Connect with us

Македонија

Попоски: Започна продор на ладен воздух, до вечер снежен циклон ја зафаќа Македонија на повеќе места

Published

on

Започна продорот на многу ладен воздух директно од Сибир во нашата Република Македонија. Токму ова веќе условува формирање на секундарен снежен циклон и нагло и значително опаѓање на температурите, дури и за 10 до 15 степени пониски температури ќе имаме до вечерва во однос на оние кои ги имавме до вчера (сабота 5 април).

Во следните часови од север врнежите ќе се прошират насекаде во Македонија и повремено ќе бидат обилни и од снег најпрвин на повисоките населени места, планините  и секако на Скијачките центри. Во текот на доцните попладневни часови од денешниот ден (недела 6 април) и вечерва врнежи од снег ќе има и во повеќето пониски места (градови).

Сето ова ќе биде проследено и со повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 cм, а во овие делови снежната покривка понекаде ќе биде  и со висина близу, па дури и над 30 cм снег. Во градовите пак, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, понекаде таа ќе биде  и малку повисока.

Во останатите делови од Македонија снежната покривка ќе биде делумна  и многу мала, а во Повардарието и во југоисточните предели таа речиси и нема да ја има.

Што се однесува до Скопскиот регион, со овој ладен воздух од Сибир врнежи од снег ќе има особено на околните планини а потоа и во повисоките предели од котлината. Не се исклучува можноста слабо провејување на снег да има и во делови од пониските предели од котлината. И во Скопје  и околината повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината со брзина од над 60 км/час).

– Ги советувам возачите, доколку патуваат низ планинските превои да бидат крајно внимателни, поради очекуваните обилни снежни врнежи и појавата на голомразица поради ниските температури на воздухот. Исто така, поради силниот северен ветер можна е појава  и на снежни наноси, вели Славчо Попоски.

Македонија

ЕДНО ЛИЦЕ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ДВЕ ЛИЦА ОД ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР: Обвинителство за останатите бара продолжување на мерките

Published

on

Двајца вработени во Државниот пазарен инспекторат и едно лице вработено како обезбедување на дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе добијат мерка куќен притвор наместо досегашната мерка притвот. 

Ова го предлага Основното јавно обвинителство Кочани од каде појаснуваат дека во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани доставени се предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. 

Притоа укажуваат дека за три лица од оние кои досега се притворени се менуваат мерките.

– Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката – се напоменува во соопштението на Обвинителството. 

Од таму укажуваат дека поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши не е меѓу лицата за кои се менува мерката притвор во куќен притвор. Без да објавуваат имиња, од ОЈО посочуваат само дека едниот од двете лица од ДПИ за кои се предлага промена на мерката е поранешен директор, а другиот не е. 

Од ДПИ беа уапсени тројца инспектори и двајца поранешни директори, за кои од упсените се однесува промената на мерката се уште не се открива. 

Од таму додаваат дека продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.

Continue Reading

Македонија

ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР Температурата ќе се искачи до 20 степени

Published

on

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец со над 70 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени.

Во Скопје, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 18 степени.

 Следува период на променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Кучи: Со првиот авион се враќам во Скопје, верувам во правдата

Published

on

Амбасадорот во Норвешка , Дритон Кучи се огласи по информациите дека е еден од осомничените за трагедијата во Кочани и дека во текот на денот се приведени децетина поранешни министри и директори.

„Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба.

Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки.

Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам.

Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред.

Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата!“, објави на ФБ поранешниот министер за економија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк