
05.04.2025
in Uncategorized
10 работи од својата младост за која луѓето најмногу се каат

Во современиот свет секојдневно добиваме лоши вести. Без разлика дали се работи за финансиски проблеми, љубовни неуспеси или здравствени тешкотии, често забораваме да уживаме во моментот и не ја разбираме убавината на работите кои ги земаме здраво за готово. А еден ден, можеби ќе ни биде жал што не ги ценевме доволно.

Читателите на BuzzFeed откриле за што најмногу жалат од своите 20-ти и 30-ти години. Без разлика дали се работи за семејството или за грижата за своето тело, многумина изразиле жал што во некои ситуации не се однесувале поинаку. Внимание: ако имате над 35 години, ова може да ви биде тешко да го прочитате.

Семејство

„Предпоставував дека моето најблиско семејство ќе биде секогаш тука. За три години ги загубив мојата сакана баба и двајцата родители. А за да биде полошо, мојата сестра воопшто не сака да зборува со мене. Понекогаш се чувствувам како да сум сам на светот.“

Здравје

„Здравјето на моето семејство. Повеќето од нив се уште се живи, фала богу, но како што поминуваат годините, одлуките за доктор и престојот во болница стануваат се почеста појава.“

Убав изглед

„Имам само 34 години, но да можев да го знам тогаш дека не треба да губам време мислејќи дека сум грда кога бев тинејџерка и во раните 20-ти… Гледам свои слики и си велам, да можев да ѝ кажам колку беше убава.“

Кожа

„Ја земав својата убава, младешка кожа здраво за готово. Не можам да верувам дека се мачкав со масло и така лежев на сонце! Користете крема за сончање!“

Брчки

„Имам 36 години и се чувствувам посреќна отколку било кога, но постојано размислувам за борите и секој ден си потсетувам да го ценам своето лице и тело бидејќи ќе продолжат да стареат. (Борите не се проблем, само е тешко да се знае дека ќе престанам да бидам привлечна како жена кога ќе изгледам ‘старо’.)“

Слобода

„Денес се чувствувам толку заробено со луѓето за кои треба да се грижам. Мојот син, сите домашни миленици, сите сметки, храна за семејството…“

Забите

„Носев протеза за заби, а моите заби беа совршени. Имам страв од стоматолог, па не одев редовно, но одеднаш почнаа да се распаѓаат. Сега почнувам со скап третман за да ги поправам сите, и тоа е вистински кошмар!“

Деца

„Тогаш се забавував. Патував и навистина уживав. Постојано ме следеа помлади мажи. Бев верена неколку пати, но никогаш не стигнав до олтарот. Сега немам деца. Никогаш не се омажив. Постојано мислев дека ќе има повеќе време. Девет години имам свој вереник. Среќни сме, но би сакала да го запознаев многу порано. Би сакала да бидам мајка. Сега е премногу доцна. Ако му се случи нешто, ќе бидам сама.“

Гранични ситуации

„Жалам што трпев токсично однесување од роднини ‘затоа што се семејство’. Сакав да поставам граници и да завршам со нив многу порано. Никој не треба да трпи лошо однесување.“

Време

„Времето го земав здраво за готово. Време за патување, време за пробување нови работи. Само време. Правете луди работи додека сте млади.“

Пари

„Секогаш имав пари, но би сакала порано да започнам да заштедувам за својата пензија.“

Родители

„Жалам за времето кога родителите беа секогаш присутни во мојот живот и кога можев да се потпирам на нив дека ќе бидат тука за мене.“

Next Post
Детална временска прогноза за утре: Еве какво време ја очекува Македонија

Детална временска прогноза за утре: Еве какво време ја очекува Македонија

„ПЕКИНГ НЕ ТРЕБАШЕ ТОА ДА ГО НАПРАВИ“ Остра реакција на Трамп по контрамерките на Кина

Препорачани Вести

Путин со еден потег го доведе Трамп до лудило: Ќе започне ли она од што целиот свет стравува?

Путин со еден потег го доведе Трамп до лудило: Ќе започне ли она од што целиот свет стравува?

2 months ago

(ВИДЕО) Босански тинејџер го собори светскиот рекорд: Со глава скрши 111 бетонски блокови за 35 секунди

1 month ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.