Конечно се огласија од букинг-агенијата Sure Shotz Entertainment која ја основа Владимир Блажев-Панчо, преживеаниот главен вокал на дуото ДНК.
Во нивното обраќање велат дека денови и недели подоцна, сѐ уште не можат да се помират со тоа што се случи во Кочани.
„Болката и тагата се постојано присутни, а секој кажан збор е излишен за оваа трагедија која не шокираше сите до еден и го донесе најтешкиот период за нас, во овие 20 години постоење на фамилијата Sure Shotz. Нашите срца се со семејствата и најблисĸите на оние ĸои прерано не напуштија. Нема зборови ĸои би можеле да им ја олеснат болĸата, но во нашите срца и мисли стоиме поĸрај нив, ја споделуваме нивната тага и им ја испраќаме сета сила на светот“, пишува во воведниот дел на нивната објава.
„Исто таĸа, на сите повредени им посаĸуваме брзо и успешно заĸрепнување – се надеваме деĸа сеĸој нов ден ќе носи напредоĸ и сила за продолжување на борбата. Како екипа, достапни сме да направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме, иаĸо знаеме деĸа ниту еден гест, ниту една помош не може целосно да ги залечи раните што ги остави оваа трагедија. Со голема тага, сакаме да се опростиме и дадеме збор-два за нашите блиски другари и соработници, кои ни значеа премногу…
Буцо, нашето најзлатно дете, нашето братче од Sure Shotz кој постојано беше тука, со и за нас, секој четврток на Spicy или на сите патувања низ Македонија. Момчето коe никогаш не бараше ништо, а безрезервно даваше на сите, постојано насмеан и позитивен. Безброј заеднички моменти, саати и денови поминати заедно во дружба, со смеење до солзи или јадење додека не се прејадеме… Засекогаш ќе ни фалиш Буцика!
Андреј, голем човек со уште поголемо срце. Беше со нас од самите почетоци, како другар, соработник и голем фан на музика (одлепуваше на Guru/Gangstarr). Ти благодариме за секој еден другарски момент, даден совет и искрен муабет уз чашка ракија или пиво. Вечно ќе ги пуштаме и пееме твоите рефрени!
Сара, Филип, Цеа, Џоле, Игорче, Ефремов; ни беше драго што ве познававме и што имавме чест да соработуваме и да се дружиме преку тоа што не поврзуваше – ДНК како бенд и музиката како наша најголема љубов. Ќе ги паметиме сите заеднички настапи и дружби во бекстејџ… Вечна ви слава и почивајте во мир!“, продолжува нивната трогателна посвета.
За крај, тие откриваат и дека Панчо е во стабилна состојба.
„Веруваме дека ќе напредува со својата рехабилитација. Патот е долг, но ние сме со тебе стари, како до сега така и во иднина!“, велат тие.
Исчистете го просторот: 5 работи што итно треба да ги исфрлите од домот
Време е конечно да направите ред во вашиот дом и да отворите врата за нова енергија, среќа и просперитет. Според експертите за уредување на просторот и енергијата, одредени предмети ја блокираат позитивната енергија и го спречуваат напредокот. Еве што треба веднаш да изнесете од домот:
1. Облека и обувки кои не ви се допаѓаат
Гардеробата не треба само да стои – таа треба да ве претставува и да ви создава добри чувства. Парчиња кои не ви одговараат, не ги носите или ви будат негативни емоции, го блокираат протокот на позитивна енергија. Исчистете го плакарот и задржете го само она што вистински го сакате.
2. Празни тегли и шишиња
Иако често чуваме тегли и шишиња „за секој случај“, вистината е дека повеќето никогаш не ги користиме. Нивното прекумерно складирање создава енергетски застој во домот и ја попречува радоста и просперитетот. Задржете неколку – останатите рециклирајте ги.
3. Оштетени кујнски садови
Секојдневните предмети како чинии, чаши, тави и тенџериња мора да бидат цели и чисти. Дури и мали оштетувања или гребнатини носат негативна енергија во просторот. Ако забележите оштетени садови – време е да ги замените.
4. Подароци што носат лоши спомени
Доколку во домот чувате предмети поврзани со поранешни врски, пријателства кои завршиле лошо или подароци што не ви се допаѓаат, тие потсвесно ве држат во минатото. За да направите простор за нови, убави искуства – ослободете се од нив.
5. Стари свеќи
Во фeнг шуи практиките, огнот симболизира прочистување и ослободување од негативна енергија. Меѓутоа, веќе користените и полузапалени свеќи се сметаат за „енергетски отпад“ и треба да се заменат со нови. Свежите миризливи свеќи ќе донесат хармонија, смиреност и пријатна атмосфера во вашиот дом.
Контролирајте ги емоциите – особено ако самите не сте сигурни како се чувствувате кон одредени луѓе. Секој знак на слабост може да ја намали вашата предност во важни преговори. Флексибилноста ќе ве води напред. Пронајдете баланс помеѓу обврските и личните задоволства.
БИК
Токму кога мислите дека се е под ваша контрола, неочекувано нешто ќе ги помати плановите. Не избегнувајте разговори со нови лица или патувања – тие може да ве доведат до важни можности и корисни контакти. Бидете отворени за нови перспективи.
БЛИЗНАЦИ
Не очекувајте поддршка од блиските – денес побарајте ја кај луѓе што имаат директна корист од заедничка соработка. Клучот ќе биде во разбирање кој навистина може да ви помогне. Работите ќе тргнат во подобра насока штом го препознаете вистинскиот сојузник.
РАК
Изненадете ја конкуренцијата со потези кои никој не ги очекува. Ќе се истакнете со дисциплина, брза реакција и уникатен пристап. Избегнувајте да ги следите другите – одржувајте умереност и фокусирајте се на она што најдобро го знаете.
ЛАВ
Личност што површно ја познавате може да ви даде важен предлог. Во приватниот живот се можни непријатни изненадувања. Ако некој се премисли или откаже – не паничете. Пренасочете ја енергијата кон она што можете самите да го контролирате и реализирате.
ДЕВИЦА
Не бидете премногу самоуверени – особено ако вашите очекувања се поврзани со финансиска сигурност. Подгответе се за брзи промени и внимателно следете ги сите детали. Ако некој отстапи од договорот, преземете ја контролата без двоумење.
ВАГА
Ќе ве привлече личност со уметнички или необичен карактер, но бидете внимателни – можеби не е она што изгледа. Не отстапувајте од проверените планови. Фокусирајте се на сигурните нешта и избегнувајте ризични авантури.
ШКОРПИЈА
Можно е да сфатите дека сте верувале во празни ветувања. Не дозволувајте разочарувањето да ве повлече надолу. Борете се за она што го заслужувате и не прифаќајте помалку. Сами создадете ја стабилноста што ви е потребна.
СТРЕЛЕЦ
Побарајте поддршка од луѓето кои ве разбираат. Вратите се отвораат за старите добри идеи – искористете ги. Ќе имате јасен увид во нови ситуации. Во љубовта, бидете директни и кажете што ви лежи на срце.
ЈАРЕЦ
Бидете внимателни – не верувајте слепо на сè што ќе слушнете. Денес луѓето се склони кон претерување или манипулација. Ако нешто не ви делува искрено, најверојатно сте во право. Превземете иницијатива и заштитете се од потенцијални проблеми.
ВОДОЛИЈА
Денот е поволен за заработка и напредок. Не се занимавајте со туѓите желби – следете ги своите цели. Ако сте незадоволни од сегашната ситуација, кажете го тоа отворено. Покажете ја вашата визија и решителност.
РИБИ
Ќе добиете сочувство од околината, но внимавајте – не сите се искрени. Некој можеби ќе ви понуди нешто што не може да го исполни. Не губете самоконтрола – реагирајте со мудрост и покажете дека знаете што правите.
Јавното претпријатие за државни патишта изминативе седум дена започна Пилот проект со кој врши снимање на сообраќајната сигнализација на 750 км патишта во државата.
Имено, со специјалното возило ангажирано во рамките на адаптивното одржување на РАМС системот се собираат податоците за сигнализацијата кои се внесуваат со дигитални координати, а преку системот за фотограметрија точно се гео-референцираат. По завршување на снимањето податоците ќе се обработат и ќе бидат внесени во РАМС системот, кој ќе биде всушност катастар на сообраќајната сигнализација на државните патишта.
Овие податоци подоцна ќе бидат искористени за побрза споредба, замена и поправка на сигнализацијата која што е неопходна за безбедно и правилно водење на сообраќајот.
Снимањето ќе се врши и во наредните денови и доколку на нашите патишта сретнете невообичаено возило како на сликите во прилог бидете трпеливи и дајте му предност бидејќи работи во интерес на сите нас и на обезбедување на посигурни и побезбедни патишта.