Connect with us

Економија

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ

Електричните машини за урбана хигиена на БРАКО беа изложени на големиот саем Експо Резидуос 2025 (Expo Residuos) кој се одржа во главниот град на Мексико од 25 до 27 март. Застапникот на Грин Машинс, мексиканската компанија Мегамил, и претставниците на фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија, САД,  во прв план ги понудија електричните компактни машини од моделот 400ze,  кои се управуваат рачно и овозможуваат чистење на пешачки површини, паркови, градски јадра, трговски центри, аеродроми и сл., притоа нула бучава и со нула загадување на околината. Изложен беше и моделот 636 на класичен погон, кој е многу баран на мексиканскиот пазар.

Саемот во Мексико Сити се одржува по осми пат и претставува најголем настан во земјата за вмрежување на сите субјекти во индустријата за јавно чистење и постигнување циркуларна економија во собирање, управување, уништување или рециклирање на отпад.

Инаку, Грин Машинс на БРАКО неодамна го извади на пазарот најновото, деветто возило за чистење, електричниот 720ze, за кој производителот очекува да биде многу баран поради неколку предности во својата категорија, пред се, постигнувањето значајно поголем капацитет на контејнерот, а вкупна тежина под 3,5 тони, што прави да може да биде управуван со возачка дозвола Б-категорија, во услови кога општините и комуналните претпријатија се потешко наоѓаат возачи со повисока категорија за управување на поголемите возила за чистење.

Advertisement

Економија

Свлечиште го прекина патот Новаци – Маково, сообраќајот целосно во прекин

Сериозно свлечиште се активираше на регионалниот пат Новаци – Маково, во близина на депонијата Мегленци, при што коловозот е целосно пресечен и патниот правец ставен вон употреба. На видеата што се шират на социјалните мрежи се гледа како земјиштето пропаѓа, а асфалтот е сериозно оштетен и делумно исчезнат под свлечиштето.

Според првичните информации, во моментот на активирање на свлечиштето на патот немало возила, со што е избегната можноста за човечки жртви и повредени.

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, предупреди дека станува збор за сериозна закана по безбедноста на овој регионален пат. Тој информираше дека веднаш биле ангажирани екипи на РЕК Битола и на Јавното претпријатие за одржување на патишта, кои работат на итна санација и стабилизација на теренот.

Случајот повторно ја актуелизира загриженоста за состојбата на земјиштето и патната инфраструктура во Пелагонија. Пред околу три недели беше регистрирано активно свлечиште и во атарот на Липково, каде што се појави голема пукнатина во земјата што претставуваше закана за локалното население, по што жителите побараа итна интервенција од надлежните институции.

Надлежните служби најавија дека дополнителни информации за состојбата на патот Новаци – Маково и за понатамошните мерки ќе следуваат по целосната проценка на ризикот и стабилноста на теренот. До тогаш, граѓаните се повикуваат да го избегнуваат овој патен правец и да користат алтернативни рути.

Continue Reading

Економија

„Реплек АД Скопје освои „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво

replek

Скопје вечерва блесна под светлата на свечената церемонија на Македонската берза, каде беа доделени Годишните награди за 2025 година, признавајќи ги најуспешните компании и учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Во категоријата за најголем промет на акции, Комерцијална банка ја освои врвната позиција, додека Макпетрол АД Скопје се искачи како акција со најголем пораст на цена во текот на годината. Стопанска банка АД Скопје пак, ја однесе наградата за најголем раст на промет.

Евидентни се и успесите на овластените учесници на пазарот: Еурохаус АД Скопје ја освои бронзената награда, Илирика Инвестментс АД Скопје се закити со сребрена, додека Комерцијална банка АД Скопје го однесе златото.

Bloomberg Adria ја понесе наградата за значаен придонес во едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност, додека „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво годинава по избор на пазарните учесници беше доделено на Комерцијална банка АД Скопје, а по избор на медиумите наградата ја доби Реплек АД Скопје.

Комерцијална банка го однесе и најголемото признание – „Акција на годината“, потврдувајќи ја својата доминација на берзата. Специјални признанија за добри ESG практики добија А1 Македонија ДООЕЛ, Алкалоид АД Скопје, Атлантиц ГРАНД Скопје ДОО, НЛБ Банка АД Скопје и ТИТАН Усје АД Скопје.

Претседателот на Македонската берза, Иван Штериев, оцени дека 2025-та била период на стабилизирање по рекордната 2024 година, истовремено подготвувајќи го пазарот за големите интеграциски чекори кои доаѓаат во 2026 година. „Глобалните берзи продолжуваат со позитивен тренд и покрај турбуленциите, а македонскиот пазар бележи благо смирување, но останува во добра кондиција. Перформансите и дивидендите на најликвидните компании, особено банките, ја одржуваат својата позитивна траекторија и тоа ќе има свој импакт и наредната година“, истакна Штериев, додавајќи дека интеграцијата со европските стандарди е неизбежна и ќе отвори нови можности за македонските компании.

Годишните награди на Македонската берза се доделуваат од 2021 година и се признание за успехот на котираните компании, членовите на Берзата и сите учесници поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

Continue Reading

Економија

Шведскиот мебелски гигант ја затвори вратата: ИКЕА засега не доаѓа на македонскиот пазар

Интер ИКЕА Груп, глобалниот франшизер на брендот ИКЕА, соопшти дека во моментов не постојат конкретни планови за отворање продавници во Македонија, со што ги демантираше информациите што неодамна се појавија во дел од домашните медиуми за можен влез на компанијата на пазарот.

Од групацијата нагласуваат дека постојано ги анализираат можностите за проширување на ИКЕА концептот, како на постојните така и на нови пазари, со цел да бидат поблиску до што поголем број потрошувачи. Сепак, како што наведуваат, до овој момент не е донесена одлука за инвестирање и отворање продажни капацитети во Северна Македонија.

„Интер ИКЕА Груп континуирано ги разгледува можностите за раст, но заклучно со денес нема планови за отворање ИКЕА во Северна Македонија“, соопшти компанијата во официјална изјава.

Во регионот, ИКЕА веќе има воспоставена мрежа на продавници и е присутна во Хрватска, Словенија, Србија, Романија, Бугарија и Грција, што на македонските потрошувачи им овозможува пристап до брендот преку соседните пазари.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг