Connect with us

Црна Хроника

Приведени две лица од Тетовско по напад и закани кон полицајци во Тетово

Published

on

На 3 април 2025 година, околу 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово привеле две лица на булеварот „Видоје Смилевски Бато“ во Тетово. Станува збор за С.М. (42) и М.Р. (36), двајцата од тетовското село Камењане, кои, според информациите од МВР, агресивно се однесувале кон полицајците, упатувале закани и се обиделе да ги спречат во извршување на нивните службени должности.

Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Од МВР најавуваат дека ќе продолжат со преземање мерки за заштита на службените лица и обезбедување на јавниот ред и мир.

Црна Хроника

35 годишен маж од Богданци во Штип со сила ја грабнал неговата малолетна бивша девојка

Published

on

СВР Штип информира за грабнување на малолетничка.

-На 08.04.2025 во 24.00 часот во СВР Штип, М.М.(35) од Штип пријавила дека околу 23.30 часот од ул.„Черења“ во Штип, Ф.М. од Богданци, поранешен партнер на нејзината малолетна ќерка, со употреба на сила ја внел малолетничката во возило „ауди“ и заминале во непознат правец. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Continue Reading

Црна Хроника

Цела година крадел струја, Од ЕВН велат дека се оштенети за 9 милиони денари

Published

on

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П. (50) од Скопје, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “, казниво во чл.235-а од Кривичниот законик.

Во периодот од 01.02.2024 до 17.01.2025, пријавеното правно лице се стекнало со противправна имотна корист од 9.300.955 денари на тој начин што второпријавениот, без согласност на соодветен оператор на системот, со премостување на мерната опрема, преземал електрична енергија без да ја плати.

Continue Reading

Црна Хроника

Двајца напаѓачи се обиделе да запалат казино во Скопје

Published

on

Двајца непознати напаѓачи вчера рано утрото фрлиле молотов коктел пред влезот во казино во скопската населба Чаир, соопшти МВР.

„На 08.04.2025 година во 03:31 часот во СВР Скопје, од казино на подрачјето на Чаир било пријавено дека пред влезот на казиното две лица фрлиле шише со запалива течност, а вработени од обезбедувањето го изгаснале пожарот. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк