Connect with us

Магазин

Лекарите молчеа за ова со години – Оваа секојдневна навика тајно го уништува телото после 40-та!

Published

on

Секојдневно го правиме, а не знаеме колку е штетно – експертите конечно проговорија!

Дали секое утро го почнуваш со кафе и мобилен телефон? Или после работа се опушташ со „неколку минути“ пред телевизорот што завршуваат по полноќ? Ако си над 40 години – ова би можело сериозно да ти го загрози здравјето, а еве и зошто.

1. Прекумерното седење е „тивок убиец“

Според ново истражување објавено во Journal of Health & Aging, лицата над 40 години кои седат повеќе од 6 часа дневно имаат зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и предвремено стареење на мозокот.

„Телото по 40-та почнува побавно да го преработува сè – метаболизмот успорува, циркулацијата слабее и секој час седење го зголемува ризикот од хронични болести“, вели д-р Ана С.

2. Утрото почнува погрешно

Многу луѓе го прескокнуваат појадокот и веднаш посегнуваат по кафе. Но ова, според нутриционистите, го шокира организмот – особено после 40-та. Телото има потреба од фибер, вода и лесна енергија за да го стартува денот. Кафето на празен стомак го зголемува кортизолот (стрес хормонот) и создава проблеми со дигестијата.

3. Недостаток на сон = +10 години постар изглед

„Само уште една епизода“ пред спиење завршува со само 5-6 часа сон. Телото над 40 не може да се регенерира како порано. Недостатокот на сон води до брчки, замор, анксиозност и зголемен апетит. Дури и слаб имунитет.

Што препорачуваат лекарите?

• Стани на секои 45 минути – дури и ако е само за 2 минути движење.

• Појадувај здраво: овес, јаболко, јогурт, јајце.

• Исклучи ги екраните 30 минути пред спиење – читање книга е подобро.

• Пиј 2 литри вода – телото по 40 е многу почувствително на дехидрација.

Заклучок

Не е до годините – туку до навиките. Со неколку едноставни промени, можеш да го вратиш виталитетот, концентрацијата и да се чувствуваш како 30 – дури и ако си на прагот на 50!

Не чекај да дојде симптомот – реагирај денес.

Магазин

Позната причината зошто Панчев не се појави синоќа на „Градски“

Published

on

Вчера во арената “Тодор Проески” се играше фудбалскиот натпревар помеѓу Вардар и Црвена ѕвезда, кој беше од хуманитарен карактер и посветен на трагедијата во Кочани.

Иако сите го очекуваа, нашата најголема фудбалка легенда Дарко Панчев, не присуствуваше на натпреварот во публиката, а сега позната е и причната.

Имено како што објавика повеќе медиуми најголемата легенда на Вардар и Црвена ѕвезда не се појави на синоќешниот меч затоа што братот на Дарко Панчев за жал починал.

Continue Reading

Магазин

После 50-тата година, во вашето кафе додајте го ова – го регулира шеќерот во крвта и ги штити зглобовите

Published

on

Кафето може да биде корисно – но само ако се консумира на вистински начин

Кафето е еден од најомилените утрински напитоци и неизбежен дел од секојдневната рутина за многумина. Сепак, поради присуството на кофеинот – состојка со силно дејство врз организмот – овој напиток често е тема на научни расправи.

Мислењата се поделени: додека некои тврдат дека кафето го оштетува организмот, други веруваат дека, доколку се пие умерено и на соодветен начин, може да биде многу корисно. Несомнено е дека клучот е во умереноста.

Доктор Памела Пик, авторка на бестселерот „Како да ја поправите гладта“, истакнува дека, иако со возраста (особено по 50-тата година) функциите на телото се успоруваат, со правилна исхрана можеме да го забавиме тој процес.

Таа предлага две едноставни, но ефективни додатоци: цимет во кафето и куркума во солените јадења или во облик на чај.

„Куркумата го зајакнува имунитетот и ги намалува воспалителните процеси, особено во зглобовите“, вели Пик. Овој зачин има и превентивно дејство против многу болести и е одличен за одржување на когнитивната функција.

Од друга страна, циметот е моќен антиинфламаторен и антимикробен агент.

„Циметот го регулира шеќерот во крвта, бидејќи го успорува празнењето на желудникот по оброк, што спречува нагли скокови или падови на шеќерот и ја подобрува чувствителноста на организмот на инсулин“, додава таа.

Истражувањата покажуваат дека само еден грам цимет дневно може значително да ги намали шеќерот во крвта, триглицеридите, LDL холестеролот и други непосакувани параметри кај лица со дијабетес тип 2.

Continue Reading

Магазин

Женско бебе пони се роди во ЗОО Скопје

Published

on

Зоолошката градина во Скопје соопшти дека имаат принова кај пони коњите. Родено е женско пони.

– Утрово не дочека нова радост. Женско бебе кај пони коњите. Во последните 30 денови, имаме околу 30 нови бебиња во Скопје ЗОО, стои во објавата споделена на официјалната Фејсбук страница на Зоолошката градина во Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк