Connect with us

Спорт

Без струја утре повеќе скопски општини, без вода корисници од улицата „Ванчо Мицков“

Published

on

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Карпош, Бутел, Аеродром и Сопиште. Без вода ќе бидат корисниците од улицата „Ванчо Мицков“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, утре од 08:30 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Кумановска“ во населбата 11-ти Октомври, а од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од населбата Момин Поток , поточно објектите во околината на зградата на МОТОЦЕНТАР. 

Од 09:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Бутелска“ – крак бр.2 и крак бр. 6, а од 09:00 до 13:30 часот, корисниците од улиците „Горно Лисиче“ и „Лисец“. 

Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Добридол, место викано Садиње, поточно после Домот за стари лица кај Панорама.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата „Ванчо Мицков“ бр. 18, од 09:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Спорт

Пјастри му ја украде пол-позицијата на Расел во последна секунда!

Published

on

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бахреин, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Австралиецот до втората пол-позиција сезонава и кариера на патеката „Сакир“ стигна со време од 1:29.841 минути, со десети и пол предност пред Џорџ Расел во Мерцедес.

Најблиску до двајцата беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, додека лидерот во генералниот пласман заостана – Ландо Норис ќе го заземе шестото место, додека бранителот на титулата Макс Верстапен ќе биде зад него, во четвртиот стартен ред.

Четвртата квалификациска сесија сезонава беше одбележана со прекин во второто полувреме, кога возачот на Хаса, Естебан Окон, го уништи својот болид откако помина преку тротоарот и удри во оградата.

Continue Reading

Спорт

Димитровски: По 7 години, ракометната репрезентација повторно игра во Битола

Published

on

Битола по седум години повторно ќе биде домаќин на натпревар на македонската ракометна репрезентација. Денес, во рамките на баражот за пласман на Европското првенство, ќе се одигра натпреварот меѓу женските селекции на Македонија и Полска.

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, беше гостин во утринската програма на МТВ каде што го најави спектаклот што следува. Тој истакна дека овој натпревар е од особено значење, не само за репрезентацијата туку и за градот, кој повторно добива шанса да биде центар на македонскиот ракомет.

„За кого? За Македонија“, порача Димитровски со голема емоција, повикувајќи ги битолчани масовно да ја поддржат репрезентацијата и да го исполнат спортскиот центар.

Continue Reading

Спорт

Тетово доби нов спортски центар – инвестиција во младите и спортот

Published

on

Во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска беа отворени новите спортски терени во рамки на ОСМУ „Никола Штејн“. Новиот спортски центар претставува значаен чекор напред во развојот на спортската инфраструктура во градот и пошироко.

Целта на проектот е јасна – да се создадат услови за спорт и рекреација на младите, како и да се поттикне здрав начин на живот и натпреварувачки дух.

Во рамките на новиот центар се изградени:

• фудбалско игралиште со вештачка трева,

• терен за одбојка со вештачка подлога,

• кошаркарско игралиште со полипропиленски под според ФИБА стандарди,

• трибина со капацитет од околу 300 седишта.

„Ова е уште еден доказ дека инвестираме со цел и визија. Продолжуваме да работиме посветено на современа и достапна спортска инфраструктура ширум целата држава,“ изјави министерот Ристовски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк